Showing posts with label modern. Show all posts
Showing posts with label modern. Show all posts


Можам да пишувам за Basquiat многу. Тој е еден од модернистистите (нео - експресионист) од кои сум посебно инспириран. Почнал како уличен/ графити сликар, за да неговите дела на крај завршат во најглавните галерии ширум светот. Презентира нов начин на живеење, даде нова дефиниција за животот. Уникатен, оригинален сликар со краток животен век, но голема историја позади него. Доколку сакате да прочитате повеќе за него и неговата работа можете да најдете овде и овде. Може да се најдат испишани стотици страници каде во целост стои историјата на неговиот живот делата кои ги создал и неговиот приватен живот, во кратко, Basquiat умира од over dose на 27 години во 1988 г. и остава позади него околу 3000 дела содадени во период од 8 години.

Овде само ќе споменам дека за време на мојата посета на Швајцарија, Базел, имав можност да ја посетам The Beyeler Foundation gallery и да ја погледнам ретроспективната изложба на делата на Basquiat. Беа изложени повеќе од 100 слики, цртежи и најразлични објекти, со карактеристичен храбар, болдиран и светол стил, распоредени во неколку изложбени простории. Многу од делата кои беа презентирани припаѓаат на приватни колекции и чувството да ја имаш можноста да ги видиш сите на еднаш беше неопишливо.



Комбинацијата на пораките, боите, ликовите, карактерите и луцидната комбинацијата на најразлични објекти и freaky материјали, е нешто по кое Basquiat ќе остане запаметен. Детската игра на наивните линии кои од едниот крај на сликата завршуваат како пајажина на другиот, боите кои некогаш како близнаци соединуваат, некогаш дејствуваат како посебни планети. ..

Некои од фотографиите кои ги направив со мојот мобилен. Не се ни приближно до она што се оригиналите, но бар освен моментите/ сеќавањата во мојата глава ги имам и нив како меморија/ спомен дека ги видов делата на овој голем автор. ..е не се многу де! :)






you can find English version|HERE|

Bookmark and Share


edit post
.
Видов информација на интерет за новиот музеј кој ќе се отвара наскоро во градот во кој живеам. Станува збор за Музејот за Модерна и Современа Уметност Помпиду.

Информацијата оди вака:

“Центарот „Помпиду“ во францускиот град Мец, настанат според замислата на јапонскиот архитект Шигеру Бан во соработка со парижанецот Жан де Гастине, е хексагонална градба, која се простира на површина од 10.660 квадратни метри

Над неа се надвиснува брановидна покривна структура, чија кула е висока дури 77 метри. На 5.000 квадратни метри ќе се простираат изложбените простори, распоредени во галерии, тераси и парк.

Како и во оној парискиот, во центарот „Помпиду“ во Мец акцент ќе биде ставен на претставувањето на современите уметници на 20 и 21 век, а проектот е поведен за децентрализација на оваа уметничка институција.

Свеченото отворање е најавено за 1 мај, а првата изложба, според многумина, еден од најубавите музеи на светот, ќе биде посветена на ремек-делата на уметници од минатиот век.”

Нова Македонија


Во наредниов период еден од проектите на кои ќе работам, а се однесува на полето култура и уметност е во просториите на овој музеј. Среќен сум што ќе бидам дел од проект кој ќе се случува и ќе биде презентиран токму во овој познат Музеј.
За него во последно време премногу се зборува. Најмногу затоа што отварањето на овој Музеј доцни едно три години затоа што комбинирањето на повеќето видови стакло, плексиглас, дрво и други материјали одзело повеќе време одошто им било планирано на проектните изведувачи.. Но, секако тоа е дел и од маркетиншкиот трик на Музејот со кој во текот на изминативе години, уште неотворен овој Музеј стигна на нивото на неговиот претходник, истоимениот во Париз. За оној во Париз се смета дека е најпосетуваниот Музеј за современа и концептуална уметност во светот или Европа, а овој одгранок само ја надополнува славата на Паришкиот. Градот Мец очекува разбранување во полето на туризмот со отварањето на овој значаен за Франција објект. Се очекуваат многу туристи од блиските држави како Германија, Швајцариjа, Белгија и Луксембург.

Како дел од овој музеј се спомнуваат неколку прекрасни, огромни, осветлени, со високи тавани галериски простории, простории за времени инсталации, изложби и перфоманси, неколку кафе барови, книжари и простории за одржување на најразлични презентации, саеми и работилници од областа на уметноста. Трајни постановки од едни од најпознатите иноватори во современата уметност за кои ќе зборувам и јас после отварањето. Оригиналноста на овој објект е препознатлива како од надвор по својот уникатен изглед и покрив, така и внатре во прецизната структурираност на просториите и нивната намена. Како простор за релаксирање имаат вградено две градини и тераса.



...повеќе инфо за овој сеуште неотворен Музеј можете да најдете овде, или пак нешто повеќе за архитектите Shigeru Ban од Jапонија и Jean de Gastines од Франција. Доколку сакате можете да ги следите и на twitter.



Bookmark and Share


edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...