Showing posts with label Metz. Show all posts
Showing posts with label Metz. Show all posts
.


Поминаа повеќе од две недели и решив да споменав ако не на друго место барем во мојот блог дека последново дело кое го направив за изложбата која беше завршен резултат на проектот кој го организираше младинската мрежа Together е сеуште на front page-от на Artwalk TV.

Станува збор за дело/ синтеза на сите три работилници дел од проектот во едно. Mixed-media структура во концептот изразена преку современите форми во уметноста – графит, стикери, инсталација и експериментално видео.

Темата на проектот беше солидарност. Во периодот кога не создававме уметност како дел од работилниците на проектот за multi media, инсталации и street art разговаравме и имавме богати дискусии на оваа тема. Кои се проблемите, какви решенија нуди младината во Eвропа, како ќе се бориме да го промениме степенот на сиромаштија, емпатија меѓу луѓето, еднаквост итн. Една од групните активности кои ги имавме беше мини social/ forum theater работилница каде видовме интересни сцени од секојдневниот живот во кои солидарноста е застапена или не.
Така суптилно се наметна темата солидарност освен во дискусиите и активностите, директно и во креирањето на делата на самите учесници.



Претходно имав период во кој неколку пати на facebook напишував статус во кој употребувам monster како карактерот кој ја создава ситуацијата. И овој пат во моево дело решив да продолжам со истиот субјект. Monster/ чудовиште, сите ние..луѓето со своите маски, скриени во пластичноста и рутината на лажна искреност и придонес за прогрес и еволуција на хуманоидниот склоп во планетава.
Чудовиште за солидарност..ја имав идејата, ги имав милионите чудовишта во мојата глава кои потајно се солидарни, хумани..човечни. Не дека се така родени ама тоа е начинот на кој се обидувам да ги воспитувам. Сите нив требаше да ги извадам некако, во некоја форма..се создадоа една ноќ, неколку десетина. Големи по метар, зборат ако сакаш да ги слушнеш. Решив да ги аплицирам на графитот кој веќе беше започнат. Една празна кутија до мене постана истиот карактер кој го имаше на графитот. Надополнување. и да останеше ненасликана, кутијата сепак ќе ја имаше истата форма :)



Видеото беше внатрешен разговор со самиот себе. Знаевме со Рамзи (координаторот на мулти медиа) уште пред почетокот на проектот дека ќе има некаква соработка меѓу нас. Едно утро му реков, снимај и фотографирај го ова. Го сакам во најкратка форма. За 15 минути го имавме готовиот резултат :)

постои во сликањето action painting ова не знам дали би му дошло action recording :D


..така го имав моево дело спремно за изложба. Склоп од неколку техники, кои се надополнуваат. Испружена колор рака наспроти црно-белите стикер карактери и истата таа рака подадена за солидарност во видеото. Изложбата се одржа во maison de familles во Metz, октомври 2010 година.



Не успеав да ги качам фотографиите од овој проект наречен Monster.S for Solidarity на artwalkTV, го качив само видеото. После неколку дена видов дека сум featured artist на оваа социјална платформа/ комуна на уметници и љубители на уметноста. Ова е втор пат да бидам featured на оваа мрежа. Првиот пат беше поради минијатирите кои може да ги видите на мојот профил таму.

Monster for Solidarity from Kihu Potru on Vimeo.



И благодарам на @kim што ја создаде оваа комуна и што се обидува да промовира секакви стилови и форми на уметност. да, и за тоа што ме препорачува на членовите!



Bookmark and Share


edit post
.
Се збореше наголемо за отварањето на Помпиду, за инаугурацијата, за ноќта на музеите. Собрани група уметници на младинската размена Power of Art дискутиравме за модерната уметност воопшто, за нашите дела, за делата на тие кои не инспирираат. Зборевме многу за Помпиду, за уметниците кои се внатре, за нивниот порив, за нивната мотивација да творат.
.

photo by: Lydia Barone - Daily

Имавме покана да бидеме дел од перформансот припремен како идеја од шпанската артистка Maider Lopez. Во нејзиниот перформанс требаше да учествуваат сите посетители на музејот таа ноќ. Еден од учесниците на нашиот проект беше лидер на група од околу 200 луѓе и секој од нас требаше да добие бел чадор на кој има монтирано ноќна ламба. Со чадорите во рака ги следевме упатствата на лидерите, сијаличките светаа нагоре, а ние се движевме по некоја линија околу Музејот, па, застанувавме. Се доближувавме поблиску до Помпиду, па пак застанувавме. Се снимаа видеа, од сите страни се фотографираше, целиот момент имаше посебна енергија.

Maider Lopez како уметник многу често си игра со промени на релјефите, пејзажите, објектите. Во нејзините варијации вклучува и луѓе со што нејзините дела се интерактивни и подинамични. Публиката е активен учесник во нејзините перформанси. Како идеален почеток на нејзиниот перформанс ја избра квечерината кога целиот музеј беше осветлен.

Овој проект наречен “Eclats” го раздвижи центарот Помпиду, толпата од луѓе која се движеше околу и користеше едноставен објект: бел чадор осветлен одвнатре. Структурата/ формата на чадорот асоцира на архитектурата на Музејот така секој од учесниците симболично беше минијатура од Музејот Помпиду, а како цело сите чадори креираа архитектура слична на таа на Shigeru Ban.
Како илјадници атоми да кружат околу Помпиду, илјадници минијатурни копии на неговата поетска и грандиозна архитектура, учесниците направија нешто неверојатно: метафора за нешто отворено, за нешто што живее, нешто дефинирано од публиката.

Eclats беше извонреден перформанс, луѓето под чадорите беа едно со музејот, се креираа нови начини на движење, различен начин на разбирање со оние со кои се разминуваш, насмевки под светилките.. Од небото изгледавме како мравки околу нивната куќа, движејќи се поблиску до вратата. Како порака во ветрот: одете, одете..поблиску до домот, потоа направете пауза, па пак одете. Во ноќта како новородени ѕвезди го осветливме Помпиду. Мило ми е дека бев дел од еден ваков огромен перформанс.


Ти благодарам Julie Przedmojski за поканата да учествуваме во овој перформанс како и за чадорите за сите учесници од нашиот проект, затоа што знам дека поесетеноста беше двојна и немаше да стигнеме до чадори ако не фигурираме на некоја од листите водени од самата артистка. :)



Eclats - Projet participatif de l'artiste Maider López





Like part of the youth exchange Power of Art we were invited to participate in the big performs that the Spanish performer Maider López was planning to do for the inauguration of the Pompidou Museum on the night of the Museums.

She is playing with the transformation of the landscapes and the buildings and try to put the audience in active participation in her works.
Involving people in her works makes her works very interactive and dynamic. The dusk is perfect time for her project when all Museum is lit.

...

...English version of the article HERE! (my blog about my stay in France)








More about the artist Maider López




Bookmark and Share


edit post
.
Видов информација на интерет за новиот музеј кој ќе се отвара наскоро во градот во кој живеам. Станува збор за Музејот за Модерна и Современа Уметност Помпиду.

Информацијата оди вака:

“Центарот „Помпиду“ во францускиот град Мец, настанат според замислата на јапонскиот архитект Шигеру Бан во соработка со парижанецот Жан де Гастине, е хексагонална градба, која се простира на површина од 10.660 квадратни метри

Над неа се надвиснува брановидна покривна структура, чија кула е висока дури 77 метри. На 5.000 квадратни метри ќе се простираат изложбените простори, распоредени во галерии, тераси и парк.

Како и во оној парискиот, во центарот „Помпиду“ во Мец акцент ќе биде ставен на претставувањето на современите уметници на 20 и 21 век, а проектот е поведен за децентрализација на оваа уметничка институција.

Свеченото отворање е најавено за 1 мај, а првата изложба, според многумина, еден од најубавите музеи на светот, ќе биде посветена на ремек-делата на уметници од минатиот век.”

Нова Македонија


Во наредниов период еден од проектите на кои ќе работам, а се однесува на полето култура и уметност е во просториите на овој музеј. Среќен сум што ќе бидам дел од проект кој ќе се случува и ќе биде презентиран токму во овој познат Музеј.
За него во последно време премногу се зборува. Најмногу затоа што отварањето на овој Музеј доцни едно три години затоа што комбинирањето на повеќето видови стакло, плексиглас, дрво и други материјали одзело повеќе време одошто им било планирано на проектните изведувачи.. Но, секако тоа е дел и од маркетиншкиот трик на Музејот со кој во текот на изминативе години, уште неотворен овој Музеј стигна на нивото на неговиот претходник, истоимениот во Париз. За оној во Париз се смета дека е најпосетуваниот Музеј за современа и концептуална уметност во светот или Европа, а овој одгранок само ја надополнува славата на Паришкиот. Градот Мец очекува разбранување во полето на туризмот со отварањето на овој значаен за Франција објект. Се очекуваат многу туристи од блиските држави како Германија, Швајцариjа, Белгија и Луксембург.

Како дел од овој музеј се спомнуваат неколку прекрасни, огромни, осветлени, со високи тавани галериски простории, простории за времени инсталации, изложби и перфоманси, неколку кафе барови, книжари и простории за одржување на најразлични презентации, саеми и работилници од областа на уметноста. Трајни постановки од едни од најпознатите иноватори во современата уметност за кои ќе зборувам и јас после отварањето. Оригиналноста на овој објект е препознатлива како од надвор по својот уникатен изглед и покрив, така и внатре во прецизната структурираност на просториите и нивната намена. Како простор за релаксирање имаат вградено две градини и тераса.



...повеќе инфо за овој сеуште неотворен Музеј можете да најдете овде, или пак нешто повеќе за архитектите Shigeru Ban од Jапонија и Jean de Gastines од Франција. Доколку сакате можете да ги следите и на twitter.



Bookmark and Share


edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...