Safe the animals - Тажната приказна за свесноста
Posted on 8:33 PM, under "black list', "meat industry", "white list", animals, Earth, fashion, fur, kill, labaratory, stop
1
Во обидот да бидеме успешни во некои полиња од науката, и да ги надминеме сите досегашни постигнувања и знаења, забораваме една основна точка во интелектот на човековото битие кое стреми кон усовршување. Доблест на нашиот род е желбата за успех, без да се размисли за чекорите, постапките а и материјалите кои се користат при реализација на една идеа. Најчесто се избираат полесни начини како да се стигне до целта, иако сретствата на крајот можат да не бидат неоправдани. Во овој пример болна и тажна е разбуденоста на родот кој се декларира како најразвиен од сите други живи видови. Се оградува од секакви епитети, синоними и метафори кои го поврзуваат со пониските форми на живот.
Пред некое време го добив ова писмо на facebook:
*Најмалку 33 животни умираат секоја секунда во лабораториите ширум светот; во Велика Британија умира едно животно на секои 4 секунди!
* Повеќе од 90% резултати добиени од експерименти врз животни се отфрлени, бидејќи се неприкладни за човек! (WHO - Светска здравствена орг.)
*Постојат најмалку 450 алтернативнио методи кои можат да ги заменат експериментите врз животни! (WHO)
Кога помислувам на свесноста, помислувам на големата свесност и не навлегувам во некои мали недостатоци кои сите од нас како карактери ги поседуваме. Кога помислувам на свесност помислувам на колективната свесност на човештвото. На основните правила и принципи кои треба да ги практикуваме, не само да ги знаеме како такви. Информациите во ова писмо покажуваат дека колективната свесност на населението кое живее на планетата Земја е недоволно свесно да ја одржи Земјата во нејзиниот природен тек на Еволуција, туку и штети и ја уназадува. Со оваа констатација дека сме убијци за животните и планетата Земја слободно може да се ставиме на пониско скалило на свесност и од животните. Затоа што познато е дека тие убиваат заради опстанок. Подолу на скалата сме и од првобитниот човек кој исто така убивал за веќе споменатото - опстанок (храна, облека, алатки за егзистенција). За разлика од ова секој што има лабараторија си дозволува да убива животни за употреба во експерименти, без разлика колку е важно што сака да добие со тој експеримент, макар и еликсирот за вечно живеење или лекот за СИДА. За се се има мерки, но овде модерниот свет ги оставила рамките отворени.
Модната индустрија како резултат на повисок степен на свесност, овде се судира со првичната нејзина основа. Индустриска кожа и крзно колку сакаш, но никако доволно за страста на убијците и залажувањето дека природната е поубава. Се убиваат немилосрдно, без грижа, без страв од немирен сон. Постојат цели фарми кои го работат овој бизнис, се збогатуваат и прават лоша слика за целото човештво. Зарем навистина сите сме такви? Зарем мора да правиме толку многу лабараториски експерименти со употреба на животните како тестери, или мора да носиме облека со природно крзно, кога веќе имаме толку материјали?
Да не ги спомнуваме тука месните индустрии, кланиците и оние што конзумираат месо со животински апетит!
Кратка брутална приказна за тоа како се убиваат животни, живи.
Ова е видео кое веќе една година се врти по facebook, не е препорачливо да се гледа од луѓе со слабо срце, откако го добив неколку пати, решив да споделам и пост во кој се одградувам од сите тие убијци во месните, модните и научните институции и индустрии кои свесно продолжуваат да убиваат.
ЦРНА ЛИСТА на компании кои со своите производи се директни виновници за патењето и одземањето милиони животи.
Поубава и подетална црно-бела листа на претпријатија кои ги продаваат своите производи во Македонија. Црната листа ја сочинуваат претпријатија кои што сеуште користат сурови тестирања над животните, додека на белата листа се претпријатија кои таквите тестирања ги заменија со АЛТЕРНАТИВНИ, ПОХУМАНИ МЕТОДИ.
донирајте за заштита на животните овде;
погледнете внатре во кинеските крзнени фарми;