.
Се збореше наголемо за отварањето на Помпиду, за инаугурацијата, за ноќта на музеите. Собрани група уметници на младинската размена Power of Art дискутиравме за модерната уметност воопшто, за нашите дела, за делата на тие кои не инспирираат. Зборевме многу за Помпиду, за уметниците кои се внатре, за нивниот порив, за нивната мотивација да творат.
.

photo by: Lydia Barone - Daily

Имавме покана да бидеме дел од перформансот припремен како идеја од шпанската артистка Maider Lopez. Во нејзиниот перформанс требаше да учествуваат сите посетители на музејот таа ноќ. Еден од учесниците на нашиот проект беше лидер на група од околу 200 луѓе и секој од нас требаше да добие бел чадор на кој има монтирано ноќна ламба. Со чадорите во рака ги следевме упатствата на лидерите, сијаличките светаа нагоре, а ние се движевме по некоја линија околу Музејот, па, застанувавме. Се доближувавме поблиску до Помпиду, па пак застанувавме. Се снимаа видеа, од сите страни се фотографираше, целиот момент имаше посебна енергија.

Maider Lopez како уметник многу често си игра со промени на релјефите, пејзажите, објектите. Во нејзините варијации вклучува и луѓе со што нејзините дела се интерактивни и подинамични. Публиката е активен учесник во нејзините перформанси. Како идеален почеток на нејзиниот перформанс ја избра квечерината кога целиот музеј беше осветлен.

Овој проект наречен “Eclats” го раздвижи центарот Помпиду, толпата од луѓе која се движеше околу и користеше едноставен објект: бел чадор осветлен одвнатре. Структурата/ формата на чадорот асоцира на архитектурата на Музејот така секој од учесниците симболично беше минијатура од Музејот Помпиду, а како цело сите чадори креираа архитектура слична на таа на Shigeru Ban.
Како илјадници атоми да кружат околу Помпиду, илјадници минијатурни копии на неговата поетска и грандиозна архитектура, учесниците направија нешто неверојатно: метафора за нешто отворено, за нешто што живее, нешто дефинирано од публиката.

Eclats беше извонреден перформанс, луѓето под чадорите беа едно со музејот, се креираа нови начини на движење, различен начин на разбирање со оние со кои се разминуваш, насмевки под светилките.. Од небото изгледавме како мравки околу нивната куќа, движејќи се поблиску до вратата. Како порака во ветрот: одете, одете..поблиску до домот, потоа направете пауза, па пак одете. Во ноќта како новородени ѕвезди го осветливме Помпиду. Мило ми е дека бев дел од еден ваков огромен перформанс.


Ти благодарам Julie Przedmojski за поканата да учествуваме во овој перформанс како и за чадорите за сите учесници од нашиот проект, затоа што знам дека поесетеноста беше двојна и немаше да стигнеме до чадори ако не фигурираме на некоја од листите водени од самата артистка. :)



Eclats - Projet participatif de l'artiste Maider López





Like part of the youth exchange Power of Art we were invited to participate in the big performs that the Spanish performer Maider López was planning to do for the inauguration of the Pompidou Museum on the night of the Museums.

She is playing with the transformation of the landscapes and the buildings and try to put the audience in active participation in her works.
Involving people in her works makes her works very interactive and dynamic. The dusk is perfect time for her project when all Museum is lit.

...

...English version of the article HERE! (my blog about my stay in France)








More about the artist Maider López




Bookmark and Share


edit post
.
Ги отварам очите утрово полека од светлината која поминува низ ролетните во мојата соба. Станувам како и секогаш на десна нога, го отварам прозорецот и вдишувам. Пролетта веќе си мириса убаво и се слушаат инсектите што брмчат.
Помислив дека немам сеуште видено пеперутка..
Со ширум отворен прозорец, Nag Champa инсенс и утринска медитација го пречекав сонцето да дојде nа мојата страна од зградата. Дрвјата пред мојот прозор се веќе зелени и една чавка/ гавран има принова. Им оставам секој ден храна и веќе мајката се научи кога да доаѓа да ја зема.

Windows XP is opening…во комјутерот на desktop само Mozilla. Ја кликам и од таму со брзината на светлината или троа побавно во Google. Не можам да прочитам ништо на сликичката. Гледам само како зеленее, погледнувам поубаво, неколку гранки, птици што не ги слушаш како свират, но поради отворениот прозорец се комбинираат со звуците од овие моиве надвор.

Пред неколку дена пуштив твит: It will be Earth day soon..what will you do? или нешто слично и нормално беше да си го поставам прашањето мене лично.
Како прво ќе истражувам малку што, како, каде, кога..па потоа ќе напишам нешто си реков.
Читањето од сабајле со првото кафе ми дојде одлично, сакам да читам работи кои ме интересираат, да научам нешто ново за работи за кои се грижам. И така си читав, читав, читав за мајката/ планетата Земја цел ден и на крај си легнав.

Втора верзија:

Најдов неколку основни информации кои и претходно ги знаев, но не ми беше доволно за да го задоволам моето постоење во оваа планета. Решив да излезам надвор.
Надвор сонцето светеше многу повеќе и даваше енергија за било каква акција. Прашав неколку луѓе дали би сакале да направиме нешто да го одбележиме овој ден, но некако ми беа мрзеливи. Нацртав sticker и го залепив на влезната врата од зградава и отидов по пластични шишиња.
Штом пролетта започнала, може да започне и полевањето на дрвјата кои ги имаме околу зградава. И така на неколку пати, со неколку шишиња ги поминав сите дрвја. Се осеќав позадоволен на дело освен со информациите кои ги прочитав, но секако нема овде да ги пишувам/ препишувам затоа што не е тоа моментот.
Шишињата (оние пластичните) беа во неселктираното ѓубре. Откако ги искористив ги ставив во кантата за пластика. Некои луѓе не обрнуваат внимание на вакви детаљи иако државата веќе им имплементирала начин на живеење во кој ќе можат селективно да го отстрануваат ѓубрево што го прават.
Пример во Струмица еден период имаше неколку еко-лош(к)и острови кои за кратко време се претворија во централни депонии заградени со ограда (зелена). По некое време внатре беше турли тава..од глувчето што се фатило на факот до ручекот кој не го бива ниту за помија (храна) за свињите.

...

Мајката Земја секојдневно праќа сигнали со кои ни кажува немојте вака со мене, користите погрешни методи за правење пари. И има право, но кој да ја слушне во ова демократско(?!?) капиталистичко време. И така дојдоа климатските промени, промените во секторот за енергија, неефикасноста од континуирано уништување на животната средина, озонската дупка, намалениот биолошки диверзитет, загадените води,…

Но, добрината на некои поединци не може да се занемари. Јас сум еден од многуте кој верува дека позитивните промени допрва доаѓаат. Се наоѓаат нови решенија за климатскте промени, се отвараат еко работни места, темата за заштита на планетата Земја е се’ поактуелна, добивањето на енергија е посуфистицирано и да, младите кои стануваат активни граѓани во ова општество имаат поразвиено чувство за заштита на средината во која живеат.

После 40 години од прогласување на денешниот ден (22 Април) за ден на планетата Земја, луѓето по масовно се здружуваат. Организираат трибини, дебати, конференции, еколошки акции, бараат донатори кои сакаат да инвестираат во нови начини и техники на производство и се поотврени во посочувањето виновници кон оние кои сеуште живеат неразбудени, без грам свест за овие глобални теми.
И уметноста како еден од главните механизми за промена на глобалното размислување ја има истата цел. Се повеќе уметници креираат дела со употреба на рециклирани и органски материјали, дела кои гордо стојат во музеите и галериите и имаат дури поголема вредност од некои класични дела.

Да пишуваш и да читаш нешто за одредена тема е интересен предизвик, но на предизвикот ќе му дадам нова форма со тоа што овде ќе завршам и ќе продолжам со денешната мисија .. вербална комуникација со сонливи на кои им треба изворска чиста вода за да им се отворат очите и планински чај за да им се избистри умот.

Ако сакаш уште да читаш (бар денес ако не секој ден), гуглај, денес Google ја поддржува планетата, посети ја главната страна, види колку милиони луѓе денес направиле нешто посебно за да се намали притисокот врз Gaia, следи ги акциите на twitter, или за прв пат селектирај го сопственото ѓубре (хартија, стакло, пластика) исчисти ја својата улица и најблиското место опкружено со природа.


Верувам дека не спиеш!




Bookmark and Share


edit post
.
Вака Aсоцијацијата Атопос ја дава информацијата за event-от кој ќе го реализира од 17-26 Април во градот Анкона.

Слободен превод на информацијата од англиски:

“Тие доаѓаат од Албанија, БиХ, Македонија, Романија и Србија. Пет гости уметници за Balkans in Ankon, NEWBALKANIK (нов Балкански) хепенинг на ‘atopia’ – да се биде странец меѓу странци. Во периодот 17-26 Април Анкона, регионот Marche и Италија ќе осознаат дека Балканските земји се блиску до нив дури поблиско и од Рим! Blerta Kambo, Drazen Grujic, Mитко Гогов, Laurentiu Stoica и Milica Milosevic, сите под 29 години ќе бидат гости на асоцијацијата Атопос која во овој проект соработува со: Галерија 400mq, Арт институтот Mannucci, Секторот за култура на општина Анкона, театар Un ponte tra Culture и дизајн центарот Poliarte. Отварањето на групната изложба на 5те уметници ќе го одбележи почетокот на една креативната недела во која ќе се стремиме да дадеме нова идеја за Балканот, за проблемите при патувањето дури и меѓу соседите. Идејата на оваа изложба е да покаже како темата ‘странски’ влијае на локалната заедница и на артистите. Уметниците гости од Балканот ќе го анимираат населението со перформанси, семинари и workshop-ови со цел да го покажат креативното лице на интеграцијата. Акцентирано ќе биде прашањето:

  • Што е Атопос?
Таен урбан блиц што се шири полека кон центарот на градот...

На 18 Април ќе се случи вмрежување преку читање на модерна Балканска литература на оригиналните јазици на уметниците (crossreading). Секој од уметниците заедно со публиката ќе прочитаат делови од литературата од своите култури и ќе им помогнат на локалните италјани да слушнат како звучат овие јазици. Уметност во напуштени или секојдневни локации, фотографии и репортажи од неверојатни странци кои направиле нашите градови да изгледаат по космополитски, works in progress, видеа и online документација која ќе ја презентира основната задача на Атопос: The home were we are guest! "

Постерот за настанот изработен од Luca b Forlani беше пропратен со оваа информација. Ваква и слични на неа деновиве ќе бидат раширени низ весниците и интернет страниците за уметност низ Балканот и Италија.

Во програмата учеството го потврдувам со проекцијата на документаренит филм 2be1 like Sun снимен за време на реализацијата на проект за инеграција на Турски и Ромски деца, на кој работев со Младинскиот центар “AиР” заедно со тројца Американски студенти. На снимањето, монтажата и едитирањето на видео материјалите соработував со неколку луѓе.
Филмот беше дел од Балканскиот Младински Фестивал (BYF) во Бугарија и таму доби оригинален soundtrack компониран и отсвиран од десетина музичари од Балканот и Европа меѓу кои членово на бендовите Gabana (Bug), Drugo Rodjenje (Ser), Asylum Bedlam (Cro), Каrandila Junior (Bug), drummer од Норвешка како и неколку музичари од Културно Уметничкиот Ансамбл Велика Плана, Србија.

Заедно со филмот ќе биде повторен перфомансот кој тогаш го работев со децата, овој пат во перформансот ќе имаат можност да учествуваат младите од Анкона. За време на перформансот ќе бидат создадени 10 платна кои после тоа ќе бидат изложени и ќе ја претстават моменталната мешавина на нивните чувства. Преку симулација на сонце, учесниците ќе можат да создадат зраци кои дополнително ја засилуваат неговата светлина.
Овие две активности – проекцијата и перформансот ќе бидат истовремено снимени и додадени на филмот, со цел филмот да добие едно нова димензија во која Сонцето е метафора за позитивно разбирање на разликите.

2be1 like Sun на Галеријата го претставив како:

(2be1 like Sun)… is a project that is still growing. It start with idea for little creative workshop in Strumica, in which young Roma and Turkish kids and youngsters can express their art talents. Then it continues with putting IN the program more activities. On the end of to do list for this projects was documenting all the moments during the event. The concept is all to be ONE with the Sun in the moment when they enter in the Sun and start giving part of their creative warm energy. It’s interactive performance including photography, paintings from the youngsters who want to participate, games, simulation of the Sun etc. The movie was part of BYF (Balkan Youth Festival, Bulgaria) and there he gets his original soundtrack recorded/played by young musicians from all over Europe. The idea of this multimedia performance is new stuff to be putted in the movie every time when the Sun is open for new presentation.

Hope this Sun will shine in Ancona and makes Us feel ONE like Sun!

информации за галеријата може да најдете на Gallery Quattrocento Metriquadri, како и инфо за настанот на блоговите 1, 2, 3 и 4 на организаторот Fran Atopos Conte.
Досега излегоа неколку информации за настанот на неколку интернет страници за култура и уметност. повеќето (сите) се неразбирливи за мене поради моето (не)познавање на Италјанскиот јазик.. IL CASSETTO, UnDo.Net, exibart.com, celeste.network, CoHabitat, Yeah!TheArtFactory итн.



Bookmark and Share


edit post
.
Видов информација на интерет за новиот музеј кој ќе се отвара наскоро во градот во кој живеам. Станува збор за Музејот за Модерна и Современа Уметност Помпиду.

Информацијата оди вака:

“Центарот „Помпиду“ во францускиот град Мец, настанат според замислата на јапонскиот архитект Шигеру Бан во соработка со парижанецот Жан де Гастине, е хексагонална градба, која се простира на површина од 10.660 квадратни метри

Над неа се надвиснува брановидна покривна структура, чија кула е висока дури 77 метри. На 5.000 квадратни метри ќе се простираат изложбените простори, распоредени во галерии, тераси и парк.

Како и во оној парискиот, во центарот „Помпиду“ во Мец акцент ќе биде ставен на претставувањето на современите уметници на 20 и 21 век, а проектот е поведен за децентрализација на оваа уметничка институција.

Свеченото отворање е најавено за 1 мај, а првата изложба, според многумина, еден од најубавите музеи на светот, ќе биде посветена на ремек-делата на уметници од минатиот век.”

Нова Македонија


Во наредниов период еден од проектите на кои ќе работам, а се однесува на полето култура и уметност е во просториите на овој музеј. Среќен сум што ќе бидам дел од проект кој ќе се случува и ќе биде презентиран токму во овој познат Музеј.
За него во последно време премногу се зборува. Најмногу затоа што отварањето на овој Музеј доцни едно три години затоа што комбинирањето на повеќето видови стакло, плексиглас, дрво и други материјали одзело повеќе време одошто им било планирано на проектните изведувачи.. Но, секако тоа е дел и од маркетиншкиот трик на Музејот со кој во текот на изминативе години, уште неотворен овој Музеј стигна на нивото на неговиот претходник, истоимениот во Париз. За оној во Париз се смета дека е најпосетуваниот Музеј за современа и концептуална уметност во светот или Европа, а овој одгранок само ја надополнува славата на Паришкиот. Градот Мец очекува разбранување во полето на туризмот со отварањето на овој значаен за Франција објект. Се очекуваат многу туристи од блиските држави како Германија, Швајцариjа, Белгија и Луксембург.

Како дел од овој музеј се спомнуваат неколку прекрасни, огромни, осветлени, со високи тавани галериски простории, простории за времени инсталации, изложби и перфоманси, неколку кафе барови, книжари и простории за одржување на најразлични презентации, саеми и работилници од областа на уметноста. Трајни постановки од едни од најпознатите иноватори во современата уметност за кои ќе зборувам и јас после отварањето. Оригиналноста на овој објект е препознатлива како од надвор по својот уникатен изглед и покрив, така и внатре во прецизната структурираност на просториите и нивната намена. Како простор за релаксирање имаат вградено две градини и тераса.



...повеќе инфо за овој сеуште неотворен Музеј можете да најдете овде, или пак нешто повеќе за архитектите Shigeru Ban од Jапонија и Jean de Gastines од Франција. Доколку сакате можете да ги следите и на twitter.



Bookmark and Share


edit post
"Повеќе од супстанца, пластиката е самата идеја на нејзината бескрајна трансформација."
Р. Барт.


Како да се комбинираат практичност, естетика, рециклирање и оригиналност?


Val de Saâne е мало мирно гратче во близина на Le Havre, Франција. Како дел од младинската размена на тема “It’s good to be eco citizen” организирана од младинската организација It’s good to be Together, подгранок на асоцијацијата за млади – Together, посетивме школа за современа уметност, во која преку неформален начин младите можат да се вклучат во работилници од типот Plastic art или изработка на дела од пластика или други рециклирани материјали.

Младите овде имаат за цел да конструираат/ дизајнираат објекти со комбинирање на елементи од Африканската уметност со новите форми и правци на современата уметност. Пластика, скршени садови, делови од стари автомобили, парчиња секакви видови на хартија и картон, остатоци од ѓубрето на плажата, стари партали, часовници се само дел од материјалите кои тие ги користат за изработка на нивните дела. Сите овие материјали се вредни во очите на креативните луѓе, генијот на рециклирање ги зачувува сокршените и уништени форми и од нив прави нови, со ново достоинство.



Група на мотивирани млади дизајнира реални објекти со кои го одзема вниманието на другите и ги тера да размислуваат. Општо земено, идеја, скица, белешка, желба изразена преку друг начин е мотивот преку кој тие доаѓаат до нивниот избор и форма. На овој начин младите се инспирирани да поправаат, сечат, спојуваат и комбинираат пластични шишиња, туби, буриња и сл. да ги надградуваат формите и да им даваат својство на предмети за секојдневна употреба.

Основачот на ова школо се обидува да ја имплементира дефиницијата за “arte povera”, уметничко движење во кое се создава “сиромашна уметност” во однос на материјалите кои се користат при создавањето. Креации/ дела кои се рециклирани и на пола готови, движење започнато од Marcel Duchamp.
Со мобилност, пренасочување на употребата на елементите, поправка и редизајн дизајнерите од ова движење размислуваат како во ерата на конзумеризам да се создаде помалку отпад.

Преку овој креативен процес на создавање на пластична vs. рециклирана уметност, на младите им се дава можност од апстратното да се создаде фигуративна форма. Да се подобри sense-от на младите со помош на комбинација на сите овие техники базирани на рециклирање, како и нивниот однос кон африканската уметност, уметноста на значајни уметниви како Пикасо и Миро. Со оваа школа всушност на младите им е дадена можноста да бидат дел од реалниот процес на создавање на современи уметнички дела.



Оваа школа наречена Espace Socioculturel Michel Benet досега има направено многу изложби и работилници. Во моментов во тек се работилниците за изработка на џембиња, диџиридуа, балафони, ...како и работилниците за изработка на пластички играчки за помладите, каде се изработуваат различни пиштоли, пушки, оклопници, шлемови, мечови кои потсетуваат на оние од научно фантастичните анимирани филмови, игри и филмови.
Редовно со изработените предмети/ дела се организираат изложби и презентации кои најчесто имаат хуманитарен карактер и сретствата се наменети за донација на хуманитарни здруженија, асоцијации и организации.

Инфо:
Espace Socioculturel Michel Benet
Place Daniel Boucour

Blog: http://jeunes2vds.skyrock.com
Mail: espace.vds@wanadoo.fr



Bookmark and Share


edit post
.
Знам дека помина некое време од официјалниот ден кога сите штедат електрична енергија и други ресурси, неколку секунди, минути или часови, или само спомнуваат дека некаде во светот сега се исклучени светлата во чест на овој event
За мене овој настан - #earthhour е важен затоа што мене лично ми помогна да станам свесен за некои клучни глобални проблеми со кои се соочува нашата земја..mother Earth (Gaia).

Кај мене беше респектиран целиот ден (27 Март) уште од сабајлето решив да не се занимавам со работи кои трошат енергија..дури и кога си ги миев забите ја затворив чешмата или славината (тоа е голем успех). Излегов на прошетка со цел да не слушам музика и речиси целиот ден го поминав надвор, со што дејствително не сум потрошил ништо (лично).
Компјутерот покасно го користев само додека имаше батерија, без музика, без премногу отворени програми, а за дополнителна светлина решив да искористам една свеќа која некои две години ја носев со мене во ранец.

И, ова не го пишувам затоа што го правев само еден ден, демек yes и јас бев дел од оваа глобална иницијатива на сВесните, се трудам да не заборавам на важните референци за штедење и штитење на планетата секојдевно.
Тек прва ќе посветуваме повеќе внимание на детаљите кои сме ги пропуштиле во текот на овие векови од "прогресот" на човечкиот ум. Убаво е да се живее во капитализам со индустриски објекти all over и со луѓе програмирани да го притиснат секое утро зеленото копче за оџакот кој носи пари за семејството, убаво е да се има светло кое е секогаш подготвено да правиш маратон во сопствената куќа, трчајќи од соба во соба без да застануваш на checking (вклучи-исклучи), ма може и адаптерот постојаното да ти стои во струја и кога не полниш ништо, телевизорот нека ти шушти ноќе додека спиеш, не ја заборавај и ноќната ламба која те чува од демоните кои ноќе доаѓаат само во твојата соба, што е важно дали излегуваш од дома на еден час или неколку денови компјутерот ти е најдобар и може да работи без проблем цело време, ќе те чека така како што ќе го оставиш.

И така во недоглед уште стотина примери како не научило општеството во кое живееме, она прогресивното кое секој ден е се поразвиено (?!?).
[индивидуално]- убаво Ова општеството и сите тие update-и на умот, но нека овие благодети ги имаат и моите futuristic деца, внуци и паравнуци, мене не ми треба светлото во купатилото кога не сум таму, да комјутерот е добар и работи неколку дена без да го исклучам (проверено) - но нема потреба, charger-от нема да ми стои во струја постојано, истиот момент со светнатото/изгаснатото светло важи и за мојата кујна, работна соба, спална...а оџакот, ќе му дојде крајот ако некој не се сети дека премногу високо го изградил што и дува на месечината во фаца, па таа неможе на раат да дише.

Ми се допаѓа фактот дека оваа глобална иницијатива за подигање на свеста секоја година е се помасовна, и полека полека гиганти од светската индустрија се вклучуваат. Сеуште event-от не е познат како Madonna, но ќе и помине рокот нејзе наскоро, нови ветрови доаѓаат. Свеста притиска кога сме сами и кога немаме струја да слушаме .. Madonna. Голема поддршка за сите држави и градови кои ја поддржаа оваа иницијатива, посебно оние поголемите и поразвиените како Германија, Франција, Холандија, Белгија, Шпанија, Швајцарија и .. Македонија?!? (да, секако!-ај следната година, некој од гарнитурите требало да пишува домашно, па немало како да го направат тоа).
Да, тука беа и немаа домашно, Гватемала, Египет, Катманду, Непал, Јапан..ситно навистина! Повеќе од 4000 градови, гратчиња и општини го исклучија своето светло на територија од околу 125 држави.

Дали ти го поддржа ова?
Ме читаш сеуште?
Ти се промени нешто во мозочната система?

(простено ти е и од мене и од Бога, чедо:P) следната година поорганизирано!

Дај таму некоја лична иницијатива, направи комбинација, твојата, на комшијата па и на сите куќи од маало, нека слушне твојот град-село, да не биде после дај ми комши една кофа струја, мојата отиде, а во маркетот ќе донесат у понеделник.

final report:
имаме проблемчиња, не големи ама онака се врти муабет за недостаток од вода (да, да, на толку океани), здрава храна, дождЧе, топло-ладно по три пати на ден и така натаму. А се' е сведено на лично учество и поддршка и примена на методите за превенција (каква таква, подобра од никаква)

Доколку го поминавте првиот чекор на трачaрско информирање, следниот чекор за Вас е посета на главниот веб пејџ на Earth Hour, hash tag-от на twitter #earthhour, официјалниот блог, и ако сте сеуште заинтересирани, некаде потаму ќе најдете и троа сликички и видеа :))
Ако сте на twitter можете да ги следите нивните активности во текот на целата година - @earthhour

Ова е официјалното видео за оваа година





Bookmark and Share


edit post
.
Мода. Не мислам многу за неа, ниту пак сум се трудел да ги следам сите најнови сезони. Не сум зависен од fashion TV, но гледам. Секоја сезона ја гледам на почеток, ги гледам новите дизајнери..стиловите кои ги креираат. Дали се нешто ново, или нешто веќе видено, но минимално модифицирано.
Пост за мода. Не верував дека некогаш ќе пишувам таков пост, затоа што лично мојот стил/имиџ (што и да е) на облекување е уникатен. Имам многу малку гардероба која носи етикета на некој посебен дизајнер, посебно не од оние кои се форсираат на македонската "буржоаска" сцена. Ме привлекуваат различни комбинации на бои, материјали, додатоци..органски, експериментални, рачно направени, работи кроени кај локалниот шнајдер.

Доста е ова како вовед. Можам и целиот пост да го пишувам како вовед, но ова го пишувам за да оддадам минимална чест на некој кој ми го одземал погледот, кој телепатски ме носел на телевизиски канал за да ја погледнам неговата најнова колекција, а ете денес направил нешто со кое ОФИЦИЈАЛНО влегува во историјата на модата како победник. И да не пишувам многу, и да преведувам работи кои се ударни на google во моментот само ќе напишам дека еден од хероите во визијата за тоа како ја гледам јас модната индустрија скинал душа.
Lee aka. Alexander McQueen денес се самоубил. Го пронашле во неговиот стан и полицијата не се сомнева во ништо дека станува збор за самоубиство.
Дечкото уште после завршувањето на курсот во едно од најдобрите школи за уметност и дизајн се лансира во модната индустрија. Има работено за модни ѕверки како Givenchy и Gucci, и се има здобиено со титула од самата кралица Елизабета.

Она што мене ми остави впечаток во неговата работа се неговите ревии преку кои и дознав за неговите креации. За разлика од другите ревии, неговите секогаш почнуваа театрално (сакам театар), со одлично светло, мистично Секогаш. Правеше одличен склоп на технологиите..идеална музика, модерна сценографија, комплетна композиција до детаљи како кое столче каде треба да стои.



Неговите креации - некогаш футуристички, некогаш шумски. Некогаш во комбинација со шминката на моделите мрачни, готски. Имаше и такви ревии во кои имаше прекрасна игра на боите, натурални, флоралните апликации како по магичен ритуал предадени во негова употреба. Како пеперутките да си ги имаат соблечено своите алишта и ги имаат дадено на неговите модели. Ексцентричен, психоделичен, екстремен мастер во интеграцијата на технологијата во модата, екстравагантен, авангарден и што ли уште не.
Не се разбирам во мода но ова за мене беше МОДА. Alexander McQueen беше ветрот на новите стилови, секогаш полн со креативна енергија и со визија за наредниот период различна и најоригинална од сите негови колеги.

Навидум скромен дечко, едноставен во своите колекции успеа да направи промена во начинот и пристапот на сфаќањето на модните писти и на самите тие колекции кои два пати годишно го растеретуваат џебот на џетсетерите.

Иако големите верници велат дека оние кои се самоубиваат тешко поминуваат на оној свет, од мене нека му е лесна земјата..верувам дека имал причина за тоа.





Bookmark and Share


edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...