Mother Gaia day! Earth day!
Posted on 3:05 PM, under celebrate, Earth, earth day, participation, protect
Ги отварам очите утрово полека од светлината која поминува низ ролетните во мојата соба. Станувам како и секогаш на десна нога, го отварам прозорецот и вдишувам. Пролетта веќе си мириса убаво и се слушаат инсектите што брмчат.
Помислив дека немам сеуште видено пеперутка..
Со ширум отворен прозорец, Nag Champa инсенс и утринска медитација го пречекав сонцето да дојде nа мојата страна од зградата. Дрвјата пред мојот прозор се веќе зелени и една чавка/ гавран има принова. Им оставам секој ден храна и веќе мајката се научи кога да доаѓа да ја зема.
Windows XP is opening…во комјутерот на desktop само Mozilla. Ја кликам и од таму со брзината на светлината или троа побавно во Google. Не можам да прочитам ништо на сликичката. Гледам само како зеленее, погледнувам поубаво, неколку гранки, птици што не ги слушаш како свират, но поради отворениот прозорец се комбинираат со звуците од овие моиве надвор.
Пред неколку дена пуштив твит: It will be Earth day soon..what will you do? или нешто слично и нормално беше да си го поставам прашањето мене лично.
Како прво ќе истражувам малку што, како, каде, кога..па потоа ќе напишам нешто си реков.
Читањето од сабајле со првото кафе ми дојде одлично, сакам да читам работи кои ме интересираат, да научам нешто ново за работи за кои се грижам. И така си читав, читав, читав за мајката/ планетата Земја цел ден и на крај си легнав.
Втора верзија:
Најдов неколку основни информации кои и претходно ги знаев, но не ми беше доволно за да го задоволам моето постоење во оваа планета. Решив да излезам надвор.
Надвор сонцето светеше многу повеќе и даваше енергија за било каква акција. Прашав неколку луѓе дали би сакале да направиме нешто да го одбележиме овој ден, но некако ми беа мрзеливи. Нацртав sticker и го залепив на влезната врата од зградава и отидов по пластични шишиња.
Штом пролетта започнала, може да започне и полевањето на дрвјата кои ги имаме околу зградава. И така на неколку пати, со неколку шишиња ги поминав сите дрвја. Се осеќав позадоволен на дело освен со информациите кои ги прочитав, но секако нема овде да ги пишувам/ препишувам затоа што не е тоа моментот.
Шишињата (оние пластичните) беа во неселктираното ѓубре. Откако ги искористив ги ставив во кантата за пластика. Некои луѓе не обрнуваат внимание на вакви детаљи иако државата веќе им имплементирала начин на живеење во кој ќе можат селективно да го отстрануваат ѓубрево што го прават.
Пример во Струмица еден период имаше неколку еко-лош(к)и острови кои за кратко време се претворија во централни депонии заградени со ограда (зелена). По некое време внатре беше турли тава..од глувчето што се фатило на факот до ручекот кој не го бива ниту за помија (храна) за свињите.
...
Мајката Земја секојдневно праќа сигнали со кои ни кажува немојте вака со мене, користите погрешни методи за правење пари. И има право, но кој да ја слушне во ова демократско(?!?) капиталистичко време. И така дојдоа климатските промени, промените во секторот за енергија, неефикасноста од континуирано уништување на животната средина, озонската дупка, намалениот биолошки диверзитет, загадените води,…
Но, добрината на некои поединци не може да се занемари. Јас сум еден од многуте кој верува дека позитивните промени допрва доаѓаат. Се наоѓаат нови решенија за климатскте промени, се отвараат еко работни места, темата за заштита на планетата Земја е се’ поактуелна, добивањето на енергија е посуфистицирано и да, младите кои стануваат активни граѓани во ова општество имаат поразвиено чувство за заштита на средината во која живеат.
После 40 години од прогласување на денешниот ден (22 Април) за ден на планетата Земја, луѓето по масовно се здружуваат. Организираат трибини, дебати, конференции, еколошки акции, бараат донатори кои сакаат да инвестираат во нови начини и техники на производство и се поотврени во посочувањето виновници кон оние кои сеуште живеат неразбудени, без грам свест за овие глобални теми.
И уметноста како еден од главните механизми за промена на глобалното размислување ја има истата цел. Се повеќе уметници креираат дела со употреба на рециклирани и органски материјали, дела кои гордо стојат во музеите и галериите и имаат дури поголема вредност од некои класични дела.
Да пишуваш и да читаш нешто за одредена тема е интересен предизвик, но на предизвикот ќе му дадам нова форма со тоа што овде ќе завршам и ќе продолжам со денешната мисија .. вербална комуникација со сонливи на кои им треба изворска чиста вода за да им се отворат очите и планински чај за да им се избистри умот.
Ако сакаш уште да читаш (бар денес ако не секој ден), гуглај, денес Google ја поддржува планетата, посети ја главната страна, види колку милиони луѓе денес направиле нешто посебно за да се намали притисокот врз Gaia, следи ги акциите на twitter, или за прв пат селектирај го сопственото ѓубре (хартија, стакло, пластика) исчисти ја својата улица и најблиското место опкружено со природа.