.
Мода. Не мислам многу за неа, ниту пак сум се трудел да ги следам сите најнови сезони. Не сум зависен од fashion TV, но гледам. Секоја сезона ја гледам на почеток, ги гледам новите дизајнери..стиловите кои ги креираат. Дали се нешто ново, или нешто веќе видено, но минимално модифицирано.
Пост за мода. Не верував дека некогаш ќе пишувам таков пост, затоа што лично мојот стил/имиџ (што и да е) на облекување е уникатен. Имам многу малку гардероба која носи етикета на некој посебен дизајнер, посебно не од оние кои се форсираат на македонската "буржоаска" сцена. Ме привлекуваат различни комбинации на бои, материјали, додатоци..органски, експериментални, рачно направени, работи кроени кај локалниот шнајдер.

Доста е ова како вовед. Можам и целиот пост да го пишувам како вовед, но ова го пишувам за да оддадам минимална чест на некој кој ми го одземал погледот, кој телепатски ме носел на телевизиски канал за да ја погледнам неговата најнова колекција, а ете денес направил нешто со кое ОФИЦИЈАЛНО влегува во историјата на модата како победник. И да не пишувам многу, и да преведувам работи кои се ударни на google во моментот само ќе напишам дека еден од хероите во визијата за тоа како ја гледам јас модната индустрија скинал душа.
Lee aka. Alexander McQueen денес се самоубил. Го пронашле во неговиот стан и полицијата не се сомнева во ништо дека станува збор за самоубиство.
Дечкото уште после завршувањето на курсот во едно од најдобрите школи за уметност и дизајн се лансира во модната индустрија. Има работено за модни ѕверки како Givenchy и Gucci, и се има здобиено со титула од самата кралица Елизабета.

Она што мене ми остави впечаток во неговата работа се неговите ревии преку кои и дознав за неговите креации. За разлика од другите ревии, неговите секогаш почнуваа театрално (сакам театар), со одлично светло, мистично Секогаш. Правеше одличен склоп на технологиите..идеална музика, модерна сценографија, комплетна композиција до детаљи како кое столче каде треба да стои.



Неговите креации - некогаш футуристички, некогаш шумски. Некогаш во комбинација со шминката на моделите мрачни, готски. Имаше и такви ревии во кои имаше прекрасна игра на боите, натурални, флоралните апликации како по магичен ритуал предадени во негова употреба. Како пеперутките да си ги имаат соблечено своите алишта и ги имаат дадено на неговите модели. Ексцентричен, психоделичен, екстремен мастер во интеграцијата на технологијата во модата, екстравагантен, авангарден и што ли уште не.
Не се разбирам во мода но ова за мене беше МОДА. Alexander McQueen беше ветрот на новите стилови, секогаш полн со креативна енергија и со визија за наредниот период различна и најоригинална од сите негови колеги.

Навидум скромен дечко, едноставен во своите колекции успеа да направи промена во начинот и пристапот на сфаќањето на модните писти и на самите тие колекции кои два пати годишно го растеретуваат џебот на џетсетерите.

Иако големите верници велат дека оние кои се самоубиваат тешко поминуваат на оној свет, од мене нека му е лесна земјата..верувам дека имал причина за тоа.





Bookmark and Share


edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...