Showing posts with label participants. Show all posts
Showing posts with label participants. Show all posts
Бори се со гладот, храни ја иднината


Од 2оо7 па наваму, ова се случува секоја година. Луѓето од цел свет кои пишуваат на своите блогови, секоја година се промовираат различни теми и со тоа се обидуваат да направат позитивни промени во свеста како и во подобрувањето на социјалните стандарди, меѓусебното разбирање и можноста за природен и чист начин на живеење. Оваа година за Blog Action Day блогерите за тема ја одбраа храната, и денес е денот кога обединети блогерите користејќи го hash tag—от #BAD11 ги анализираат сите можни аспекти на храната. Од тоа кој што денес има во своето мени, до иднината на произвотсвото на здрава храна, користењето на органски препарати за заштита на ресурсите кои ги имаме. причината поради која оваа година темата на блогерите е храната е затоа што датата се поклопува со светскиот ден на храната, па соработката беше очигледна со оглед на тоа дека со оваа тема има многу да се каже и уште толку многу конкретно да се промени.

Кога ја имаме храната како тема, би можеле за неа да пишуваме од неколку аспекти како би навлегле подетално во структурата на она што сметаме дека е важно. Ако го земеме социјалниот аспект и храната, тогаш навистина би требало да се загрижиме за сите тие територијално населени места на планетата каде луѓето умираат баш поради недостатокот на доволно храна за сите. Посуштински не би сакал да навлегувам во овој сегмент, анализирајќи ги резултатите кои таквиот проблем ги создава, напротив, би сакал да ја направам паралелата со некои од модерните цивилизации каде дневно се фрлат тоништа произведена храна, која иако како дел од капиталното општество, претходно помината низ целиот тој економски синџир завршила како отпад. На момент ми доаша мисла или приказна за мајка тереза која еднаш пред симнување од авион, ги замолила стјуардесите да и ја дадат сета храна која останала од патниците за да може таа да ја даде на оние на кои им треба во моментот, на гладните. ..

од друга страна кога би размислувале за храната, би можеле да помислиме на тоа колку често се храниме, каква храна конзумираме, колку редовно се храниме, дали имаме временска табела на исхрана и тн. Овде е многу важно да се потенцира тоа дека, колку и да е динамичен животот кој го живееме и колку неодговорно и да се држиме во другите аспекти на егзистирање, хранењето и користењето природна храна се важен елемент во здравиот живот и одговорноста кон самите себе и нашето здравје.
[иако не го практикувам редовно, сепак би го нагласил]
правењето медицински прегледи е многу важно кога зборуваме за исХРАНА и моментот на балансирање на телото и продуктите кои се конзумираат

би сакал да го споменам како фактор кој лично го запазувам користењето на храна која е со природно потекло и секако со доволно витамини и протеини кои се потребни на телото за да успее да ги заврши дневните активности кои му се наметнуваат.

Сигурно денес вегетеријанците се максимално задоволни. Она што сите го поддржуваме е начинот на исхрана кој тие го практикуваат. Знам дека е тешко да се има таков начин на исхрана (пробав и самиот), но, ако не редовно барем некогаш е убаво да се прочистува организмот од најразличните калории кои ги прима со секојдневната исхрана, баш со таа вегетеријанска кујна која не е премногу тешка за организмот, а сепак ги задоволува потребите на телото.

Оној трагичен аспект кој оваа година комуната на блогери го наметнува е тој дека порастот на цените на производите и промените во економијата прават во овие две години 10-11 сиромаштијата и гладот да се зголемат. Според Светската Банка [World Bank] дополнителни 70 милиони луѓе се соочуваат со конкретниот проблем.
Жално е меѓу 'гладните' да се најдат самите произведувачи на храна, но, факт е дека тие треба да прават набавки на другите продукти кои е ги произведуваат, а парите кои ги заработуваат со нивните производи не се доволни за егзистенција.



- Што јадевте Вие денес? - На улиците денес повторно имаше деца кои просеа за леб? - ..Африка некогаш може да биде многу поблиску до очите отколку што мислиме..

- во лабараториите се готват новите компири, треба да мирисаат како кромид, а да изгледаат како лубеница. Заборавив да кажам, да, ќе растат на дрво!



( Bono, George Clooney, Jessica Alba, Idris Elba and more unite behind ONE's new campaign to help focus the world's attention again on the famine and food crisis in the Horn of Africa. Find out more at http://www.one.org )

Оваа година на кампањата се приклучува и една друга кампања “The F Word” која се бори конкретно за заштита на децата и луѓето кои умираат во Африка од глад. ..30 000 деца за три месеци. Blog Action Day 2011 година се користи за да се зголеми глобалната свест за ова важно прашање.


Доколку исто сакате да учествувате во овој ден не заборавајте да го споделите овој infographic: Нашиот убаво дизајниран infographic, "Борба против глад" кој ги илустрира земјите кои водат со нивните спасувачките напори во Рогот на Африка и оние кои заостануваат. Канада, Германија и Велика Британија ги исполниле своите обврски и партиципирале со нивната помош, додека Франција и Италија се уште имаат работа. Да бидете сигурни дека јавноста знае тоа!



Отворена е и петиција доколку сакате да ја пополните: drought is an act of nature. Famine is man-made. Let's put an end to famine.

Блогери од околу 8о држави учествуваат во оваа акција. Ако сакаш да учествуваш во Blog Action Day & World Food Day 2011 можеш да го направиш тоа следејќи не во facebook или на twitter користејќи го hash tag-от #BAD11.
Ако сте блогер, тогаш може да се регистрирате на www.blogactionday.org и да ја постирате вашата содржина во Недела, на 16 Октомври 2о11.



Bookmark and Share

.

edit post
Како дел од сцената за современи уметности на Балканскиот Младински Фестивал имав можност да учествувам со цртање на две улични слики. Атмосферата додека цртав беше пријатна, локални жители правеа прошетка по патеката која води кон летниот театар и паркот од страната нагоре или кон центарот на градот од страната надоле. Бевме распространи во малата шумичка наспроти хотелот Сандански, која само го најавува убавиот и голем парк. Некаде наспроти играа брејкери на HIP-HOP, R&B и brake beat музика.



Во воздухот се чувствуваше миризбата на боите, џагорот од тропотењето на лагерети во конзервите на спреовите. Со насмевка ги пречекав малите кои дојдоа и ме прашаа што цртам, затоа што јас цртав првиот ден кратеница од зборот YOUTH како (U - TH), и беше тешко да се препознае. Ме прашуваа за изборот на боите, па зошто сум избрал да го цртам овој збор. Им одговарав дека иднината се наоѓа во рацете на младите, дека сите млади заедно можат да направат подобро утре. На некого кажав дека навистина во реалниот живот доколку редовно добиваш материјал и простор каде би можел да се изразиш како автор кога сакаш, тогаш зборуваме за вистински прогрес во општеството, во кој се чул гласот на младите и се реализирал во суштина.



Завршивме со цртањето ги поставивме делата наоколу потпрени на дрвјата во алеата пред паркот, различна јачина на светлината од уличните светилки допираше до обоените површини, даваше отсјај на сликите кој ги правеше уште по привлечни. Луѓето кои одеа кон концертот на Балканскиот Младински Фестивал имаа прилика да го видат самото поставување на ноќната улична изложба како и неосетниот премин во откривање на изложбата.
Ранецот на грб, круг околу изложбата, воодушевување и пат под нозе кон концертот.



...

На вториот ден кога повторно се случи сцената за современи искуства и повторно цртавме, решив да цртам карактер со некоја содржина околу него. Сакав моментот да удира и на соджината и на карактерот, затоа избрав поедноставен лик и не толку сложена приказна наспроти него. Сакав приказната да покажува дел од визијата на еден млад човек и така да се надоврзува оваа слика со претходната тема U-TH. Овој пат избрав да цртам на хоризонтална површина и зедов материјал долг околу 4 метри. Откако го наместив ликот во почетокот на сликата решив да претставам моја визија на механизмот на еден часовник, или процесот на движењето на времето, со повеќе бои во него. Секоја, посебна состојба во која се наоѓа секој млад човек. Некој од деловите се поделува, станува од едно две и повторно преминува во едно.



Ме импресионира еден старец, локален фотограф кој го следеше мојот процес на сликање и ме замоли за една фотографија. Знам дека нема да ја видам оваа фотографија, но некако се почуствував убаво кога побара да ме фотографира. Го видов како го гледа животот низ призмата на неговиот објектив и сакав да бидам дел од таа лента. Го знам од минатите години. Тој е еден од постарите поддржувачи на фестивалот. И за него е фестивалот добар. Го прави да се чуствува помлад, и за мене разговорот со него беше лекција, го следев смирено додека кажуваше дел од неговата приказна и начинот на кој го отпоздравуваа локалните граѓани. Ми кажа дека му се допаѓаат боите и концептот, му се заблагодарив, и за фотографијата исто така.



Ја завршив сликата неколку минути пред да почне концертот, ги распоредивме делата повторно, интимно меѓу нас учесниците ја прогласивме и оваа ноќна изложба за отворена и со ранците на грбот заедно со толпата на луѓе упатени кон театарот побрзавме да стигнеме за почетокот на концертот.

English version of the story you can read here!



Bookmark and Share


edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...