“No pen, no ink, no table, no room, no time, no quiet, no inclination.”
.
:Денес замина на другиот свет една голема поетеса, Wislawa Szymborska, нобеловец, писател, поет, есеист. .. за неа веќе споделив на другите социјални платформи. Овде сакам да споменам за некој кој на денешен ден пред многу години (или поточно 130) се родил. Познатиот култен, ирски писател.. лидер на современата литература, (пос)модернистот Џејмс Џојс.
.
Џемс Џојс (2 февруари1882 - 13 јануари1941) бил ирскиписател и често е сметан за еден од најпознатите личности во светската како и во англиската литература. Најпознат е по неговото дело „Улис“ и по контраверзното дело „Будењето на Финеганови“. Исто така Џејмс Џојс е доста познат и по колекцијата на раскази „Даблинци“, приказни што го претставуваат животот во Даблин. Се смета за родоначелник и втемелувач на модерниот прозен и експериментален пристап, познат под името „состојба на свеста“. Портрет на младиот уметник е автобиографски роман, во кој за првпат ја употребил техниката „струја на свеста“, а целосна примена на оваа техника наоѓаме во неговото централно дело Уликс. Во Будењето на Финеганови го прикажува текот на свеста во сон. Со своите дела Џемс Џојс извршил големо влијание врз светската книжевност. [од mk.wikipedia]
Иако на светот е познат по прозното творештво, би сакал да нагласам дека освен контроверзните книги за кои сеуште има расправии поврзани со авторските права, тој бил и одличен поет. Не за џабе потсвеста си заиграла со него, па кога го стигнала формата на изразување едноставно не била важна. Поседувал извонреден раскажувачки талент кој сеуште плени млади автори, почетници како и искусни пишувачи. Неговата структура е дефиниција за квалитетно пишување, начинот на кој ги соголува приказните е метафизика на постоењето. Да дишеш со неговиот ум, да живееш внатре во неговите книги е уникатно чувство кое малкумина го поседуваат.
Нема да пишувам долги реферати, мислења. .. можеби некогаш ќе обработам некоја од неговите книги, од оние кои сум ги прочитал и го промениле мојот колосек, концепт и начин на размислување. Сега засега тоа е тоа – среќен РОДЕНден г-дине Џојс, Џејмс Џојс!
.
ова е една сликичка, цртеж на јапонска хартија, портрет на великанот направен од некој од луѓето кои ги следам на tumblr. информацијата одеше некако вака :::ink on Japan _by #bblacha освен што ги избришав димензиите за кои сум сигурен дека беа мали. .. хартија, лиФче. освен сликичето ќе споделам еден од моите поомилени воодопади, песна од господинот кој знае, умее како со зборовите. will u come to read with me? - извини дека е на англиски, ама тоа е! see ya ~
.
All Day I Hear the Noise of Waters
All day I hear the noise of waters Making moan, Sad as the sea-bird is when, going Forth alone, He hears the winds cry to the water's Monotone.
The grey winds, the cold winds are blowing Where I go. I hear the noise of many waters Far below. All day, all night, I hear them flowing To and fro.
. :затоа го сакам дедо Коељо. Сега е еден по полноќ, први февруари. .. нов месец, неколку минути после објавениот статус на facebook: :Ој, ти музо на новиот месец, де затвори вратата од јануари уште провев доаѓа . .. фала!
..и не дека има нешто општо статусот со ова што следува и е поврзано со познатиот светски писател, комерцијален за многу, за многу повеќе еден од најчитаните . .. за мене како еден почитуван виртуелен пријател кој е скромен да врати на некои конструктивни прашања кои повлекуваат дебата и длабока размисла. *.. и ми се допаѓаат овие негови фори, ова е нешто за една минута, ова е нешто за пола минута. .. две минути читање и тн. Што е поентата?! – овој пат ќе преведам една приказна која од колено на колено се прераскажува, но сепак е дел и од старите списи на источните култури, Ведите. .. приказната: . .
:Кришна ќе ја слушне вашата молитва!
. Вдовица од сиромашно село во Бенгал немала доволно пари да го плати школскиот автобус за својот си и така кога момчето почнало да оди на училиште морало да поминува сам низ шумата.
Со цел да го убеди, таа му рекла:
"Немој да се плашиш од шумата, синку мој. Замоли го Бог Кришна да доаѓа со тебе. Тој ќе ја слушне твојата молба/ молитва."
Момчето го послуша предлогот на неговата мајка и соодветно Кришна се појави и од тогаш го придружуваше секој ден до училиштето.
Кога дојде роденденот на неговиот учител момчето ја запраша неговата мајка да му даде малку пари како би можел да купи подарок за него.
"Ние немаме пари, синко. Запрашај го твојот Брат Кришна да ти даде подарок."
Следниот ден момчето го објасни својот проблем на Кришна кој му понуди еден бокал со млеко. Момчето со гордост го поклони бокалот со млеко на неговиот наставник, но, другите момчиња беа многу ‘подобри’ со поклоните и наставникот скоро не го ни забележа неговиот.
"Од каде ти е овој бокал?"
"Кришна, Богот на Шумата ми го даде."
Наставникот, учениците и асистентот пукнаа од смеење.
"Нема богови во шумата, тоа е чисто суеверие, рекол наставникот. Ако тој навистина постои да одиме и да го видиме.' Целата група тргна. Момчето почна да го довикува Кришна, но тој не се појави. Момчето за последен пат очајнички повика.
"Брат Кришна, учителот сака да Ве види. Ве молам покажете се!"
Во тој момент, глас од шумата се појави и одекна се до градот, се слушна од сите.
"Не можам! Тој дури и не верува дека постојам!" . . .
:прекрасна приказна дедо Куељо. ..секогаш добар, секогаш на место. барем тогаш кога јас ке решам да Ве click-нам. . . .
. . :Постојат три големи страсти – алкохол, коцкање и власт. .
Од првите две некако можеш да се излекуваш, од третата никако. Власта е и' најтешкиот порок. Поради неа се убива, се гине, поради неа се губи човечкиот Вид. Неодолива е како магичен камен, затоа што поседува моќ...
Човекот на власт ги поттикнува кукавиците, ги бодри оние што ласкаат, ги поддржува крадците и неговата претставата за себе си е поубава од онаа вистининската. Сите луѓе ги сметаат за глупи, бидејќи го кријат вистинското мислење од нив и си даваат право да мислат дека знаат се, а луѓето тоа да го прифатат.
Никој на власт не е паметен, затоа што и паметните набрзо го губат разумот и не се трпеливи затоа што ја мразат промената. Веднаш создаваат вечни закони, вечни принципи, вечна структура и поврзувајќи го нивното владеење со Бога, ја зајакнуваат нивната моќ. И никој не би ги сменил за да не настане омраза, непријатност и закана за другите моќници. Нивното уништување е секогаш на ист начин, објаснувајќи го насилството врз народот, а сите се насилници, ги предаваат своите владетели и на никој тоа не му паѓа на памет. И секој што не разбрал, сите брзаат да дојдат на власт, како ноќни пеперутки кон пламен од свеќа. . .
Меша Селимович [слободен превод: Митко Гогов]
. . Меша Селимович е роден 26 Април 1910 година во Тузла. Во родниот град завршува основно и гимназија. 1920 се запишува на студиската група за српскохрватски јазик и југословенска кижевност на филозофскиот факултет при универзитетот во Белград. Дипломира 1934, работи како професор, за време на војната бил затворен, политички комесар, уметнички директор на Босна Филм, директор на Народниот Театар, главен уредник на неколку списанија како и редовен и почестен член на Српската кадемија за Науки и Уметности. . .
. . . . ..знам дека ќе ве збуни насловот и во сосема различна насока сте почнале да размислувате ако го имате отворено линкот со овој пост, но овде за алвата ќе напишам во еден позитивен контекст, како нешто иако од турско останатo. .. како благо, слатко уживање на кое ние македонците му се радуваме (барем јас) .. такво благо за македонската филмска понова историја се и филмовите кои ќе ги споменам во овој пост, а кои како алва ќе ги изедам штом ја имам првата прилика да ги погледнам.
. . Сакам да споменам на овој блог за овие неколку филмови кои периодов излегоа од фабриката за кинематографија на нашата мала државичка. Соништата полека се остваруваат како и мојата, суптилно да имам за што да пишувам на овој блог. Станува збор за три интернационални филма во кои на различен начин во светската филмска индустрија се пуштаат сигнали од од папокот на светот, или како повеќето милуваат да речат центарот, балканските држави како цело и различните временски интервали/ промени и животот сам по себе кој секое време со себе го носи, како и за еден филм кој денес успеавме за прв пат да го видиме преку нговиот trailer, а е во македонска продукција.
Најпрво да ги разделам како би можел за секој од нив да напишам по реченица две. Се мислам како би одел со редоследот, сепак мислам дека тоа не е важно, станува збор се надевам за одлични филмови. . . .
:трето полувреме [The Third half] .
Филм на режисерот Дарко Митревски,
историска драма базирана на вистинска приказна од 1942. неговата пемиера е најавена после излегувањето на првите кокичиња. На пролет очекуваме за прв пат на филмско платно да ја видиме Катарина Ивановска, иако мислам дека и претходо има снимено видео кое има некое чудно аванградно, сензуално сценарио. Може да го видите овде. Покрај Кате позади филмот стои јака екипа на актери меѓу кои Сашко Коцев, Раде Шербеџија, Митко С. Апостоловски, Тони Михајловски, Гораст Цветковски, а, е филм во кој се зборува за фудбалскиот клуб „Македонија“ кој успеал да влезе во финалето во лигата, тренерот Евреин, фашистички настроената Бугарија. .. раскажува за љубовната приказна на еврејката Ребека која го избегнала холокаустот и депортацијата на 7.200 македонски Евреи, меѓу кои и сите нејзини најблиски. ..ова е trailer-от, одлични сцени, костимографија, фотографија. .. се надевам ќе успеам да го гледам со време. .
.
. :како да ме нема [As if I am Not There ] . .
Странски филм ќе му дојде ова во режија наХуанита Вилсон, ирско-македонска копродукција. Тој веќе сите го гледаа, но јас уште го немам гледано, па за тоа го ставам на оваа моја листа како филм за кој мислам дека е убав.ако не друго поради глумиците. ;)
Во филмот играат Наташа Петровиќ во главната улога, а меѓу другите кои стојат рамо до рамо со неа и Јелена Јованова, Николина Кујача, Звездана Ангеловска. .. симпатична екипа пред се, а уште една тема која иако банална, заради продукцијата која секој ден е се подобра, се надевам успешно е претставено тоа време, толку далечно од Нас и тема на која со која не би имале ладен однос, односно потресната приказна за војната во Босна и Херцеговина претставена преку ликот на една учителка. Нејзината приказна испомешана со животот во логор, тажниот обид за адаптација, храброста..
“Самира е 29-годишна учителка во едно село во Босна, благородна, паметна и убава. Eден пролетен ден во нејзината кујна влетува непоканет млад војник кој ќе и нареди да си ги спакува куферите со што нејзиниот дотогашен живот целосно се менува. Како што небото зад неа се помрачува од чадот од палењата на куќите, така Самира зачекорува во нов свет каде што мирот е мисловна именка и каде што наместо дом, постојат само логори: транзитен логор, приемен логор, работнички логор, логор на смртта. Овој филм ја портретира борбата на Самира за човечност, нејзината потрага по надежта за преживување сред трагедијата предизвикана од конфликтите на Балканот.
Како да ме нема е филм напишан според истоимената популарна книга на Славенка Дракулиќ, според вистинска приказна која е приказна за крајното насилство над човекот, но над се е приказна за надежта. Со дејствието сместено во Босна во 1998-та година, станува збор за моќен, трогателен и тажен филм за една неверојатна жена која се соочува со ужасите за време на војните на Балканот.”
.
. . . :во земјата на крв и мед [In d land of blood and honey] . .
Ова е првиот режисерски потфат на позната глумица Анџелина Џоли, но причината поради која го споменувам е улогата на македонската глумица, младата и амбициозна Јелена Јованова, која освен што се појавува како споредна улога во претходниот филм `како да ме нема`, остварува успешна соработка и создавање на лик во филмот кој уште еднаш по трет пат, во овој пост е со фазон војна, страдање, тешко ни е, ќе (си) умре(в)ме. .. и целата листа на тие тажаленки и очајни емоции кои се производ на едно лошо време кое фала Богу не сакаме да се повтори, а полека полека сакаме да се повлече и од филмската индустрија, станува збор за како што кажав во насловот филмот `во земјата на крв и мед`.
Сепак мислам дека балканската филмска машинерија (исклучувајќи ја оваа) и тие прекрасни умови меѓу актерите и режисерите родени на просторов би можеле да понудат една друга тематика која доловува еден друг поразличен аспект кон тоа како е да се живее на Балканот. Факт е дека секојдневно во/ со Нас носиме стари рани, таква е и приказната во овој филм, на почетокот осудуван за тоа што сака д презентира една нова вистина, една нова приказна некому позната, некому не. Длабока, приказна која во текот на годините доживува различен развој, но во основа како главен мотив се води љубовта. Тематика од поново време, и случка блиска на сите Нас, војната од почетокот на деведесетите од минатиот век во БиХ. Љубов која се обидува да помине низ сте препреки, низ сите падови и да успее да остане онаква каква што и најпрво била. Се надевам Јелна одлично си ја завршила работата! .
. ..и последниот филм за кој сакам да пишувам денес, е филмот чиј trailer се појави утрово, а е филм кој е склоп, сложувалка од десетици исечоци,парчиња, ежирани од различни млади и перспективни режисери во државата. Она што го видов всушност и ме инспирира како млад човек заслужно да ги споменам сите овиефилмови, настани/ новости за мене за кои сакам да бидам во тек и се надевам наскоро да ги гледам како би можел ако не друго да нафрлам неколку зборови, мислење (мое ично, субјективно) за тоа дали сепак сме на добар пат и време е да застанеме на позитивната страна и погледнеме позитивно на аботите кои следат. .
:скопје ремикс [skopje remixed] . .
Станува збор за проект во продукција на Ново Македонско Видео, а склоп од работата на десет македонски режисери меѓу кои Борјан Зафировски, Даријан Пејовски, Огнен Димитровски, Срѓан Јаниќијевиќ, Ѓорче Ставрески, Саша Станишиќ, Вардан Тозија, Јане Алтипармаков, Синиша Евтимов & Бојан Трифуновски. . .
Милан Тоциновски, Софија Куновска, Јовица Михајловски, Дејан Лилиќ, Кирил Коруновски, Нина Деан, Сашко Костов и ред други се само дел од листата на извонредни актери кои се појавуваат во филмот. За разлика од сите претходно наброени филмови, овод кој денес најмногу промовира и развива посебно и поразлично сценарио кое фала Богу не зборува за војните ни од турско, ни од шпаксно, ни прва светска, вторта, треба, петта туку зборува за животот во скопје денес виден преку призмата на овие неколку режисери кои секој посебно го дожувиваат на посебен начин и на различен начин се изразуваат преку филмот како една од алатките за доловување на некоја човечка состојба, премин, случување. .. симбиоза на кратки исечоци од животот и настаните кои ги опкружуваат младите, уште еден рокенрол филм кој се надевам ќе засане рамо до рамо со оној рокерскиот од минатата година.
Преку една поразлична, потемна страна се обидуваат да презентираат пресек од последнава деценија и пол во која народот се полесно се соочува со фактот дека е полесно да се сее омраза, напнатост и непријатност и начинот да дојдеш до убави моменти во животот кои те прават позитивен и среќен се потешко. Се надевам ќе имам прилика да го гледам како би имал можност повеќе да пишувам. Погледнете го и последниот trailer. .
. Како за крај би споменал дека ова е една успешна и плодна површина за секој љубител на македонскиот филм, и секој од нас кој директно или индиректно имаат допирни точки со филмската уметност да одвојат малку време, внимание кое ете како го заслужуваат овие проекти. За некои од нив, наградите веќе зборуваат повеќе од тоа што би можеле ние да кажеме, но се надевам после премиерите на некои од нив, ќе имаме можност за посолидна вивисекција.
Убаво е само да се нагласи дека една таква нагорна линија во овој бизнис од поодамна не се почувствувала во државата и освен продукциите на манчевски многу ретко имавме прилика да видеме што тоа другите умеат да направат. Ако не повеќе посакувам барем уште по еден сериозен успешен филмски проект на листата на режисерите на последниов скопски ремикс. .. така би можеле и ние да застанеме цврсто пред балканска филмска сцена и би можеле да зборуваме реално со факти дека во македонија постои една сцена која знае, умее и покажува дека знае да се развива онака како што доликува.
. . . . . :денес е важен ден во космичкиот циклус. сонцето почнува да патува по северната "нагорна" патека. она што ќе го замислиме, решиме или почнеме денес, има тенденција полесно да се остварува со помошта на растечката светина во наредните 6 месеци.
.via проф. д-р Светлана Камџијаш
[фала Ти, ова е прекрасно информација, како и самиот ден, СВЕТол] . .
Навистина е очајно во така мала држава како што и самите потенцираат да се соберат ужји круг на луѓе кои ќе солат памет како врвни аналитичари (за жал само македонски) далеку од балкански, европски и тн. и ќе презентираат искривена слика за реалноста во која ете како гласно говорат дека 'понова македонска книжевна сцена не постои '
не дека делумно не се согласувам со ова, но делумно и не се согласувам. И ке му дојде како докторе се двоумам или не, но сепак ќе го кажам она што го мислам. Да беше дедо ми писател и јас ќе имав 3 книги, да беше баба ми сопственичка на издавачка и јас ќе имав 4 романи, да бев братучет на секретарот во ДПМ и јас од поодамна ќе бев етаблиран на македонската ни сцена! - зошто сцената е ваква каква што е? секако поради проблемите кои малкуминаа ги создаваат, за по тоа самите да ги дефинираат.
Не би се согласил ни дека нема критика, ни дека нема автори. ..напротив, денес можеме со помош на социјалните мрежи да се споиме со илјадници активни автори ширум светот, да добиеме сериозна (за прв пат) критика од некој надвор од државата пошо нели во државата само мрчиме. Но постојат и такви кои сеуште се плашат да споделат, сеуште своите песни.чки си ги чуваат за нивните книги (нели нашле дупка за мантрање и ќе ја мантраат до крај), но, затвореноста ќе нагласам не потекнува од новиот бран, туку од младите, а сепак остарени на мислење и став наши признаени, етаблирани автори. Оди бе!
какви автори, каква игра!
Се организирале настани на кои имало срање автори и малку добри. Не е премногу критички ова, пошо ќе дојдат денови и кога ќе се споменуваме со име и презиме, не може 'етаблираните' да чекаат помада мислење од дедовците од ДПМ и по тоа да велат, не, овде нема критичка маса, овде нема читачи, овде нема некој кој сериозно ќе даде анализа на нечие дело.
Ги има и такви ама невработени се да Ви ги купуваат Вашите дела, немаат повеќе од 500 денари за интернет каде имаат пристап до секаква литература само не до вашите златни дела кои жално, останале без критика.
Би го огласил спротивното, премногу критички настроени млади автори и критичари/ аналитичари секојдневно создаваат дебати на facebook, споделуваат свои дела, некогаш и разговараат за истите. ..и да, има прогрес, не е се така црно, или годинава никој не кречел во ДПМ, па сега е зачадено од чадот од минатиот век.
Отвореноста е првиот чекор кој дел од собраните на таа дебата треба да го направат, толерантноста, разбирањето се другите два. ..и да не излезе тешкото, скршете ги вашите исфрустрирани бариери и пуштете збор два кај критиката, кај луѓето кои се жедни да прочитаат нешто и да дадат мислење.
Е да, меѓу луѓето, во јатото со сите.. никогаш не би сакал да имам книга која би требало да ја критикуваат етаблираните. Просто, многу се фини, како од финска. Слушнете повеќе што збори Вашиот професор Венко, за човечноста, тогаш и кругот ќе биде поголем и во него ќе бидеме сите ;)
'за да се направи книжевна сцена, мора да се надмине генерацискиот јаз, да има здружување, повеќе да се користат социјалните мрежи ' оној што е овде цитиран, социјалните мрежи ги користи само да спамира со линкови и никогаш не одговара на коментари! .
. . .и да, извинете на грешките ова не е дневник.com.mk ниту колумна, се согласувам со Живко Г. дека треба да си ги отвориме очите повеќе доколку сакаме да абсорбираме повеќе светлина, а критиките ќе ги добивате ако и самите ги давате... и да, негативната критика ете како може позитивно да влијае во развојот на еден автор. ;)
- ова е реакција на една статија која информира за настан поврзан со: нема сцена без критика и читатели' [ова во никој случај не би било линкано]за која сепак мислам дека било двочасовно губење време во кое решенијата и резултатите биле невидливи како и се друго во државава ~ . . .
Ајде да му го оставриме сонот на Јоце самостојно да се движи донирајте 100 ден..на ONE - 075/143-850, VIP- 077/143-773 бидете хумани и посетете ја заедничка.та изложба на многу наши уметници во -
ПОНЕДЕЛНИК, 26.12.2011ПОЧЕТОК: 20:00 ч. ~ кафе галерија 8, Безистен, стара скопска чаршија ~
~ Дојдете и бидете хумани, купете некоја фотографија, повод и причина за еден поинаков поклон за Вашите драги за Нова Година, а надеж за нашиот Јоце ~
* * *
Штотуку прочитав еден текст од Elena Fıdanşka за една изложба која ќе се случува вечерва и во која земам учество пред се' за тоа што е хуманитaрна и со цел да помогне некому кој малку му треба да биде исправен на нозе и повторно меѓу нас.
За изложбата бев поканет да споделам три фотографии кои навистина се надевам дека се добри некому ќе му се допаднат, а со тоа јас макимално ќе си ја изршам задачата.. испраќам добра мисла за организацијата и добрата волја на сите учесници.
.
..се надевам дека нема да згрешам со тоа што текстот на Елена ќе го пополнам со селекцијата која ќе биде вечерва таму во галерија 8, а ја избра Ирена. Посакувам успешна реализација и стискам палци за подобрување на состојбата на Јоце!
[ Искрена предновогодишна исповед ]
Денес сакам да звучам како секој политичар, пејач, актер, водител, експерт, менаџер, хостеса, познавач на состојбите, балерина, Каљопи и сите останати такви слични персони со “кул“ професија која што секогаш добиваат 2-3 страни во новогодишните изданија на весниците. Имам една другарка, Весна, со која што секоја нова година си одредуваме по едно мото што ќе го следиме цела година. Лани имавме на пример “абе шо му ебиш“, а оваа година го имавме “freestyle"... Лани навистина не му ја ебев... па ни оваа година додуша... Ми требаат пари, да не се лажиме. Ми треба секој еден денар. Сакам да одам за викендот Солун и да пијам кафе од “дури“ 5 евра во Starbucks. Сакам да одам Истамбул за нова година. Сакам да си купам Nintendo wii. Сакам 2 објективи и еден Kindle да си порачам. А ако ми стигнат пари (сето ова е за до март) да си земам и iMac. Е немам пари де. Сериозно немам. Имав 5 евра и купив 3 лесковачки сношти. Ете толку.
.
.
Последните пари 3500 денари ги дадов за утре да организирам хуманитарна изложба. Ја пречекав мојата друга другарка, Ирена да се врати од Шведска и истиот ден собравме кој колку има и ги испринтавме сликите. Утре ако се случи чудо, сега ми е мака да барам низ алишта, можи ќе најдам некоја стотка, ако не ќе си ја чекам платата овие дена :). Ама ич не ми е гајле. 2 дена без пари ќе издржам. Разгалена битолчанка ќе издржи 3-4 часа.. ама ете ќе се челичам.
Решив. Решив за Јоце. Детето кое што, искрено не го имав запознаено лично кога се одлучив на организација. Него го запознав пред 2 дена. 2 дена се мислам како да го опишам тоа дете. Горе-долу, запознавам нови луѓе. Ама можам да кажам дека ретко ми се случило да запознаам толку позитивна, интелигентна, храбра личност со осет за хумор како Јоце. Тогаш сфатив дека не си помагам само на самата себе си, демек ќе се чувствувам добро ако дадам нешто. Да, чувството е страшно добро. Туку сфатив дека му помагам на мој пријател со кој едвај чекам еден ден да одиме во некој кафич и да се испијаниме на некој шанк. И не е толку невозможно. На детето му требаат средства за да почне самостојно да се движи. За да застане до нас и заедно да наздравиме од нога.
Тоа е она што го сакам.Еве да биде и во духот на празниците. Тоа го сакам од Дедо Мраз. А бидејќи верувам во Дедо Мраз, се надевам дека ќе ми се исполни мојата најголема желба. Всушност... не верувам во еден.. верувам во стотици дедо мразовци кои личат на вас. Кои имаат малку средства што ќе можат да ги донираат и да си заминат дома со некоја добра фотографија. Не бидете себични. Сериозна сум. Дојдете да се забавувам со Летечките пекинезери. Ветувам дека ќе биде добро. Ве чекам сите.26.12.2011 во 20:00 во Галерија 8
п.с.
Ми велат дека се добри Пекинезерите... не сум ги слушнала :D се надевам дека добриот глас за нив не е само добар маркетинг ;)
soundtrack for my short documentary movie
"2Be1 like Sun"
interview for DokuFest '09 (I'm second)
stage for contemporary art @ Balkan Youth Festival '09
(I'm second)
flash-mob performance with short-term EVS @ BYF, Bulgaria
Followers
:click & support!
:in Bulgaria they make webit eXpo and u can help me cause I really want to go. ..u just need to fill d code! [1oq]
:participate!
_____________________________
SUPPORT ~ Blog Action Day
_____________________________
_____________________________
.