Showing posts with label designer. Show all posts
Showing posts with label designer. Show all posts
.
.
.
.




Вчера, 5ти Декември официјално беше прогласен победникот на Британската канал 4, а конкуренцијата како и секоја година така и оваа не беше лесна.


Годинашнава награда отиде во рацете на Martin Boyce, 44 годишен уметник кој успева извонредно да комбинира современа архитектура и дизајн. Освен што оваа награда му донесе £25,000 го постави и на заслуженото место во историјата на британската и светската современа уметност.

Самата можност да влезеш во конкуренција за оваа награда е од огромно значење за секој уметник кој создава уметност која би требало да комуницира со луѓето и реалноста во која функционираме. Неговата уметност на еден посебен визуелен начин прави одличен спој на внатрешниот и надворешниот свет, оној кој го перцепираме и оној интимниот, кој го доживуваме.
Иако, создава големи на димезија/ размер, специфични инсталации, ефектот кој тие го имаат врз публиката е поразличен, тие умеат да комуницираат на еден специфиче, интимен начин со гледачот, и тоа секој од елементите на посебен начин. Референците кои ги споменуваме погоре се основа на неговото творештво, но во комбинација со тие избледени сурреални слики од соништата и нивната адаптација со наследсвото кое го остава современата уметност, неговите инсталации те доведуваат до чувство на дезориентираност, поместеност дури и премостеност, како во некое друго време, простор, речиси театрално со доза на дијалог помеѓу она што го гледаш и тоа пто го чувствуваш.




Инспириран од лисјата, дрвјата, есента и амбиентот кој го создаваат тие се само почетни двигатели кои го мотивират да со играта на геометријата почнува да ја истражува сопствената оригинална форма на израз учејќи и водејќи се на некој начин од совршената геометриска игра која во 1925 година ја користат Jan и Joël Martel. Извонредно го анимира просторот со неговите форми и дела и создава уникатна магична средина во која посетителите на еден смирен, медитативен начин имаат допир со уметноста на денешнинава. Индустрискиот дизајн му влијае во архитектонските форми и обратно, паралелата која ја создава е извонреден пејсаж во просторот. Меланхолично, поетско отсликување. ..кое наспроти цврстата структура на материјалите кои ги користи ја прават неговата уметност заслужна за оваа награда.




Делото кое остави најголем впечаток кај жирито е наречено "faded dreamscape" и иако најпрво не успеал да се запише на ликовна акадмија, со помош на вечерните часови кои подоцна ги земал и големиот труд кој го вложил успеа неговиот квалитет да исплива на површина.

Ќе нагласи на доделувањето:
"When education is going through the wringer, it is important to acknowledge the value of teachers."

Во потесната конкуренција после објавувањето на листата во мај, за која некогаш потаму во времето пишував и јас овде, пред неполн месец во потесниот круг заедно со него беа: Karla Black, George Shaw и Hilary Lloyd. Интересно е да се спомене овде дека секој од овие номинирани артисти работи посебна техника и посебна дисциплина и формите, делата кои ги оставаат се крајно различни и во суштината, и во начинот на создавањето како и во пораката која ја носат со себе. Од Linkкласична скулптура, хипереалистично сликање, преку видео арт до оваа наградена естетски најопиплива форма на комбинација на инсталација која ве поврзува во амбиентот кој го нуди природата сама по себе пренесена на тој својствен начин кој го владее Martin Boyce.



Неговата уметност е како елегија по чистотата на современата, тој успеал со ова дело да ја внесе есента внатре во тој простор, односот на сите елементи внатре е во прекрасен баланс со енергијата која циркулира околу. Начинот на кој елементите открииваат посебна ментална состојба е она што на посетителот му прави трајно да се поврза со ова дело, можеби главниот фактор жирито да се одлучи да му ја додели токму него наградата, иако се работи за уметник кој по потекло не е британец и трет пат Шкот успева да им ја земе најголемата британска награда на силната фела од уметници кои создаваат во својата матична земја.








Деновиве се води голема дебата за важноста на оваа награда за светот на современата уметност и колку е потребно да се има критичко око и длабоко разбирање и анализирање на современите форми затоа што во текот на годините се повеќе и повеќе галерии се борат и стојат рамо до рамо со музеите и промовираат купишта автори и дела, со што само ја заматуваат големата слика и искреното (пре)познавање на современата како цело.

И оваа година жирито заврши извонредна задача, јас како човек кој директно е вклучен во процесот на создавање уметност само би додал дека Martin Boyce заслужно може да ги инвестира заработените пари од наградата во неговото студио и на престојната изложба која ја подготвува и секако на забава и малку релаксација со неговите родители, жена и деца на кои им е бескрајно благодарен.


..ако сакате да читате уште многу, многу и Ве интересира што понатаму со овие уметници, кој-што работи во иднина, дали ќе има и следната година 'локални странци' кои ке им бидат сериозна конкуренција на домашните, можете да си ја отворите имагинацијата, линковите водат до некои информаци. ..а, за другите проверете: guardian, channel 4, washington post и многу други. ~

останете со здравје драги читатели ~






Bookmark and Share

.

.

edit post
.
Мода. Не мислам многу за неа, ниту пак сум се трудел да ги следам сите најнови сезони. Не сум зависен од fashion TV, но гледам. Секоја сезона ја гледам на почеток, ги гледам новите дизајнери..стиловите кои ги креираат. Дали се нешто ново, или нешто веќе видено, но минимално модифицирано.
Пост за мода. Не верував дека некогаш ќе пишувам таков пост, затоа што лично мојот стил/имиџ (што и да е) на облекување е уникатен. Имам многу малку гардероба која носи етикета на некој посебен дизајнер, посебно не од оние кои се форсираат на македонската "буржоаска" сцена. Ме привлекуваат различни комбинации на бои, материјали, додатоци..органски, експериментални, рачно направени, работи кроени кај локалниот шнајдер.

Доста е ова како вовед. Можам и целиот пост да го пишувам како вовед, но ова го пишувам за да оддадам минимална чест на некој кој ми го одземал погледот, кој телепатски ме носел на телевизиски канал за да ја погледнам неговата најнова колекција, а ете денес направил нешто со кое ОФИЦИЈАЛНО влегува во историјата на модата како победник. И да не пишувам многу, и да преведувам работи кои се ударни на google во моментот само ќе напишам дека еден од хероите во визијата за тоа како ја гледам јас модната индустрија скинал душа.
Lee aka. Alexander McQueen денес се самоубил. Го пронашле во неговиот стан и полицијата не се сомнева во ништо дека станува збор за самоубиство.
Дечкото уште после завршувањето на курсот во едно од најдобрите школи за уметност и дизајн се лансира во модната индустрија. Има работено за модни ѕверки како Givenchy и Gucci, и се има здобиено со титула од самата кралица Елизабета.

Она што мене ми остави впечаток во неговата работа се неговите ревии преку кои и дознав за неговите креации. За разлика од другите ревии, неговите секогаш почнуваа театрално (сакам театар), со одлично светло, мистично Секогаш. Правеше одличен склоп на технологиите..идеална музика, модерна сценографија, комплетна композиција до детаљи како кое столче каде треба да стои.



Неговите креации - некогаш футуристички, некогаш шумски. Некогаш во комбинација со шминката на моделите мрачни, готски. Имаше и такви ревии во кои имаше прекрасна игра на боите, натурални, флоралните апликации како по магичен ритуал предадени во негова употреба. Како пеперутките да си ги имаат соблечено своите алишта и ги имаат дадено на неговите модели. Ексцентричен, психоделичен, екстремен мастер во интеграцијата на технологијата во модата, екстравагантен, авангарден и што ли уште не.
Не се разбирам во мода но ова за мене беше МОДА. Alexander McQueen беше ветрот на новите стилови, секогаш полн со креативна енергија и со визија за наредниот период различна и најоригинална од сите негови колеги.

Навидум скромен дечко, едноставен во своите колекции успеа да направи промена во начинот и пристапот на сфаќањето на модните писти и на самите тие колекции кои два пати годишно го растеретуваат џебот на џетсетерите.

Иако големите верници велат дека оние кои се самоубиваат тешко поминуваат на оној свет, од мене нека му е лесна земјата..верувам дека имал причина за тоа.





Bookmark and Share


edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...