Додека бев на промоција на збирката поезија и кратки раскази "Рукописи 32", имав можност да се прошетам во градот во кој мене лично ми беше многу чудно. Целата инфраструктура на градот е многу ниска, немаат премногу згради и високи куќи. Освен ова што ми остави впечаток се обидов да пронајдам нешто по што ќе го паметам градот. Како цртач на графити нормално ми е да не се движам по главните улици, туку да наоѓам некои помали улици, сокаци и заборавени улички. Првиот ден кога стигнав не успеав баш многу да видам, поради тоа што се брзав да стигнав во домот за млади кој е организатор на оваа манифестација на која бев поканет. Наредниот ден замолив еден од уредниците на збирката да ми го покаже градот и алудирав на можноста да видам дел од нивната улична уметност. Како и во повеќето градови и овде успеав да видам многу графити, но се разбира не сите беа добри. Од она што го имав како меморија на телефонот и окото што е избирливо успеав да ги издвојам овие графити. Немав план да ги сликам, но после првиот графит кој го видов на паркингот до една од малкуте згради решив да го извадам телефонот и да го фотографирам. Одлична стара школа (црно-бел), со прави линии и точни детаљи. Радиото големо како ѕидот на кој беше нацртано ме изненади. Потоа успеав да сликам уште неколку други.
During my stay in Panchevo, R.Serbia on the promotion of book with poetry and short stories in which I am published "Rukopisi 32", I was having opportunity to take a walk in the town that was very strange for me. The architecture in the city was very low, there were only few buildings and big houses. Except that I wanted to see something whit which I will remember the city. As a graffiti painter I try to find some walls that are not on the main streets, but in some little hidden and forgotten from the other people. Cause I was having no time to do that when I arrived, I went on the workshop for creative writing and promotion of the book, and the next day I tell to one of the publishers to make a walk with me and try to show me some of the street art that he know is good. I saw a lot of graffiti, but not all of them where good (as my English, actually)..and I made the first photo when I saw the old school graffiti - the one with the radio, that I think is very good. There were few more that I think are good also. I didn't have more memory on my mobile phone to make shots from more than this.
Во обидот да бидеме успешни во некои полиња од науката, и да ги надминеме сите досегашни постигнувања и знаења, забораваме една основна точка во интелектот на човековото битие кое стреми кон усовршување. Доблест на нашиот род е желбата за успех, без да се размисли за чекорите, постапките а и материјалите кои се користат при реализација на една идеа. Најчесто се избираат полесни начини како да се стигне до целта, иако сретствата на крајот можат да не бидат неоправдани. Во овој пример болна и тажна е разбуденоста на родот кој се декларира како најразвиен од сите други живи видови. Се оградува од секакви епитети, синоними и метафори кои го поврзуваат со пониските форми на живот.
Пред некое време го добив ова писмо на facebook:
*Најмалку 33 животни умираат секоја секунда во лабораториите ширум светот; во Велика Британија умира едно животно на секои 4 секунди! * Повеќе од 90% резултати добиени од експерименти врз животни се отфрлени, бидејќи се неприкладни за човек! (WHO - Светска здравствена орг.) *Постојат најмалку 450 алтернативнио методи кои можат да ги заменат експериментите врз животни! (WHO)
Кога помислувам на свесноста, помислувам на големата свесност и не навлегувам во некои мали недостатоци кои сите од нас како карактери ги поседуваме. Кога помислувам на свесност помислувам на колективната свесност на човештвото. На основните правила и принципи кои треба да ги практикуваме, не само да ги знаеме како такви. Информациите во ова писмо покажуваат дека колективната свесност на населението кое живее на планетата Земја е недоволно свесно да ја одржи Земјата во нејзиниот природен тек на Еволуција, туку и штети и ја уназадува. Со оваа констатација дека сме убијци за животните и планетата Земја слободно може да се ставиме на пониско скалило на свесност и од животните. Затоа што познато е дека тие убиваат заради опстанок. Подолу на скалата сме и од првобитниот човек кој исто така убивал за веќе споменатото - опстанок (храна, облека, алатки за егзистенција). За разлика од ова секој што има лабараторија си дозволува да убива животни за употреба во експерименти, без разлика колку е важно што сака да добие со тој експеримент, макар и еликсирот за вечно живеење или лекот за СИДА. За се се има мерки, но овде модерниот свет ги оставила рамките отворени. Модната индустрија како резултат на повисок степен на свесност, овде се судира со првичната нејзина основа. Индустриска кожа и крзно колку сакаш, но никако доволно за страста на убијците и залажувањето дека природната е поубава. Се убиваат немилосрдно, без грижа, без страв од немирен сон. Постојат цели фарми кои го работат овој бизнис, се збогатуваат и прават лоша слика за целото човештво. Зарем навистина сите сме такви? Зарем мора да правиме толку многу лабараториски експерименти со употреба на животните како тестери, или мора да носиме облека со природно крзно, кога веќе имаме толку материјали? Да не ги спомнуваме тука месните индустрии, кланиците и оние што конзумираат месо со животински апетит!
Кратка брутална приказна за тоа како се убиваат животни, живи.
Ова е видео кое веќе една година се врти по facebook, не е препорачливо да се гледа од луѓе со слабо срце, откако го добив неколку пати, решив да споделам и пост во кој се одградувам од сите тие убијци во месните, модните и научните институции и индустрии кои свесно продолжуваат да убиваат.
ЦРНА ЛИСТА на компании кои со своите производи се директни виновници за патењето и одземањето милиони животи. Поубава и подетална црно-бела листа на претпријатија кои ги продаваат своите производи во Македонија. Црната листа ја сочинуваат претпријатија кои што сеуште користат сурови тестирања над животните, додека на белата листа се претпријатија кои таквите тестирања ги заменија со АЛТЕРНАТИВНИ, ПОХУМАНИ МЕТОДИ. донирајте за заштита на животните овде; погледнете внатре во кинеските крзнени фарми;
soundtrack for my short documentary movie
"2Be1 like Sun"
interview for DokuFest '09 (I'm second)
stage for contemporary art @ Balkan Youth Festival '09
(I'm second)
flash-mob performance with short-term EVS @ BYF, Bulgaria
Followers
:click & support!
:in Bulgaria they make webit eXpo and u can help me cause I really want to go. ..u just need to fill d code! [1oq]
:participate!
_____________________________
SUPPORT ~ Blog Action Day
_____________________________
_____________________________
.