Contemporary Plastic Art @ Val de Saâne
Posted on 11:51 AM, under art, conceptual, contemporary, garbage, old school, plastic art, recycle
0
"Повеќе од супстанца, пластиката е самата идеја на нејзината бескрајна трансформација."
Р. Барт.
Како да се комбинираат практичност, естетика, рециклирање и оригиналност?
Val de Saâne е мало мирно гратче во близина на Le Havre, Франција. Како дел од младинската размена на тема “It’s good to be eco citizen” организирана од младинската организација It’s good to be Together, подгранок на асоцијацијата за млади – Together, посетивме школа за современа уметност, во која преку неформален начин младите можат да се вклучат во работилници од типот Plastic art или изработка на дела од пластика или други рециклирани материјали.
Младите овде имаат за цел да конструираат/ дизајнираат објекти со комбинирање на елементи од Африканската уметност со новите форми и правци на современата уметност. Пластика, скршени садови, делови од стари автомобили, парчиња секакви видови на хартија и картон, остатоци од ѓубрето на плажата, стари партали, часовници се само дел од материјалите кои тие ги користат за изработка на нивните дела. Сите овие материјали се вредни во очите на креативните луѓе, генијот на рециклирање ги зачувува сокршените и уништени форми и од нив прави нови, со ново достоинство.
Група на мотивирани млади дизајнира реални објекти со кои го одзема вниманието на другите и ги тера да размислуваат. Општо земено, идеја, скица, белешка, желба изразена преку друг начин е мотивот преку кој тие доаѓаат до нивниот избор и форма. На овој начин младите се инспирирани да поправаат, сечат, спојуваат и комбинираат пластични шишиња, туби, буриња и сл. да ги надградуваат формите и да им даваат својство на предмети за секојдневна употреба.
Основачот на ова школо се обидува да ја имплементира дефиницијата за “arte povera”, уметничко движење во кое се создава “сиромашна уметност” во однос на материјалите кои се користат при создавањето. Креации/ дела кои се рециклирани и на пола готови, движење започнато од Marcel Duchamp.
Со мобилност, пренасочување на употребата на елементите, поправка и редизајн дизајнерите од ова движење размислуваат како во ерата на конзумеризам да се создаде помалку отпад.
Преку овој креативен процес на создавање на пластична vs. рециклирана уметност, на младите им се дава можност од апстратното да се создаде фигуративна форма. Да се подобри sense-от на младите со помош на комбинација на сите овие техники базирани на рециклирање, како и нивниот однос кон африканската уметност, уметноста на значајни уметниви како Пикасо и Миро. Со оваа школа всушност на младите им е дадена можноста да бидат дел од реалниот процес на создавање на современи уметнички дела.
Оваа школа наречена Espace Socioculturel Michel Benet досега има направено многу изложби и работилници. Во моментов во тек се работилниците за изработка на џембиња, диџиридуа, балафони, ...како и работилниците за изработка на пластички играчки за помладите, каде се изработуваат различни пиштоли, пушки, оклопници, шлемови, мечови кои потсетуваат на оние од научно фантастичните анимирани филмови, игри и филмови.
Редовно со изработените предмети/ дела се организираат изложби и презентации кои најчесто имаат хуманитарен карактер и сретствата се наменети за донација на хуманитарни здруженија, асоцијации и организации.
Инфо:
Espace Socioculturel Michel Benet
Place Daniel Boucour
Blog: http://jeunes2vds.skyrock.com
Mail: espace.vds@wanadoo.fr