Басна

Posted on 3:17 PM, under

Еден човек од низок раст рече: " Јас сум согласен на се`, само кога би бил повисок за барем една педа".

Само што го рече тоа, кога гледа - пред него стои волшебничка.

- Што сакаш? - го праша волшебничката.

А човекот од низок раст стои и од страв неможе да каже ништо.

- И? - рече волшебничката.

А човекот од низок раст стои и молчи.

Волшебничката исчезна.

Точаш човекот од низок раст почна да плаче и да си ги гризе ноктите. Отпрва ги изгриза сите нокти на рацете, а потоа и на нозете.



Читателе, размисли околу баснава, и нема да ти биде сеедно.

Данил Хармс
- од " Старица и други раскази", издание на Темплум


- The goal of realistic image synthesis: an example from photography
L. Stroebel, J. Compton, I. Current, and R. Zakia. Photographic Materials and Processes, Boston: Focal Press, 1986

...

И јас си помислувам на басната на Хармс, веќе неколку пати денес.

На волшебството кое ќе му помогнеше да го постигне тоа што сака.
И на стравот за соочување со својата цел.

Можеби е подобро да даваме голови без да ги посакуваме, отколку да навиваме за победа, на игра без предвреме направена стратегија.

А може и да се прошетаме во природа, под рака со човекот со низок раст.
Можеби само да не понесе по патеката на волшебничката. Или само да ја видиме.

А дали би го посакале дијалогот со Неа, од Некого зависи.

Господине Хармс?
...или да грицкаме нокти?



Bookmark and Share


edit post
Соочени со недостатоткот од еден урбан младински фестивал како место каде што младите талентирани лица ќе можат да го промовираат своето творештво пред пошироката публика, клубот за локални младински иницијативи Штип се одлучи на подготовка и организација на овој настан. Фестивалот беше замислен како мултимедијален настан во кој ќе бидат опфатени: театарот, музиката, фотографијата, филмот и ликовната уметност.

На 23 Јануари во просториите на дом на млади во Штип се одржаа сите горе наведени активности. Публиката беше доволно заинтересирана за овој настан и присуствуваше во огромен број, исто така беа присутни локалните и националните медиуми кои направија прилози за конкретниот настан. Time table-от на овој настан одеше од прилика вака:
-најпрво започнав јас како координатор на ликовна работилница на која неколкумина зедоа активно учество со творење на неколку извонредни дела во техниката темпера на картон;
-во продолжение следуваше официално отварање на изложба на која се претставија двајца автори со нивните фотографии, како и јас со изработените минијатури за време на настанот;
-во другиот дел на просториите на дом на млади, истовремено со отварањето на изложбата, имаше премиерна изведба на театарска претстава и проекции на неколку филмови;
-како за шлаг на прекрасен настан следуваше концертот на кој настапија неколку млади бендови со ученици од средното музичко училиште со најразличен репертоар:

Се на се, ова беше еден извонредно организиран настан за кого сме благодарни на Фондацијата Институт Отворено Општесво и Локалната самоуправа?!? на град Штип.

Јас лично сум му благодарен на Гоце Коцевски, млад активист од Штип, кој ја имаше главната улога на овој настан т.е. координатор на целиот овој проект. Благодарам Гоце!
...се надевам на уште многу креативни настани како овој организирани од младите на градот Штип.

во прилог дел од моите минијатури направени на како дел од ликовната работилница





edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...