.
.
.
.
“No pen, no ink, no table, no room, no time, no quiet, no inclination.”

.

:Денес замина на другиот свет една голема поетеса, Wislawa Szymborska, нобеловец, писател, поет, есеист. .. за неа веќе споделив на другите социјални платформи. Овде сакам да споменам за некој кој на денешен ден пред многу години (или поточно 130) се родил. Познатиот култен, ирски писател.. лидер на современата литература, (пос)модернистот Џејмс Џојс.

.

Џемс Џојс (2 февруари 1882 - 13 јануари 1941) бил ирски писател и често е сметан за еден од најпознатите личности во светската како и во англиската литература. Најпознат е по неговото дело „Улис“ и по контраверзното дело „Будењето на Финеганови“. Исто така Џејмс Џојс е доста познат и по колекцијата на раскази „Даблинци“, приказни што го претставуваат животот во Даблин. Се смета за родоначелник и втемелувач на модерниот прозен и експериментален пристап, познат под името „состојба на свеста“. Портрет на младиот уметник е автобиографски роман, во кој за првпат ја употребил техниката „струја на свеста“, а целосна примена на оваа техника наоѓаме во неговото централно дело Уликс. Во Будењето на Финеганови го прикажува текот на свеста во сон. Со своите дела Џемс Џојс извршил големо влијание врз светската книжевност. [од mk.wikipedia]

Иако на светот е познат по прозното творештво, би сакал да нагласам дека освен контроверзните книги за кои сеуште има расправии поврзани со авторските права, тој бил и одличен поет. Не за џабе потсвеста си заиграла со него, па кога го стигнала формата на изразување едноставно не била важна. Поседувал извонреден раскажувачки талент кој сеуште плени млади автори, почетници како и искусни пишувачи. Неговата структура е дефиниција за квалитетно пишување, начинот на кој ги соголува приказните е метафизика на постоењето. Да дишеш со неговиот ум, да живееш внатре во неговите книги е уникатно чувство кое малкумина го поседуваат.

Нема да пишувам долги реферати, мислења. .. можеби некогаш ќе обработам некоја од неговите книги, од оние кои сум ги прочитал и го промениле мојот колосек, концепт и начин на размислување. Сега засега тоа е тоа – среќен РОДЕНден г-дине Џојс, Џејмс Џојс!

.

ова е една сликичка, цртеж на јапонска хартија, портрет на великанот направен од некој од луѓето кои ги следам на tumblr. информацијата одеше некако вака :::ink on Japan _by #bblacha освен што ги избришав димензиите за кои сум сигурен дека беа мали. .. хартија, лиФче. освен сликичето ќе споделам еден од моите поомилени воодопади, песна од господинот кој знае, умее како со зборовите. will u come to read with me? - извини дека е на англиски, ама тоа е! see ya ~

.


All Day I Hear the Noise of Waters


All day I hear the noise of waters
Making moan,
Sad as the sea-bird is when, going
Forth alone,
He hears the winds cry to the water's
Monotone.

The grey winds, the cold winds are blowing
Where I go.
I hear the noise of many waters
Far below.
All day, all night, I hear them flowing
To and fro.

edit post

.
.
.

.
:затоа го сакам дедо Коељо. Сега е еден по полноќ, први февруари. .. нов месец, неколку минути после објавениот статус на facebook: :Ој, ти музо на новиот месец, де затвори вратата од јануари уште провев доаѓа . .. фала!

..и не дека има нешто општо статусот со ова што следува и е поврзано со познатиот светски писател, комерцијален за многу, за многу повеќе еден од најчитаните . .. за мене како еден почитуван виртуелен пријател кој е скромен да врати на некои конструктивни прашања кои повлекуваат дебата и длабока размисла. *.. и ми се допаѓаат овие негови фори, ова е нешто за една минута, ова е нешто за пола минута. .. две минути читање и тн. Што е поентата?! – овој пат ќе преведам една приказна која од колено на колено се прераскажува, но сепак е дел и од старите списи на источните култури, Ведите. .. приказната:
.
.

:Кришна ќе ја слушне вашата молитва!

.
Вдовица од сиромашно село во Бенгал немала доволно пари да го плати школскиот автобус за својот си и така кога момчето почнало да оди на училиште морало да поминува сам низ шумата.

Со цел да го убеди, таа му рекла:

"Немој да се плашиш од шумата, синку мој. Замоли го Бог Кришна да доаѓа со тебе. Тој ќе ја слушне твојата молба/ молитва."

Момчето го послуша предлогот на неговата мајка и соодветно Кришна се појави и од тогаш го придружуваше секој ден до училиштето.

Кога дојде роденденот на неговиот учител момчето ја запраша неговата мајка да му даде малку пари како би можел да купи подарок за него.

"Ние немаме пари, синко. Запрашај го твојот Брат Кришна да ти даде подарок."

Следниот ден момчето го објасни својот проблем на Кришна кој му понуди еден бокал со млеко.
Момчето со гордост го поклони бокалот со млеко на неговиот наставник, но, другите момчиња беа многу ‘подобри’ со поклоните и наставникот скоро не го ни забележа неговиот.

"Од каде ти е овој бокал?"

"Кришна, Богот на Шумата ми го даде."

Наставникот, учениците и асистентот пукнаа од смеење.

"Нема богови во шумата, тоа е чисто суеверие, рекол наставникот. Ако тој навистина постои да одиме и да го видиме.'
Целата група тргна. Момчето почна да го довикува Кришна, но тој не се појави. Момчето за последен пат очајнички повика.

"Брат Кришна, учителот сака да Ве види. Ве молам покажете се!"

Во тој момент, глас од шумата се појави и одекна се до градот, се слушна од сите.

"Не можам! Тој дури и не верува дека постојам!"
.
.
.

:прекрасна приказна дедо Куељо. ..секогаш добар, секогаш на место. барем тогаш кога јас ке решам да Ве click-нам.
.
.
.

edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...