Showing posts with label installation. Show all posts
Showing posts with label installation. Show all posts
.
.
.
.




Вчера, 5ти Декември официјално беше прогласен победникот на Британската канал 4, а конкуренцијата како и секоја година така и оваа не беше лесна.


Годинашнава награда отиде во рацете на Martin Boyce, 44 годишен уметник кој успева извонредно да комбинира современа архитектура и дизајн. Освен што оваа награда му донесе £25,000 го постави и на заслуженото место во историјата на британската и светската современа уметност.

Самата можност да влезеш во конкуренција за оваа награда е од огромно значење за секој уметник кој создава уметност која би требало да комуницира со луѓето и реалноста во која функционираме. Неговата уметност на еден посебен визуелен начин прави одличен спој на внатрешниот и надворешниот свет, оној кој го перцепираме и оној интимниот, кој го доживуваме.
Иако, создава големи на димезија/ размер, специфични инсталации, ефектот кој тие го имаат врз публиката е поразличен, тие умеат да комуницираат на еден специфиче, интимен начин со гледачот, и тоа секој од елементите на посебен начин. Референците кои ги споменуваме погоре се основа на неговото творештво, но во комбинација со тие избледени сурреални слики од соништата и нивната адаптација со наследсвото кое го остава современата уметност, неговите инсталации те доведуваат до чувство на дезориентираност, поместеност дури и премостеност, како во некое друго време, простор, речиси театрално со доза на дијалог помеѓу она што го гледаш и тоа пто го чувствуваш.




Инспириран од лисјата, дрвјата, есента и амбиентот кој го создаваат тие се само почетни двигатели кои го мотивират да со играта на геометријата почнува да ја истражува сопствената оригинална форма на израз учејќи и водејќи се на некој начин од совршената геометриска игра која во 1925 година ја користат Jan и Joël Martel. Извонредно го анимира просторот со неговите форми и дела и создава уникатна магична средина во која посетителите на еден смирен, медитативен начин имаат допир со уметноста на денешнинава. Индустрискиот дизајн му влијае во архитектонските форми и обратно, паралелата која ја создава е извонреден пејсаж во просторот. Меланхолично, поетско отсликување. ..кое наспроти цврстата структура на материјалите кои ги користи ја прават неговата уметност заслужна за оваа награда.




Делото кое остави најголем впечаток кај жирито е наречено "faded dreamscape" и иако најпрво не успеал да се запише на ликовна акадмија, со помош на вечерните часови кои подоцна ги земал и големиот труд кој го вложил успеа неговиот квалитет да исплива на површина.

Ќе нагласи на доделувањето:
"When education is going through the wringer, it is important to acknowledge the value of teachers."

Во потесната конкуренција после објавувањето на листата во мај, за која некогаш потаму во времето пишував и јас овде, пред неполн месец во потесниот круг заедно со него беа: Karla Black, George Shaw и Hilary Lloyd. Интересно е да се спомене овде дека секој од овие номинирани артисти работи посебна техника и посебна дисциплина и формите, делата кои ги оставаат се крајно различни и во суштината, и во начинот на создавањето како и во пораката која ја носат со себе. Од Linkкласична скулптура, хипереалистично сликање, преку видео арт до оваа наградена естетски најопиплива форма на комбинација на инсталација која ве поврзува во амбиентот кој го нуди природата сама по себе пренесена на тој својствен начин кој го владее Martin Boyce.



Неговата уметност е како елегија по чистотата на современата, тој успеал со ова дело да ја внесе есента внатре во тој простор, односот на сите елементи внатре е во прекрасен баланс со енергијата која циркулира околу. Начинот на кој елементите открииваат посебна ментална состојба е она што на посетителот му прави трајно да се поврза со ова дело, можеби главниот фактор жирито да се одлучи да му ја додели токму него наградата, иако се работи за уметник кој по потекло не е британец и трет пат Шкот успева да им ја земе најголемата британска награда на силната фела од уметници кои создаваат во својата матична земја.








Деновиве се води голема дебата за важноста на оваа награда за светот на современата уметност и колку е потребно да се има критичко око и длабоко разбирање и анализирање на современите форми затоа што во текот на годините се повеќе и повеќе галерии се борат и стојат рамо до рамо со музеите и промовираат купишта автори и дела, со што само ја заматуваат големата слика и искреното (пре)познавање на современата како цело.

И оваа година жирито заврши извонредна задача, јас како човек кој директно е вклучен во процесот на создавање уметност само би додал дека Martin Boyce заслужно може да ги инвестира заработените пари од наградата во неговото студио и на престојната изложба која ја подготвува и секако на забава и малку релаксација со неговите родители, жена и деца на кои им е бескрајно благодарен.


..ако сакате да читате уште многу, многу и Ве интересира што понатаму со овие уметници, кој-што работи во иднина, дали ќе има и следната година 'локални странци' кои ке им бидат сериозна конкуренција на домашните, можете да си ја отворите имагинацијата, линковите водат до некои информаци. ..а, за другите проверете: guardian, channel 4, washington post и многу други. ~

останете со здравје драги читатели ~






Bookmark and Share

.

.

edit post
.
.



"езеро од нафта" на Richard Wilson беше првото уметнички дело што ми создаде театарска возбуда. Но, има потивки, посуптилни уметници на патеката/ листата за наградата Тurner оваа есен, како што е кандидатот George Shaw.
Какво уметничко дело може да ви направи да го почувствувате wow факторот? Ова не значи само да сте импресионирани или да го сакате тоа дело на уметноста. Мислам на особената театарска атмосфера на современата уметност, онаа што возбудува, забавува, и го пренасочува гледачот на начин кој ве тера да речете ... "wow".

Британската современа уметничка сезона навлегува во луда фаза/ расположение. Со новата Tate Turbine Hall комисија, Тurner наградата и саемот на уметноста Frieze сите еминентни и неизбежни настани, тоа е време да се направи гаргарење на грлото и да се извежбаат гласните жици да бидат подготвени да кажат ... "wow". Или можеби само да го кажете во вашата глава, а да погледнете и прочитате некоја уметничката теорија како би можеле да зборувате со користење на поимпресивни фрази. Или останете дома и гледајте телевизија или работете во вашата градина. Еј, јас не ја имав оваа одлична идеја за компресирање на современата уметност од една година во една недела. Не обвинувајте ме мене за тоа!

Во секој случај, првото уметничко дело кое го произведе современиот wow фактор за мене дома беше елегантното и темно, рефлексивно и очигледно езеро од нафта без дно на Richard Wilson, 20:50, кое за прв пат го видов во старата галерија на Saatchi во Швајцарија. првата прошетка во ходникот помеѓу инсталацијата поставена од двете страни на ѕидот, нафтата што притискаше на рабовите, задржана од молекуларната сила што се поддава од челичните ѕидови беше извонредна. Стаклената рефлексија создава чувство на лебдење во воздухот и наеднаш чувствувате закана од нафтата и опасност од паѓање: како што го пишувам ова се сеќавам на тоа чудно чувство на клаустофобија и вртоглавица.

.сеуште може да ги видите дефинитивните уметнички дела од современата уметност во преместената галерија на Saatchi уште денес. Во раните 1990-ти, критичарите често пишуваа дека вкусот за wow фактор беше навистина производ на сензабилитетот на промовирање кој го користат во галеријата Saatchi. Тие дури и ја купија киселата ајкула!

Сега знаеме дека е нешто повеќе од тоа. Нешто поврзано со театралноста на уметноста денес ја ослободува и го зголемува задоволството. Таа возбудата од одењето во музеј или добивање гратис возење во луна парк е многу реална и очигледно универзална.

Сепак, оваа есен меѓу делата постојат и некои имитации на потивката уметност. Tate Turbine Hall оддамна го украде тронот од Saatchi галеријата и денес е дефинитивната арена за култура, како спекталите. Уметникот кој оваа година изложува таму е Tacita Dean. Нејзините филмови, цртежи, фотографии и монтажи се спротивставуваат на wow факторот. Тие веднаш ве тераат на мисла. Таа е навистина сериозна, а во најдобриот начин мистериозна и нејзиното дело изложено во Tate ветува дека ќе биде вистински настан, не само како спектакл, туку и како мрачна, суптилна, комплексна уметност.

Слично на тоа, во конкуренцијата за наградата Тurner најфасцинантен кандидат е George Shaw, сликар на длабочината и страста. Shaw е тивок, чудесен уметник. Неговите слики се морничава сцени од разрушените рабови на современиот британски живот. Надреално и тивко, тие ја повикуваат вашата имагинација. Ништо не може да биде подалеку од културата на wow од уметноста на George Shaw. Никој до сега не изгледал како кандидат кој повеќе ја заслужува наградата Тurner од него.


Subtle power ... George Shaw's Scenes from the Passion: Ten Shilling Wood, 2002. Photograph: George Shaw/courtesy Wilkinson Gallery, London


Значи, вистинските уметнички чуда оваа есен ќе го остават 'wow' факторот далеку зад себе.


:Adrian Searle – збунувачки е, но, тоа се Turner наградите!



.меѓу нив ќе ги најдете скулптурире на Angela de la Cruz, сликите на Dexter Dalwood, видеото од групата Otolith и звучната уметност од Susan Philipsz. Ова е досега најразнобојната/ најразличната селекција на автори кои влегуваат во конкуренција за наградата Тurner. Ликовниот критичар од Guardian, Adrian Searle открива дека има премногу дела кои можат да бидат обожавани оваа година и секако прогнозира за поедникот на Turner наградите за 2о11 со George Shaw.

.



1oq _guardian.uk



Bookmark and Share
.
.

edit post


Можам да пишувам за Basquiat многу. Тој е еден од модернистистите (нео - експресионист) од кои сум посебно инспириран. Почнал како уличен/ графити сликар, за да неговите дела на крај завршат во најглавните галерии ширум светот. Презентира нов начин на живеење, даде нова дефиниција за животот. Уникатен, оригинален сликар со краток животен век, но голема историја позади него. Доколку сакате да прочитате повеќе за него и неговата работа можете да најдете овде и овде. Може да се најдат испишани стотици страници каде во целост стои историјата на неговиот живот делата кои ги создал и неговиот приватен живот, во кратко, Basquiat умира од over dose на 27 години во 1988 г. и остава позади него околу 3000 дела содадени во период од 8 години.

Овде само ќе споменам дека за време на мојата посета на Швајцарија, Базел, имав можност да ја посетам The Beyeler Foundation gallery и да ја погледнам ретроспективната изложба на делата на Basquiat. Беа изложени повеќе од 100 слики, цртежи и најразлични објекти, со карактеристичен храбар, болдиран и светол стил, распоредени во неколку изложбени простории. Многу од делата кои беа презентирани припаѓаат на приватни колекции и чувството да ја имаш можноста да ги видиш сите на еднаш беше неопишливо.



Комбинацијата на пораките, боите, ликовите, карактерите и луцидната комбинацијата на најразлични објекти и freaky материјали, е нешто по кое Basquiat ќе остане запаметен. Детската игра на наивните линии кои од едниот крај на сликата завршуваат како пајажина на другиот, боите кои некогаш како близнаци соединуваат, некогаш дејствуваат како посебни планети. ..

Некои од фотографиите кои ги направив со мојот мобилен. Не се ни приближно до она што се оригиналите, но бар освен моментите/ сеќавањата во мојата глава ги имам и нив како меморија/ спомен дека ги видов делата на овој голем автор. ..е не се многу де! :)






you can find English version|HERE|

Bookmark and Share


edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...