за документарниот филм "Плати и жени"
режија: Атанас Георгиев


Еден од филмовите кои ги видов во програмата на Dokufest во категоријата Balkan Docs е филмот “Cash and Merry” кој неодамна го гледав и бев пријатно изненаден за каков филм станува збор. Филмот на Атанас Георгиев е балканска приказна за луѓе кои се обидуваат да си го отворат патот за Европа. Приказна за балканските студенти кои се обидуваат да дојдат до австриски пасош со купување жена. За одговорноста што ја превземаат да дадат 7000 евра и да се надеваат дека бракот со државјанки од Европската Унија е решение за нивниот проблем.


Позадината на оваа контраверзна приказна е тема која е сериозна – како е да се биде граѓанин од втор ред и барањето на сопствениот идентитет низ европските лавиринти. Моментите на природност, а и хумор кој најавува потрага по вистината во сето тоа. Дали треба општеството да генерира такви слоеви, и треба ли животот да биде жртва за подобро утре.


Филмот плати и жени е направен во македонско-австриско-хрватско-американска копродукција, а е подготвуван десетина години претходно. Музиката е направена од Фолтин кој е бенд доста значаен за развојот на театарската и филмската музика во Македонија, а и пошироко во Балканот и Европа. Музиката во Плати и жени има балканско – европски уникатен звук кој го прави филмот примамлив за гледање. Извршни продуценти на ова кинематографско остварување се Синиша Јуричиќ, Ралф Вајсен и Атанас Георгиев, директор на фотографија Димо Попов и монтажата е на Владимир Гојун.


Атрактивноста за оваа тема е голема, некои од државјаните на Австриа пред филмот не ни знаеле за овој проблем во државата. Овој проблем е отворен до тој степен да истата постапка на купување жени е застапен во сите Европски држави, а применуван од луѓе од Балканот кои на овој начин гледат посветла иднина за самите себе. Техничкиот концепт на екипата која стои позади овој филм е одлична. Самиот факт дека филмот досега бил на многу значајни фестивали и има добиено многу награди е доволен зошто овој филм се наоѓа на програмата на Dokufest. Го препорачувам на сите кои имаат прилика да го погледнат.


Take the money, I mean ME!


for “Cash and Marry”
documentary movie by Atanas Georgiev

One of the movies which are part of the DokuFest program in the Balkan Docs category is “Cash and Marry”, which I recently saw and was pleasantly surprised. This movie, by Atanas Georgiev, is a Balkan story about people who try to make their way to Europe. It’s a story about Balkan men with student visas who try to gain an Austrian passport by “buying” a wife once they reach “Europe.” It is about the risk they take by giving 7,000 Euro (or more) in order to get in a marriage with citizens from the European Union as a solution to their current problems.

The issues raised in this controversial movie are serious ones. How does it feel to be a second-category citizen, and what does it entitled to establish your own identity within the European labyrinths? The movie portrays the sincere moments and the humor which comes together with reality and truth in such situations. Should society generate such layers of itself and should anyone be a victim of such a future?

The movie “Cash and Marry” is a production of Macedonia, Austria, Croationa, and the U.S.A., and the project was prepared for 10 years in advance. The music is done by Foltin (Фолтин), which is a popular band for the theater and film music scene in Macedonia, and on the Balkans and Europe. The music in “Cash and Marry” has a unique Balkan-European sound which makes the movie appealing to watch.

The attractiveness of this issue is considerable. There are people from Austria who have seen the movie and had no idea of this problem in their own country. This movie is relevant because there are such cases of buying marriages and women in all of the European countries, and it represents the way in which Balkan people see themselves. The technical aspects, facilitated by the movie’s crew, are excellent. The mere fact that this movie has already been to a number of big festivals and has a lot of awards is enough to make us happy that this movie is in the DokuFest program. I recommend it to everyone who finds such a topic interesting. And such it really is.

Saturday, Aug. 8, 20:30, Kino Bahce

Mite Gogov, guest from Macedonia and member of Doku Press

Translated by Donika Pemova







Bookmark and Share


edit post

Оваа година отварањето најави спектакуларно издание на фестивалот. Започна со филмот – биографска приказна за познатиот музичар Yousson N Dour – “I bring What I Love”. Приказна полна со љубов, желба за промена на сегашната реалност во утопија која е прифатлива за сите. Таква е според мене и содржината на Dokufest, генерира позитивно искуство.

Оваа година програмата е исполнета со филмови кои одзимаат здив, и кои единствена прилика да бидат видени се фестивалите со високо реноме. Не би издвојувал фаворити затоа што целосниот збир на филмовите кои се појавуваат во сите категории изобилува со наслови кои и се многу добро познати на филмската фела. Очекувам да видам извонредни филмови во International Docs и International Shorts, дека овие категории според мене се иднината на алтернативната филмска уметност. Во програмата за овие две категории ќе успеам да ја видам комуникацијата која ја користи седмата уметност за да направи движечките слики и звукот да ми ја пренесат приказната која би ми помогнала да откријам некоја нова идеа.

Во Balkan Docs сум подготвен да видам нови приказни од секојдневието во кое сите ние Балканците живееме. Да се соживеам со животите на луѓето кои се појавуваат во овие документирани сеќавања. Атрактивноста на оваа тема по фестивалите е голема, а насловите кои се појавуваат во овогодинешната програма на Dokufest е еден од најдобрите избори. Меѓу насловите се појавува најдоброто од последната година што како продукција излезе од Македонија, Србија, Косово, Турција...

Дополнувањето на програмата со уште една категорија на филмови наречена Green Docs ме изненади позитивно оваа година. Го прави овој фестивал уникатен во подигањето на свеста на посетителите кон еколошките проблеми со кои се соочува планетата Земја. За во иднина содржината на оваа категорија би можела да се зголеми, затоа што еколошката свесност е рбет на човечкото постоење и моментите кои ги гледаме во овие филмови се во директен однос со промената на свесноста. Еколошкиот филм. ја променува свеста.

Среќен сум што и оваа година сум дел од овој фестивал, и што можам да го гледам развивањето на овој фестивал. Прогресот од минатата година и оваа е очигледна како со проширувањето на програмата со сите овие категории, така и со гостите кои ги споделуваат своите искуства во работата со филм. Отвореното кино е прекрасен концепт кој функционира на овој фестивал. Пристапот кон филмот е олеснет за сите оние луѓе од Призрен кои го обожаваат филмот и преку текот на годината немаат таква можност заедно со прошетка околу градот да добијат филм, а цените се достапни за сите категории на луѓе и се доста симболични. Комуникацијата помеѓу авторите на филмовите и луѓето кои го сакаат филмот е опростена со тоа што и двете категории на луѓе се на едно место. Еден од филмовите кој добива многу кредити од мене е филмот кој ќе го затвори фестивалот и кој го препорачувам на сите кои сакаат да го погледнат – Waltz with Bashir. Драго ми е што и оваа година сум поканет и му посакувам се најдобро во иднина.

Quest column
фотографијата е на Albulen Ajgeri


DOKUFEST GROWS BIGGER AND BIGGER


This year, the opening ceremony announced a spectacular issue of the festival. It began with the biographical story of famous African musician Youssou N’Dour and the movie “Youssou N’Dour – I Bring What I Love.” This is a story full of love, the hope for change in our current global reality, a kind of utopia, which is accessible to anybody. I believe this is also the purpose of DokuFest – to generate positive art and experience.

This year, the program is full of movies that leave you breathless and which are similar to each other in being screened at festivals with a high reputation. I would not pick favorites because the whole line-up of movies from all categories is filled with titles which are well-known in the documentary film scene. We can see spectacular movies in the International Docs and International Shorts categories, which are, in my opinion, the categories that represent more alternative filmmaking. Through these categories, we can see communication and messages which make the so-called Seventh Art transform moving images and sound in stories that can make us discover new ideas.

In Balkan Docs, there are new movies from the everyday life and reality that all of us in this region live in. The titles which show up on this year’s DokuFest program for Balkan Docs are some of the best ones. Among these titles, we see the best recent productions coming from Macedonia, Serbia, Kosovo, Turkey, etc.

I was pleasantly surprised by an additional category in the program, called Green Docs. This category makes the festival unique in raising the awareness of the guests and visitors in relation to ecological problems which our planet Earth is facing. Movies about the environment can change the world. Like youth worker for me Dokukids is also idea that give us the chance to see trough the eyes of the kids who share their ideas without limit in the expression.

I am happy that this year I had the chance to come to the festival again, and in this way to notice the development it undergoes. The progress, compared to last year, is evident in the wider range of films on the program in all categories, as well as in the number of visiting guests who share their work and art in film. Having open-air cinemas is a great concept, which functions well for this festival. The access to cinema is easier for all the people who live in Prizren, love movies, but during the year don’t have the opportunity to watch them in a cinema. Together with a stroll around town, anybody can watch a film at an accessible price, which is even symbolic. Communication between directors and audience is easy and open because both groups of people are at the same place. Now that the festival is nearing its end, there is one movie which I recommend and which will close Dokufest, namely “Waltz with Bashir.” It is a pleasure that I was invited to the festival this year as well, and I wish DokuFest all the best next year as well.

Mite Gogov, guest from Macedonia and member of Doku Press
photo by Din Terpuni
translated by Donika Pemova




Bookmark and Share


edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...