Showing posts with label novel. Show all posts
Showing posts with label novel. Show all posts
.
.
.
.
“No pen, no ink, no table, no room, no time, no quiet, no inclination.”

.

:Денес замина на другиот свет една голема поетеса, Wislawa Szymborska, нобеловец, писател, поет, есеист. .. за неа веќе споделив на другите социјални платформи. Овде сакам да споменам за некој кој на денешен ден пред многу години (или поточно 130) се родил. Познатиот култен, ирски писател.. лидер на современата литература, (пос)модернистот Џејмс Џојс.

.

Џемс Џојс (2 февруари 1882 - 13 јануари 1941) бил ирски писател и често е сметан за еден од најпознатите личности во светската како и во англиската литература. Најпознат е по неговото дело „Улис“ и по контраверзното дело „Будењето на Финеганови“. Исто така Џејмс Џојс е доста познат и по колекцијата на раскази „Даблинци“, приказни што го претставуваат животот во Даблин. Се смета за родоначелник и втемелувач на модерниот прозен и експериментален пристап, познат под името „состојба на свеста“. Портрет на младиот уметник е автобиографски роман, во кој за првпат ја употребил техниката „струја на свеста“, а целосна примена на оваа техника наоѓаме во неговото централно дело Уликс. Во Будењето на Финеганови го прикажува текот на свеста во сон. Со своите дела Џемс Џојс извршил големо влијание врз светската книжевност. [од mk.wikipedia]

Иако на светот е познат по прозното творештво, би сакал да нагласам дека освен контроверзните книги за кои сеуште има расправии поврзани со авторските права, тој бил и одличен поет. Не за џабе потсвеста си заиграла со него, па кога го стигнала формата на изразување едноставно не била важна. Поседувал извонреден раскажувачки талент кој сеуште плени млади автори, почетници како и искусни пишувачи. Неговата структура е дефиниција за квалитетно пишување, начинот на кој ги соголува приказните е метафизика на постоењето. Да дишеш со неговиот ум, да живееш внатре во неговите книги е уникатно чувство кое малкумина го поседуваат.

Нема да пишувам долги реферати, мислења. .. можеби некогаш ќе обработам некоја од неговите книги, од оние кои сум ги прочитал и го промениле мојот колосек, концепт и начин на размислување. Сега засега тоа е тоа – среќен РОДЕНден г-дине Џојс, Џејмс Џојс!

.

ова е една сликичка, цртеж на јапонска хартија, портрет на великанот направен од некој од луѓето кои ги следам на tumblr. информацијата одеше некако вака :::ink on Japan _by #bblacha освен што ги избришав димензиите за кои сум сигурен дека беа мали. .. хартија, лиФче. освен сликичето ќе споделам еден од моите поомилени воодопади, песна од господинот кој знае, умее како со зборовите. will u come to read with me? - извини дека е на англиски, ама тоа е! see ya ~

.


All Day I Hear the Noise of Waters


All day I hear the noise of waters
Making moan,
Sad as the sea-bird is when, going
Forth alone,
He hears the winds cry to the water's
Monotone.

The grey winds, the cold winds are blowing
Where I go.
I hear the noise of many waters
Far below.
All day, all night, I hear them flowing
To and fro.

edit post
.
.
.
.

викендот е одлично време да се проследат информациите кои сме ги пропуштиле во текот на изминативе денови или не сме имале доволно време да ги прочитаме, разгледаме. ..една таква информација помина минатата недела на guardian.uk и единствено што успеав тогаш да направам е да ја bookmark-ирам страницата како би можел деновиве да ја отворам и проверам.

доста важна информација од областа на литературата, официјално објавен потесниот круг на кандидати, номинирани за наградата Booker. меѓу нив се наѓаат автори кои за прв пат се појавуваат на оваа листа, такви што веќе им е втор пат да бидат во потесна конкуренција, како и отворената можност за дебитантите.



во продолжение текстот од guardian.uk:



жирито кое се фокусираше на "читливоста" на делата изработи листа на кандидати за Букерова награда 2011, која од друга страна е награда која е обвинета за ширење популизам. Џулијан Барнс (Julian Barnes) е единствениот фаворит кој помина во потесниот круг. Тој ги придружува Керол Бирч (Carol Birch), втор пат романсиерот Патрик Девит (Patrick deWitt) и Еси Едугуан (Esi Edugyan), како и дебитантите Стефан Келман (Stephen Kelman) и АД Милер (AD Miller) на стеснетата листа за Букер која ги разѕвони сите книжарници наоколу. Тука се собираат и различни аудио снимки, осврти/ рецензии, интервјуа и карактеристики, како би имале можност целосно да се запознаете со сите кандидати.


The Sense of an Ending _ Букерова награда за проза 2011
18 октомври, 2011
www.themanbookerprize.com

Омилениот Букеров за оваа година, Julian Barnes, триумфира со главната Букерова награда.

На 18 Октомври, 2011 година Julian Barnes беше прогласен за добитник на Букеровата награда за проза за книгата The Sense of an Ending, публикувано од Jonathan Cape и освои £50,000.
со седиште во Лондон Barnes беше букеровиот фаворит за наградата уште кога се појави во потесниот круг на кандидати на 6ти Септември. во описот на наградата стои "благороднички бинго", а Barnes три пати до сега бил избран во потесниот круг. 2005 со Arthur and George, 1998 England, England и 1984 Flaubert's Parrot.


Првиот роман на Barnes после шест години, The Sense of an Ending директно се пласира во објавените листи на бестселери. Тоа е приказна за навидум обичен човек, кој кога се потсетува на неговото минато подоцна во животот открива дека спомените кои ги чува се малку или повеќе совршени.. Украсен со неговите заштитни знаци како прецизност, умешност и знаење, ова е дело на еден од најпознатите писатели во светот. Во времето кога беше направена потесната листа на можни добитници. Gaby Wood, член на жирито искоментира: "дека трагедијата заробена во овој световен живот треба да биде раздвижена и мошне чувствителна од карактерите што само тој може да им се спротивстави половично слепо и во фрагменти, и тоа е Ознаката на навистина маестрално дело/ роман.

"Делото на Барнс има елементи на класичен роман од англиската литература. Напишан е на извонреден начин, со суптилна содржина која открива нови длабочини после секое читање", го образложува изборот Стела Римингтон, претседател на жирито.

"The Sense of an Ending" е 11-от роман на Барнс, кој ги истражува сеќавањата, раскажувајќи ја приказната за навидум незначајниот и здодевен живот на администраторот Тони Вебстер. Книгата е прилично кратка, има само 150 страни, но тоа не е најкраткото дело кое добило Букер. Рекордот го држи "Offshore" на Пенелоп Фицџералд.





Bookmark and Share
.
.

edit post
.
.
.
.
.постмодернизмот стана широко признат како движење од епски обем, иновативни техники и широк опсег на психолошко и интелектуално влијание. почетокот на постмодернизмот е неизвесен, но за доброто на континуитет, Finnegans Wake од Џејмс Џојс е избрана за хронолошка почетна точка на оваа листа. книги кои влегоа во овие рамки се избираа по вкупниот/ целосниот квалитет кој го нудат како дело, помалку по влијанието кое го вршеле во континуитет.

пред неколку дена видов некаде селекција на најдобрите 20 дела во постодерната литература. некои од нив не беа посебно привлечни, барем оние од 12, па нагоре. ги селектирав првите 10 ги снимив на компјутер и еве ги во мојата Топ 10 листа на најдобрите дела од постмодернистичкиот период во литературата. ..оној кој претставува update-ирана модерна, т.е. периодот во кој живееме и егзистираме до ден денес. [или не?!]

редоследот во листата ќе оди од 10-тото па надолу се' до книгата која е на првото место.


10. Molloy, Malone Dies, The Unnamable - Samuel Beckett

Троен-урок од учителот/ мастер за апстрактен минимализам, чија техника на гледање објективно на овој субјективен свет го однесен во својот зенит со оваа трилогија на мета-фикциска неуроза, во која живеат карактери и преку ситуациите во кои се наоѓаат ги испреплетуваат меѓусебно се додека на крајот не стане очигледно дека тие карактери заедно се фикција на една единствена личност. Сериозен и извонредна работата на Џојсовата густина.




9. House of Leaves - Mark Z. Danielewski

Лавиринт од ергодска* структура, романот на Danielewski од неодамна стана еден од култните класици и со едноставно отварање на страниците ќе забележите дека нема друга книга како оваа. кодирана типографија, зборовни колоритни асоцијации и прецизно вклучување на митолошки и метафизички референци кои оваа институција од роман ја претвораат rorschach тест на скалата на Minsa.

*ergodic - ergon, meaning "work", and hodos, meaning "path"




8. Breakfast of Champions - Kurt Vonnegut

Иако мислевме дека Slaughterhouse Five можеби е негово најпознато дело, ова е книгата која треба да биде вклучена во пантеонот на оваа солипсичка нарација. Иако често занемарена како себебендисана и не доволно добра , Breakfast of Champions е персонален account/ сметка на фразата "совршена параноја е совршенa свесност." Понтиашкиот продавач Dwayne Hoover станува опседнат со работата на Sci-Fi писателот Kilgore Trout, незапирливото кружејки во акутните ерупции на анксиозност кога верува дека тој е единствениот човек кој се бори против светот на реифицираните хуманоиди. Црна сатира на врвот од својата моќ.




7. Labyrinths - Jorges Luis Borges

Делата на Борхес е невозможно да се опишуваат без длабока анализа, бидејќи тој има моќ во само пет страници да вклучи универзум на бесконечно привлекување. Дури и денес, многу раскази од оваа колекција се отворени за интерпретација.




6. Fear and Loathing in Las Vegas - Hunter S. Thompson

Епско вклучување на новинарската интерпретација и интервјуирање од местото на настанот и супериорни обиди во презентирање на комбинацијата од факти и фикција кои преку извонредни сурреалистички слики ја градат најголемата сатира за дрогата и политиката во оваа епоха.




5. American Psycho - Bret Easton Ellis

Ни една друга книга од овој вид не е толку ужасна, смешна, полемичка или вознемирувачка како што е приказната за yuppie-то* Patrick Bateman од Вол Стрит кој спокојно ги прераскажува деталите од неговиот убиствен живот, сите во апатичеи тон, кој ги комбинира магичниот реализам со минимализам на некој начин на кој ниедна друга книга неможе. Нејзините брзи промени од комедија на хоророт се случуваат во таква опасна брзина што целиот тек на свеста те носи на едно ново ниво на страв.

*yuppi - young urban professional или младич со академско образование, вработен и добро платен по професија и живее и работи во близина на голем град.




4. Catch-22 - Joseph Heller

Најпарадоксалната воена книга некогаш напишана, Хелеровиот роман е широко признат како еден од најголемите романи некогаш напишани, неговата структура ја потенцира иронијата и повторувањето што ја зголемува и иритацијата во помала рака. Зацементирано е мајсторството на Хелер во литературниот свет.




3. Gravity’s Rainbow - Thomas Pynchon

За да можете вистински да ја опишете оваа новела значи да завршите со неуспех: пастиш на параноја, поп-културата, секс и политика што ја превртуваат нарацијата во преден план со суптилна метафорична дисциплина, како животот на неколку луѓе наместени околу центарот на параболичното вложување на ракета "0000". Споредбите на романот и неговата симболика со Ulysses и Moby-Dick не се оправдуваат поради неговата посебност.




2. Naked Lunch - William S. Burroughs

Толку многу е веќе напишано за влијанието на оваа книга што ако одиме понатаму би се чинело излишно. Веројатно романот кој го става постмодернизмот на неговата современа патека, филтрира параноја, дрога и влијанија од еротика до детективска фикција и научна фантастика го прави еден од највлијателните и незаборавни дела во современата литература.

[J.Frater: Ова е еден од моите омилени книгина сите времиња - ако не сте го прочитале - направете го тоа!]




1. Infinite Jest - David Foster Wallace

Неодамна заминатата Wallace ја остави зад себе највозбудливата, најдлабоката, најкомичната, најтажната, најзагрижената и целокупно најпрозорливата максималистичка книга во постмодерниот канон. Паралелите настанати помеѓу академијата Enfield Tennis, Ennet Drug и Alcohol Recovery House користејќи наизменични езотерични и колоквијални зборови (и неговата заштитна марка 'фуснотите') го создаваат најепското и исцрпувачко дело/ роман на модерните времиња.




:сугурно има уште многу автори кои заслужиле да бидат дел од оваа листа, но сепак, селекцијата која ја направиле на listverse заедно со соработката на F. McClure е солидна.

.меѓу оние кои недостигаат на оваа листа, а се достојни да се споменат би требало да бидат и: Finnegans Wake, Fight Club, The Unfortunates, A Clockwork Orange, Lolita, Godel Escher Bach и уште многу други. ..

..но, за некои други листи во некоја друга прилика, ако сакате можете да ја видите листата на најдобри автори кои оставиле влијание во мојот живот.


:текстот може да го пронајдете исто така објавен и на оКно.мк

Bookmark and Share

.

edit post
[..некаде потаму во времето]


.ова е една промоција која ја реализирав пред неколку месеци. поради немањето доволно време да пишувам за сите блогови до сега овој текст не беше ставен овде. значи, со Бобан пријателството го започнавме за време на една друга промоција на која учествував, 'географија на маленкоста' на Ацо Гогов пред година и повеќе во центарот за културата во Струмица.

идејата за промоцијата на Монотонија беше да се направи алтернативен настан во Струмица преку кој граѓаните ќе можат да се запознаат со книгата, нејзиниот автор како и содржината на самата книга. со Бобан разговаравме долго за локацијата и самата промоција, бидејќи промоцијата требаше да се случи пред да одам за Франција, а се случи откако се вратив. [one year after]

за промоцијата решивме дека најдобро ќе биде доколку освен класичниот начин на презентирање на книгата, со критички осврт и мал разговор, ја надополниме со видео арт проекција, како и џез концерт кој треба да започне веднаш после официјалниот дел од промоцијата. така и беше, промоцијата помина одлично, публиката (во не толку голем број) задоволна од тоа што го виде и слушна како и медиумите кои се здобија со една информација повеќе. се надевам соработката со Бобан Богатиновски ќе продолжи и во иднина и струмичката публика ќе има повторно можност да се запознае со неговото творештво.



текстот во продолжение беше постиран после настанот на порталот на strumica.net, a го напиша прекрасната Тања Грошева. и' благодарам за тоа!

* * *

- Имаш ли идеја што можеме да правиме ние двајцата, а притоа добро да се чувствуваме? Михаил само се насмевна. Претпоставував дека помисли на неколку згодни девојки и добра забава.
- Мислиш на привремено задоволство. Постои привремено и постојано задоволство.
- Она привременото, привременото - се насмеав.
- Почна ли да се буди татковскиот нагон во тебе - прашав?
- Јас ќе имам деца во рајот.
- Како мислиш во рајот?
- Рајот ќе биде на земјата, не на небото.
- Ова мене ми звучи на утопија. Има работи од кои можеме да се откажеме и работи од кои не смееме да се откажеме - констатирав.
Што всушност очекував од Јеховините сведоци. Внимание, љубов?! Можеби едноставно уживав во нивното друштво. Да, тоа е вистинскиот одговор. Уживав во нивното друштво, посебно ако беа вешти во уметноста на конверзацијата.

Неизбежно е... ако зборуваме за едно маркантно дело што синоќа доживеа претставување и промоција пред струмичкиот аудиториум на читатели, да не го почувствуваме неговиот мирис и вкус барем од далеку, барем малку за да можеме да се доближиме подобро до духот и содржината кое го носи истото. Овие претходни редови или дијалог не се од мене туку така извадени, туку баш поради причината која ја веќе спомнав, подобро да се доближиме до книгата “Монотонија“ произлезена од интригантното перо на авторот Бобан Богатиновки.

Книгата “Монотонија“ со својот одраз во огледало претставува роман-исповед, роман кој го потврдува Бахтиновиот став дека во самопресметката - исповед е потребен друг судија, кој мора да заземе став кон ученикот, но и ученикот е оној што суди. Соочувањето со другиот како начин за пат до себе си е фатално за ликовите во книгата, како што пишува и во самиот поговор кон делото.



Книгата е издание на “Култура“, а нејзиното вистинско претставување синоќа пред струмичките љубители на убавиот збор беше овозможено секако од нејзиниот промотор, познатиот уметник Митко Гогов, каде на најсуптилен начин ја прикажа самата убавина на оваа книга гледајќи ја нејзе како книга за локалната култура, комуникацијата, за лажното препознавање, за идентитетот. Како паралели помеѓу малиот град, умот како целина, манастирот и неговите конаци како прибежиште од еден мал свет, во друг уште помал. Како желба да се пронајдат одговори кои ја кристализираат медитацијата на умот и раѓаат спокој во душата.

Всушност во еден дел од неговото целокупно исцрпно излагање читателот се фати како риба на мамка од јадица за да се појави желба оваа книга да биде следното негово книжевно уживање, и неизбежно е да го цитирам овој дел на промоторот Гогов:
“...И на Господ му е досадно“... така авторот се обедувa да ја оправда дефиницијата за колективната монотоност на нашето општество и тоа не индиректно, туку директно во конкретни разговори со луѓе од mainstream таборите на повеќето верски институции од државата.

Со оваа промоција која резултираше со голема заинтересираност, остана интригата дали најсилниот мотив на авторот Бобан Богатиновски е силниот христијански порив да преку монотонијата на баналните размисли за се', во се' и над се' да воведе драматургија која преку главниот лик гротесно ќе ја обликува судбината на луѓето кои херметички размислуваат?! Одговорот се наоѓа со вртењето од првата па се до последната страница на ова дело, а и дури и кога би го завршиле, дали би дознале?!

Очекувањата се ова дело да стане помеѓу најдобрите бестселери во државата. Веќе се наоѓа во потесниот круг или поконкретно кажано со помината прва селекција за “Роман на годината“ за избор на најдобар роман напишан на македонски јазик при конкурсот на “Утрински весник“. Како што ни се претстави и самиот автор “ова дело со стекнувањето на неговата зрелост го чека долга и голема иднина“, со досега соочената прифатеност и критика гордо би признале дека е во право.

Кој е всушност Бобан Богатиновски?!


Автор кој е роден 1971 г. во Куманово, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, што и самата негова природа зборува многу соочувајќи се со фактите дека автор е на многубројни издадени книги досега, поезија меѓу кои: “Луцидни халуцинации“, “Прекрасен ден за умирање“, “Светлината е посилна“, “Барајќи карпа за молитва“ како и на романите “Соба за разговор“, “Коцкар“ и последната – најновата, романот “Монотонија“. Воедно член е на Друштвото на писателите на Македонија. Објавувал во сите позначајни литературни списанија. Застапен е исто така во хронолошките прегледи на помладата македонска поезија и дел од неговата поезија е препеана и објавена на бугарски, романски, словенечки и англиски јазик.

Струмица е град кој има големо срце и уште поголема душа, и секогаш е добар домаќин и топло ги пречекува овие збиднувања. Што исто така беше случај и со претставување на ова дело – колку повеќе има претставување на вакви големи имиња и дела толку градот, а и живата материја во неа се храни со духовност. Честа на ова преставување ќе го искажат домаќините со уште еден краток пасус од самата книга, а тоа би било ова: “Ако посакувањето се случува во мислите, тука нема дело, нема грев, ниту докази за сторениот грев. Помислите имаат индивидуална димензија, се случуваат во нашата глава и се' уште на никој не му имаат наштетено“...


Bookmark and Share

.


edit post

Though he and his wife, Vera, were rarely apart, the author wrote to her for more than 50 years
By Shaun Walker in Moscow

Љубовни писма од Владимир Набоков повеќе од пола век стари, напишани за неговата сопруга Вера, откриваат една нова страна од животот на еден од најдобрите љубовни писатели на 20 век. Повеќе од 300 писма се најдоа во колекцијата на неговиот син Dimitry кои ќе бидат издадени во текот на наредната година на англиски јазик. Селекција/ извадок од писмата се појави минатата недела, напишани на оригинален руски јазик, во руското списание Сноб.

Писмата ја откриваат романсата помеѓу Набоков и Вера Слоним, потоа Набоков, од средбата во Берлин, 1923 до непосредно пред смртта на Набоков во Montreux, Швајцарија, 1977 година.

Набоков ги посвети речиси сите неговите издадени дела на неговата сопруга, која беше негов лектор и преведувач, а двајцата беа пар која ретко се разделува. Како и да е, нивниот син единец пронајде повеќе од 300 писма во архивата на неговата мајка. Таа ги има уништено нејзините писма за Набоков.

Набоков ја запознал Вера на хуманитарен/ добротворен бал во Берлин и нивните први писма се полни со страст, дива страст.
"Како можам да ти објаснам, радост моја, злато мое, моја небесна среќо, колку сум целосно твој – со сите мои спомени, песни, импулси и внатрешни потреси."* - и пишува Набоков по кратко време од кога ќе ја запознае. "Да ви објаснам дека не можам..да се сетам на најневажниот инцидент без жалење – какво болно жалење! - дека ние не поминавме низ сето тоа заедно – можеш ли да разбереш, моја радост?"*

*"How can I explain to you, my joy, my golden one, my heavenly happiness, just how much I am fully yours – with all of my memories, my poems, impulses and inner tremors?"
*"Explain to you that I can't... recall the most insignificant incident without regret – such painful regret! – that we did not go through it together... – do you understand, my joy?"

...

Роден во аристократска фамилија во St. Petersburg во 1899 Набоков го поминува своето детство во Русија. Кога доаѓа болшевичката револуција 1817, семејството побегнува и тој започнува со јазичните студии на Tринити колеџот во Kембрич [Trinity College, Cambridge]. По дипломирањето се вселува во руска емигранска заедница во Берлин и ја започнува својата пишувачка кариера. Неговите први книги ги пишува на руски јазик, потоа, подоцна некои новели/ романи, вклучувајќи ја и Лолита да бидат напишани на англиски јазик.

Писмата се напишани со препознатливиот стил на Нобоков – вели Sergey Nikolayevich, заменик главен уредник и одговорен уредник на списанието Сноб. Тие не можат да бидат споредени со било што друго во историјата на напишаното/ писмата, зборовите, тие се дел од наслетството на еден голем поет и писател.

Писмата се размислувања за различни теми "Небесниот рај, веројатно е прилично досаден и има толку многу мек ангелски јорган/ памук што пушење е забрането.* - пишува авторот еднаш . "...да потсетам, некогаш ангелите пушат, криејќи го тоа со своите крилја, кога архангелот доаѓа ја фрлаат цигарата подалеку: така ние на небото гледаме комети." *

*"Heavenly paradise, probably, is rather boring, and there's so much fluffy Seraphic eiderdown there that smoking is banned,"
*"... mind you, sometimes the angels smoke, hiding it with their sleeves, and when the archangel comes, they throw the cigarettes away: that's when you get shooting stars."


Во текот на 1940 и 1950 година кога Нобаков живеел во САД, писмата многу често содржеле опишување на некое патување што во себе носи сличност со патеписот во Лолита, каде Х/умберт Хумберт го носи малолетното девојче од мотел во мотел.
Ние почнавме да забележуваме од каде доаѓа идејата за Lолита – вели мр. Nikolayevich.

Подоцнежните писмата, напишани со чувства, му служат за по прозаично изразување на структурата/ прашањата – како ги сака подготвени јајцата и која е цената на млекото.

преведено од страната на ~ The INDEPENDENT.co.uk



Bookmark and Share

.

edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...