Showing posts with label red. Show all posts
Showing posts with label red. Show all posts

Еднаш пред многу години кога уште бев во основно училиште учествував на некој конкурс за идејно решение за борба против сидата. Нацртав нешто и го дополнив со позитивни зборови за заштита на одбележаните. Зедов награда и од тогаш сум Црвен. Секоја година ја носам металната црвена панделка и зборувам дека треба да се посвети поголемо внимание на инфицираните. Пред неколку дена Македонија излезе со извештај дека оваа година има пријавено пет нови случаеви на луѓе кои ја собрале оваа епидемична болест од некаде. Кажаа дека сите се мажи и дека со хомосексуален однос ја закачиле оваа болест. Мене ми беше апсурно повторно вест што застрашува да таргетира одредена група на луѓе и да ги омаловажува. Во нашава држава секогаш треба некој да биде покажен со прст, иако сите добро знаеме дека најлесен начин да се инфицираш е да имаш незаштитен секс. Колку и да е банална оваа тема со кондомите, јас мислам дека треба и хетеросексуално настроените луѓе да знаат дека ова не е болест која може да ја фатат само педерите туку и оние што јадат супа или пијат густи сок.

Додека овде годишно се заразуваат со вирусот пет хомосексуално настроени или три, во Америка (fucking USA) секоја 9½ минута некој нов се заразува. која статистика - да ти свирне главата ако помислиш да одиш таму. Секој од нас потсвесно може да делува на околината во која живее и секој од нас може да биде лидер во освестувањето на луѓето кои уште не знаат како да се заштитат од овој смртоносен вирус.

Како индивидуа:
  • треба да знаеме дали сме/или не сме инфицирани од вирусот;
  • ако сме инфицирани, треба да примаме медицинска терапија и да ги заштитиме другите од инфицирање;
  • треба да се заштитиме самите себе и другите од ХИВ;
  • треба да се едуцираме за ХИВ;
Не би сакал да ги пишувам фактите овде, затоа што ова е мое место за пишува и фактите како такви само загрижуваат. Аспектот кој мене остсекогаш ми одземал внимание е самата свесност како таква кај луѓето. Колку се отворени во односите со луѓето кои се инфецирани, колку се трудат да си ги срушат сопствените бариери, комплекси и фрустрации со се' она што не е блиску до нивните манири и начини на живеење. Ние луѓето знаеме да игнорираме и без да сме свесни за тоа и без да сакаме да сме игнорантни. Не верувам дека има некој кој самиот себе би си кажал дека е игноратор и дискриминатор, а во одредени ситуации се однесува така. Јас лично до сега немам запознаено лице иинфицирано со овој вирус и не би знаел како би се однесувал со него доколку се запознаам. Но живеам со став за себе дека не сум одбивен кон табу темите. Уште од рано утро денес почнав да твитам за поддршка на оваа кампања која од година на година станува се поголема. Неколку од твитовите:
  • STOP AIDS, thank you! I don't care how, I'm not scientist!
  • 28 years 28 millions died - stop AIDS! somehow..

#WorldAidsDays оваа година се одржува по 21 пат. Луѓето во светот на најразличен начин се борат против ширење на оваа епидемија. Донираат сретства на отворени сметки за заштита на деца заболени од вирусот, одржуваат и посетуваат најразлични хуманитарни настани, го шират зборот за подигање на свеста на луѓето, пишуваат текстови, читаат како се чувствуваат луѓето кои живеат со овој вирус, гледаат видеа за превенција од оваа лудорија, волонтираат во организации кои имплементираат едукативни програми.

Како што United Nations Secretary General Ban Ki-moon кажа:

“On World AIDS Day this year, our challenge is clear: we must continue doing what works, but we must also do more, on an urgent basis, to uphold our commitment to reach universal access to HIV prevention, treatment, care and support by 2010”


Не би сакал повеќе да пишувам, и така важноста на овој ден не е само во пишувањето - туку во заштитата, едукацијата и ширењето, не на болеста туку на информациите за заштита од неа. Изгледав едно 200 видео, за да најдам некое кое сакам да го постирам овде - има добри реклами направени од MTV, еден куп приказни на луѓе кои живеат со болеста, реклами на различни организации кои се борат, јас го избрав ова затоа што навистина најзагрозени од оваа болест за мене се децата. да ги заштитиме нив е најважно, во нив е Иднината - јас не сакам да живеам во иднина со сида, во која секој ден 1000 дечиња умираат. Да се бориме против сидата не само на 1 Декември, туку секој ден!
Ги поздравувам сите тие што се вклучија во денешниве кампањи.







Денес кампањaта е многу силна и во неа се вклучија многу влијателните google, Nike, facebook, twitter...
станете и вие дел од поддршката на оваа кампања на:
-facebook -HELP US TURN FACEBOOK (RED) FOR WORLD AIDS DAY
-twitter - HELP US TURN TWITTER (RED) FOR WORLD AIDS DAY
-joinRed - join RED [dot] com

промотивното видео од овогодинешнава кампања




Bookmark and Share


edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...