Showing posts with label превод. Show all posts
Showing posts with label превод. Show all posts
.
.
:Постојат три големи страсти – алкохол, коцкање и власт.
.

Од првите две некако можеш да се излекуваш, од третата никако. Власта е и' најтешкиот порок. Поради неа се убива, се гине, поради неа се губи човечкиот Вид. Неодолива е како магичен камен, затоа што поседува моќ...

Човекот на власт ги поттикнува кукавиците, ги бодри оние што ласкаат, ги поддржува крадците и неговата претставата за себе си е поубава од онаа вистининската. Сите луѓе ги сметаат за глупи, бидејќи го кријат вистинското мислење од нив и си даваат право да мислат дека знаат се, а луѓето тоа да го прифатат.

Никој на власт не е паметен, затоа што и паметните набрзо го губат разумот и не се трпеливи затоа што ја мразат промената. Веднаш создаваат вечни закони, вечни принципи, вечна структура и поврзувајќи го нивното владеење со Бога, ја зајакнуваат нивната моќ. И никој не би ги сменил за да не настане омраза, непријатност и закана за другите моќници. Нивното уништување е секогаш на ист начин, објаснувајќи го насилството врз народот, а сите се насилници, ги предаваат своите владетели и на никој тоа не му паѓа на памет. И секој што не разбрал, сите брзаат да дојдат на власт, како ноќни пеперутки кон пламен од свеќа.
.
.

Меша Селимович
[слободен превод: Митко Гогов]

.
.
Меша Селимович е роден 26 Април 1910 година во Тузла. Во родниот град завршува основно и гимназија. 1920 се запишува на студиската група за српскохрватски јазик и југословенска кижевност на филозофскиот факултет при универзитетот во Белград. Дипломира 1934, работи како професор, за време на војната бил затворен, политички комесар, уметнички директор на Босна Филм, директор на Народниот Театар, главен уредник на неколку списанија како и редовен и почестен член на Српската кадемија за Науки и Уметности.
.
.

edit post
.оваа недела имавме уште еден предизвик. полека, но сигурно ова почна да се развива во сериозен проект за кој стискам палци. инаку убаво би било да наведам дека преводот од минатата недела е веќе качен на poems.without.borders во неколку варијации/ јазика вклучувајчи го и тој на македонски. станува збор за оној од шекспировиот 'венецијански трговец' , иако мислам дека треба да биде венециски..

тимот кој стои позади оваа страница на интернет е составен од неколку реномирани поети, преведувачи и издавачи меѓу кои Ben Krause, Mutiu Olawuyi, Rama Krishna Perugu, Edurne Semeolvidaron и јас Mitko Gogov.
оваа идеја да продолжиме со процесот на преведување е примамлива за мене како автор најмногу поради тоа што за прв пат се впуштам во процес на преведување и не секогаш толку лесно се снаоѓам. не сум преведувач во суштина и за тоа ова го прифакам како предизвик. оваа недела требаше да преведеме песна/ сонетен венец од Кандаскиот поет од 19 век Archibald Lampman.

бидејќи во сонетниот венец треба да се запазат неколку правила при преведувањето, за мојот превод се консултирав со преведувачка и поетеса од Македонија Жаклина Филипова - Свеќаровска која има долгогодишно искуство во преведувањето. она што јас и го испратив како првична форма нејзе и беше одлична подлога за корегирање. :)
во конверзацијата со неа разбрав дека сепак и не станува збор за лош превод од моја страна, но за мене беше уште поголемо задоволството бидејќи мојот прв обид да направам превод на поетската форма - сонетен венец беше помогнато токму од нејзе. ти благодарам Жаклина ~

:во продолжение проследете го преводот на песната од Archibald Lampman:

Ја немаме слушнато музиката на сферите,
песната од ѕвезда до ѕвезда, но постојат звуци
подлабоки од човечката радост и солзите човечки,
што Природата ги користи во нејзините кругови;

текот на потоците, плачот на ветровите кои го свиваат
дабот, громогласноста на морската плима, моќта
на громот што ја дроби далечината, или дождот
што ненадајно паѓа сред летната ноќ.

Тоа се гласовите на скриената душа на Земјата,
ги изговораaт тајните за местото од каде што доаѓа.
Во оној што умее да ја чуе жалоста над сите граници,

Или необјаснивата радост без причина,
се будат мислите вдомени во неговото срце, како бисер
од пред раѓањето и создавањето на светот.

Во групата на facebook не беше објавен наслов на оваа поема, јас сум во дилема дали всушност истата има име, но како и да е мислам дека штом е првично споделена без име станува збор за поема без наслов, а доколку ви е некако празна како таква крстете ја безимена. :D


Archibald Lampman (17 November 1861 – 10 February 1899) е најголемиот Кандаски натурален поет. тој е исклучително славен со својата натурална поезија (поезија за природата) на што се должи и неговиот углед како во неговата држава така и надвор од неа. ..никогаш немало поголеми љубители на природата од него. избран е за член на Кралското друштво [Royal Society] во Канада во 1895 год. член бил исто и на така наречената "Confederation" group заедно со поетите Charles G.D. Roberts, Bliss Carman и Duncan Campbell Scott. неговите ракописи во голема мера може да се најдат во Queen's Универзитетот во Kingston, Ontario. една од поголемите селекции кои се направени од неговата поезија е онаа на Margaret Coulby Whitridge која вклучува кратка биографска белешка и 1900 песни. иако е очигледно дека работи под инфлуенца на поезијата која во тоа време доаѓа од Англија тој засекогаш ќе остане запаметен како мастер/ мајстор за сонетните венци исто како и еден од најдобрите запишувачи на природата, за кого пејсажите како состојба на душата имаат големо духовно значење кои на извонреден начин ги рефлектира врз човечките емоции. ..природата дава утеха на своите следбеници е неговата порака за генерациите. повеќе за неговиот живот и за неговата работа можете да најдете овде.





Bookmark and Share

.


edit post
.
.
.
:добив покана од poemswithoutborders.org да направам превод на извадок од 'трговецот од Венеција' на Шекспир. идејата е да соберат колку што е можно повеќе преводи на овој пасус кој ќе го користат како промотивен материјал. web страницата сеуште не е update-увана така да преводот сигурно ќе биде качен и таму.

[Poems Without Borders (poemswithoutborders.org) is looking for new, fresh translations of the following modified Shakespeare passage, into as many languages as possible, for use as promotional material.]

:мене лично многу ми се допаѓа овој дел за тоа и решив да го преведам.

---

Have we not eyes like you? Have we not hands, organs, dimensions, senses, affections, passions? Fed with the same food, hurt with the same weapons, subject to the same diseases, healed by the same means, warmed and cooled by the same winter and summer, as you? If you prick us, do we not bleed? If you tickle us, do we not laugh? If you poison us, do we not die?
-The Merchant of Venice, Act 3, Scene 1 (paraphrase)

---

немаме ли и ние очи? немаме ли раце, органи, зафатнина, сетила, чувства, страсти? зарем не ја јадеме истата храна, се повредуваме со истите оружја, жртви сме на истите болести, исти нешта нѐ лекуваат, нѐ топлат и ладат истите зима и лето, како вас? ако нѐ раните нема ли да крвариме? ако нѐ скокоткате нема ли да се смееме? ако нѐ отруете нема ли да умреме?

- трговецот од Венеција, чин 3, сцена 1 (парафраза)

---



инаку да, има и други преводи, како на пример овој кој @Надењка Зузакова го сподели со мене, направен од Богомил Ѓузел или Драги Михајловски:

---

„Нема ли Евреинот очи? Нема ли тој раце, органи, зафатнина, сетила и страсти? Хранет од иста храна, рануван од исто оружје, од исти болести легнат, со исти лекови излекуван, стоплен и измрзнат од исто лето и зима како и Христијаните! Ако нѐ раните нема ли да крвариме? Ако нѐ скокоткате да се смееме нема ли? Ако нѐ отруете нема ли да умреме? Ако ни згрешите нема ли да се одмаздиме?”

- Венецијанскиот трговец, Чин 3, Сцена I

.
.




Bookmark and Share

.

edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...