.
:Постојат три големи страсти – алкохол, коцкање и власт.
.
Од првите две некако можеш да се излекуваш, од третата никако. Власта е и' најтешкиот порок. Поради неа се убива, се гине, поради неа се губи човечкиот Вид. Неодолива е како магичен камен, затоа што поседува моќ...
Човекот на власт ги поттикнува кукавиците, ги бодри оние што ласкаат, ги поддржува крадците и неговата претставата за себе си е поубава од онаа вистининската. Сите луѓе ги сметаат за глупи, бидејќи го кријат вистинското мислење од нив и си даваат право да мислат дека знаат се, а луѓето тоа да го прифатат.
Никој на власт не е паметен, затоа што и паметните набрзо го губат разумот и не се трпеливи затоа што ја мразат промената. Веднаш создаваат вечни закони, вечни принципи, вечна структура и поврзувајќи го нивното владеење со Бога, ја зајакнуваат нивната моќ. И никој не би ги сменил за да не настане омраза, непријатност и закана за другите моќници. Нивното уништување е секогаш на ист начин, објаснувајќи го насилството врз народот, а сите се насилници, ги предаваат своите владетели и на никој тоа не му паѓа на памет. И секој што не разбрал, сите брзаат да дојдат на власт, како ноќни пеперутки кон пламен од свеќа.
.
.
Меша Селимович
[слободен превод: Митко Гогов]
.
.

.
.