Showing posts with label mixed-media. Show all posts
Showing posts with label mixed-media. Show all posts
.
.
.
.




Вчера, 5ти Декември официјално беше прогласен победникот на Британската канал 4, а конкуренцијата како и секоја година така и оваа не беше лесна.


Годинашнава награда отиде во рацете на Martin Boyce, 44 годишен уметник кој успева извонредно да комбинира современа архитектура и дизајн. Освен што оваа награда му донесе £25,000 го постави и на заслуженото место во историјата на британската и светската современа уметност.

Самата можност да влезеш во конкуренција за оваа награда е од огромно значење за секој уметник кој создава уметност која би требало да комуницира со луѓето и реалноста во која функционираме. Неговата уметност на еден посебен визуелен начин прави одличен спој на внатрешниот и надворешниот свет, оној кој го перцепираме и оној интимниот, кој го доживуваме.
Иако, создава големи на димезија/ размер, специфични инсталации, ефектот кој тие го имаат врз публиката е поразличен, тие умеат да комуницираат на еден специфиче, интимен начин со гледачот, и тоа секој од елементите на посебен начин. Референците кои ги споменуваме погоре се основа на неговото творештво, но во комбинација со тие избледени сурреални слики од соништата и нивната адаптација со наследсвото кое го остава современата уметност, неговите инсталации те доведуваат до чувство на дезориентираност, поместеност дури и премостеност, како во некое друго време, простор, речиси театрално со доза на дијалог помеѓу она што го гледаш и тоа пто го чувствуваш.




Инспириран од лисјата, дрвјата, есента и амбиентот кој го создаваат тие се само почетни двигатели кои го мотивират да со играта на геометријата почнува да ја истражува сопствената оригинална форма на израз учејќи и водејќи се на некој начин од совршената геометриска игра која во 1925 година ја користат Jan и Joël Martel. Извонредно го анимира просторот со неговите форми и дела и создава уникатна магична средина во која посетителите на еден смирен, медитативен начин имаат допир со уметноста на денешнинава. Индустрискиот дизајн му влијае во архитектонските форми и обратно, паралелата која ја создава е извонреден пејсаж во просторот. Меланхолично, поетско отсликување. ..кое наспроти цврстата структура на материјалите кои ги користи ја прават неговата уметност заслужна за оваа награда.




Делото кое остави најголем впечаток кај жирито е наречено "faded dreamscape" и иако најпрво не успеал да се запише на ликовна акадмија, со помош на вечерните часови кои подоцна ги земал и големиот труд кој го вложил успеа неговиот квалитет да исплива на површина.

Ќе нагласи на доделувањето:
"When education is going through the wringer, it is important to acknowledge the value of teachers."

Во потесната конкуренција после објавувањето на листата во мај, за која некогаш потаму во времето пишував и јас овде, пред неполн месец во потесниот круг заедно со него беа: Karla Black, George Shaw и Hilary Lloyd. Интересно е да се спомене овде дека секој од овие номинирани артисти работи посебна техника и посебна дисциплина и формите, делата кои ги оставаат се крајно различни и во суштината, и во начинот на создавањето како и во пораката која ја носат со себе. Од Linkкласична скулптура, хипереалистично сликање, преку видео арт до оваа наградена естетски најопиплива форма на комбинација на инсталација која ве поврзува во амбиентот кој го нуди природата сама по себе пренесена на тој својствен начин кој го владее Martin Boyce.



Неговата уметност е како елегија по чистотата на современата, тој успеал со ова дело да ја внесе есента внатре во тој простор, односот на сите елементи внатре е во прекрасен баланс со енергијата која циркулира околу. Начинот на кој елементите открииваат посебна ментална состојба е она што на посетителот му прави трајно да се поврза со ова дело, можеби главниот фактор жирито да се одлучи да му ја додели токму него наградата, иако се работи за уметник кој по потекло не е британец и трет пат Шкот успева да им ја земе најголемата британска награда на силната фела од уметници кои создаваат во својата матична земја.








Деновиве се води голема дебата за важноста на оваа награда за светот на современата уметност и колку е потребно да се има критичко око и длабоко разбирање и анализирање на современите форми затоа што во текот на годините се повеќе и повеќе галерии се борат и стојат рамо до рамо со музеите и промовираат купишта автори и дела, со што само ја заматуваат големата слика и искреното (пре)познавање на современата како цело.

И оваа година жирито заврши извонредна задача, јас како човек кој директно е вклучен во процесот на создавање уметност само би додал дека Martin Boyce заслужно може да ги инвестира заработените пари од наградата во неговото студио и на престојната изложба која ја подготвува и секако на забава и малку релаксација со неговите родители, жена и деца на кои им е бескрајно благодарен.


..ако сакате да читате уште многу, многу и Ве интересира што понатаму со овие уметници, кој-што работи во иднина, дали ќе има и следната година 'локални странци' кои ке им бидат сериозна конкуренција на домашните, можете да си ја отворите имагинацијата, линковите водат до некои информаци. ..а, за другите проверете: guardian, channel 4, washington post и многу други. ~

останете со здравје драги читатели ~






Bookmark and Share

.

.

edit post
.


Поминаа повеќе од две недели и решив да споменав ако не на друго место барем во мојот блог дека последново дело кое го направив за изложбата која беше завршен резултат на проектот кој го организираше младинската мрежа Together е сеуште на front page-от на Artwalk TV.

Станува збор за дело/ синтеза на сите три работилници дел од проектот во едно. Mixed-media структура во концептот изразена преку современите форми во уметноста – графит, стикери, инсталација и експериментално видео.

Темата на проектот беше солидарност. Во периодот кога не создававме уметност како дел од работилниците на проектот за multi media, инсталации и street art разговаравме и имавме богати дискусии на оваа тема. Кои се проблемите, какви решенија нуди младината во Eвропа, како ќе се бориме да го промениме степенот на сиромаштија, емпатија меѓу луѓето, еднаквост итн. Една од групните активности кои ги имавме беше мини social/ forum theater работилница каде видовме интересни сцени од секојдневниот живот во кои солидарноста е застапена или не.
Така суптилно се наметна темата солидарност освен во дискусиите и активностите, директно и во креирањето на делата на самите учесници.



Претходно имав период во кој неколку пати на facebook напишував статус во кој употребувам monster како карактерот кој ја создава ситуацијата. И овој пат во моево дело решив да продолжам со истиот субјект. Monster/ чудовиште, сите ние..луѓето со своите маски, скриени во пластичноста и рутината на лажна искреност и придонес за прогрес и еволуција на хуманоидниот склоп во планетава.
Чудовиште за солидарност..ја имав идејата, ги имав милионите чудовишта во мојата глава кои потајно се солидарни, хумани..човечни. Не дека се така родени ама тоа е начинот на кој се обидувам да ги воспитувам. Сите нив требаше да ги извадам некако, во некоја форма..се создадоа една ноќ, неколку десетина. Големи по метар, зборат ако сакаш да ги слушнеш. Решив да ги аплицирам на графитот кој веќе беше започнат. Една празна кутија до мене постана истиот карактер кој го имаше на графитот. Надополнување. и да останеше ненасликана, кутијата сепак ќе ја имаше истата форма :)



Видеото беше внатрешен разговор со самиот себе. Знаевме со Рамзи (координаторот на мулти медиа) уште пред почетокот на проектот дека ќе има некаква соработка меѓу нас. Едно утро му реков, снимај и фотографирај го ова. Го сакам во најкратка форма. За 15 минути го имавме готовиот резултат :)

постои во сликањето action painting ова не знам дали би му дошло action recording :D


..така го имав моево дело спремно за изложба. Склоп од неколку техники, кои се надополнуваат. Испружена колор рака наспроти црно-белите стикер карактери и истата таа рака подадена за солидарност во видеото. Изложбата се одржа во maison de familles во Metz, октомври 2010 година.



Не успеав да ги качам фотографиите од овој проект наречен Monster.S for Solidarity на artwalkTV, го качив само видеото. После неколку дена видов дека сум featured artist на оваа социјална платформа/ комуна на уметници и љубители на уметноста. Ова е втор пат да бидам featured на оваа мрежа. Првиот пат беше поради минијатирите кои може да ги видите на мојот профил таму.

Monster for Solidarity from Kihu Potru on Vimeo.



И благодарам на @kim што ја создаде оваа комуна и што се обидува да промовира секакви стилови и форми на уметност. да, и за тоа што ме препорачува на членовите!



Bookmark and Share


edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...