- знаеш во принцип има премногу fаn page-ови, поентата е да се следи мудроста на авторот, не полетите на неговите следбеници. ошо (како и сите други) се чита најпрво од книга, ако сака да се научи неговата мисија.

#lame е промовирањето длабока мудрост, далеку од учителите и разумното размислување, свесно, трезвено, изладено.. не може тоа што некој учител го давал од колено на колено да се разбере од една слика или квотација.

:социјалните мрежи имаат друг концепт - learning via social media tools = instant learning. ова инстант духовно олицетворување/ учење не ми се допаѓа, не е вистинско и е` се подалеку од изворот.

- не сум го учел ошо, ниту ми е водич/ `свет учител/ гуру повеќе ми личи на претприемачки лидер. .. модерните проамерикански учители ми биле одлична, забавна белетристика. за моето учење се посветив на најстарите записи, сигурен сум дека и ошо не ги прочитал сите .. нејсе, тргнал да просветлува, како многуте истомисленици..

:важно е да знаеш кој и што бил човекот пред да стане `гуру`!

- потребно е да знаеш повеќе освен самата мисија на твојот духовен учител, приватниот живот ги доловува најпотребните делови од знаењето.. секогаш. тоа е кога се дивиш на некој добар писател или режисер без да знаеш како е поткован. непоткован коњ ја знаеме приказната, не?

* * *
интересно е кога спиритуалното учење поминува низ очите, заедно со сликичките со голи жени.. една под друга. но, јас говорам за едно друго ниво, друго следење на источните духовни патешествија. не збориме овде за `ошо како daily инспирација`, тој е многу повеќе од куељо и `мудрувањето, учењето за спиритуализмот` на овој начин според мене не е`вистинскиот пат.

преку илузијата до суштината или преку пократкиот пат?
- сигурно ошо не велел медитирај на цицки да ја спознаеш нивната внатрешна убавина (сатирично метапараболизирање), и ако имаш квотација под цицките сигурно ќе ги покренеш веѓите, овај очите.

длабоко верувам дека ако некоја вистина треба да стигне до тебе, а ти си на правиот path, таа ќе дојде и како скината страница од книга на улица, и само ти ке ја видиш и ке ја земеш.

!доаѓа ера во која Сите повторно ке се завртат кон вистинското лице на Бога, не неговите илуминати. .. последната реченица читај ја како трансцеденција.. pure Absolut True!

:bless, bliss & light my friend ~
.
.

edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...