Во периодот од 28 Јули до 03 Август имав прилика да бидам ментор на група млади од Струмица кои се претставија на детско/ младинската ликовна колонија која веќе четврти (4) пат се одржува во Јабука, општина Панчево во Република Србија. Мојата група броеше четирима вклучувајќи ме и мене. Оваа ликовна колонија од оваа година прераснува во Интернационална и како прва година со таков калибар имаше претставници од Романија, Унгарија, Србија и Македонија или вкупно 25 млади кои неколку дена имаа исклучителна можност да научат многу за уметноста со помош на сите нас менторите.

Марија Атанасова и Георги Трајков беа активните учесници во колонијата, кои имаа можност да се запознаат со неколку техники на цртање меѓу кои: мртва природа, пејсаж, акварел, апстракција како и со модерните форми на изразување како што се уметничката инсталација и перформанс. Во текот на деновите до дека траеше колонијата имавме прилика да се запознаеме со дел од структурите кои работат во Јабука и општина Панчево и со тоа да отвориме простор и оствариме дополнителна соработка се' со цел да се презентираме и во програмата која тие ја реализираат за 2 Август (Илинден).


Освен официјалната агенда на колонијата имавме прилика да гостуваме во неколку телевизии и да ја промовираме колонијата и градовите од кои доаѓаме, децата имаа можност да гледаат претстава во младински театар, да направиме културолошка обиколка на месноста, да се дружиме покрај река, индиректно да следиме дел од тековните настани кои се организираат таму и тн..
Можноста да бидеме дел од оваа ликовна колонија беше поддржана од Општина Струмица и Градоначалникот кои безрезервно се постоваја во однос на менаџирањето за нашето присуство таму. Се надевам следната година друга група на млади од Струмица да биде дел од оваа колонија која има предиспозиции да расте и да се реализира во уште подобра, поквалитетна и по репрезентативна.

Ова е текст кој излезе таму по завршувањето на колонија, а во продолжение и прилогот кој се емитуваше на радио – телевизијата Панчево.
.