Showing posts with label picture. Show all posts
Showing posts with label picture. Show all posts
















“Is cinema a language about to get lost, an art about to die?”

Wim Wenders - Room 666 (1982)

Случајно налетав вечерва на овој култен филм или како што сака авторот да го нарече видео. Овој документарен филм прв пат го гледав во времето на видео рекордерите, на VHS касета. .. или уште бев во основно или некаде почетокот на средно. Чувството да го имаш овој филм во раце тогаш беше уникатно. Знаевме дека станува збор за филм во кој се појавуваат неколку важни режисери за тоа време, но и од денешна временска дистанца некои од нив сеуште важат како елитни филмски работници кои придонеле многу за филмската индустрија. А зборуваат за иднината која токму тогаш ние ја имавме во нашите раце, а за нив во тогашно време сеуше беше иднината која тие очекуваа да се развие. Да, видео касетите имаа експанзија во раните 90ти, а нивната употреба беше примарна неколку декади во филмската и телевизиската индустрија.

Режисерот Вим Вендерс со ова видео се одидува да и ги долови на публиката авторите кои невидливо стојат позади камерите, нивните размисли и начинот на кој создаваат приказни. Ги прашува за тоа што тие мислат за филмот, за неговата иднина, за естетиката која сите тие како автори ја носат. Начинот и техниката на снимање, изборот на сторијата, пристапот во снимањето, техниката што ја користат и која секојдневно се развива. Потребата за нивна адаптација во сите тие идни начини и форми во кои би можел да се движи развојот. Индустриско кино наспроти артистичкиот, уметнички видео израз..

За релацијата на филмското платно и телевизијата, односот наспроти содржините кои се продаваат во тоа време. Is cinema a language about to get lost, an art about to die?.. е прашањето кое режисерот им го поставува на неговите колеги, или дали кинематографскиот израз/ јазик исчезнува т.е. е уметност која изумира?



За време на Канскиот филмски фестивал во 1992 година Вендерс поставува статична камера во соба во хотелот Мартинез и ги поканува Jean-Luc Godard, Paul Morrissey, Mike De Leon, Monte Hellman, Romain Goupil, Susan Seidelman, Noël Simsolo, Rainer Werner Fassbinder, Werner Herzog, Robert Kramer, Ana Carolina, Maroun Bagdadi, Steven Spielberg, Michelangelo Antonioni и Yilmaz Güney да одговорат на ова прашање, како и на некои други поврзани со иднината на филмската индустрија. Интересно е да се види како секој од нив со посебноста на нивните карактери се обидува да долови повеќе од суштината како автор предкамерата, некои користат ексцентрични начини да се олеснат пред да го кажат сопственото мислење. Која е состојбата со кината е интересно прашање и ден денешен. Жал ми е што морам да се потсетам дека проектот за кино во мојот град ќе се реализира во третата категорија на градови, последни.. не знам зошто само кога нели викаат најевропски град сме биле. ;)

:my world is imaginary and the imaginary is a journey between forwards and backwards!
Jean-Luc Godard

Интересно е да се види како некои од нив размислуваат за иднината на електронските форми како цело, желбата да се остане на мануелната техника на снимање наспроти желбата за прогрес која ја имаат некои други кои доаѓаат од холивудскиот филмски бизнис. Иднината на фотографијата, експресниот премин од црно бела во техника во боја, приходот кој очекуваат да порасне (што е и факт од денешна перспектива). Оптимизмот кај едните, инертноста на другите, целта на филмските производи. Групата за која се наменети, како и начинот на продукција и дистрибуција. Ќе продолжат ли сликите да се движат, дали филмската лента ќе остане важна како во тоа време?


.
:супер е да се види ова чудо после толку време! :))
.
.

edit post


Можам да пишувам за Basquiat многу. Тој е еден од модернистистите (нео - експресионист) од кои сум посебно инспириран. Почнал како уличен/ графити сликар, за да неговите дела на крај завршат во најглавните галерии ширум светот. Презентира нов начин на живеење, даде нова дефиниција за животот. Уникатен, оригинален сликар со краток животен век, но голема историја позади него. Доколку сакате да прочитате повеќе за него и неговата работа можете да најдете овде и овде. Може да се најдат испишани стотици страници каде во целост стои историјата на неговиот живот делата кои ги создал и неговиот приватен живот, во кратко, Basquiat умира од over dose на 27 години во 1988 г. и остава позади него околу 3000 дела содадени во период од 8 години.

Овде само ќе споменам дека за време на мојата посета на Швајцарија, Базел, имав можност да ја посетам The Beyeler Foundation gallery и да ја погледнам ретроспективната изложба на делата на Basquiat. Беа изложени повеќе од 100 слики, цртежи и најразлични објекти, со карактеристичен храбар, болдиран и светол стил, распоредени во неколку изложбени простории. Многу од делата кои беа презентирани припаѓаат на приватни колекции и чувството да ја имаш можноста да ги видиш сите на еднаш беше неопишливо.



Комбинацијата на пораките, боите, ликовите, карактерите и луцидната комбинацијата на најразлични објекти и freaky материјали, е нешто по кое Basquiat ќе остане запаметен. Детската игра на наивните линии кои од едниот крај на сликата завршуваат како пајажина на другиот, боите кои некогаш како близнаци соединуваат, некогаш дејствуваат како посебни планети. ..

Некои од фотографиите кои ги направив со мојот мобилен. Не се ни приближно до она што се оригиналите, но бар освен моментите/ сеќавањата во мојата глава ги имам и нив како меморија/ спомен дека ги видов делата на овој голем автор. ..е не се многу де! :)






you can find English version|HERE|

Bookmark and Share


edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...