Слободен софтвер Македонија организираат предавање на тема „Copyright vs Community in the age of computer networks” на кое главен гостин/ предавач ќе биде Richard Matthew Stallman основач на слободниот софтвер GNU. Предавањето ќе биде на 3-ти јуни 2010 во 18:00 часот во салата “Милениум 2″ во хотелот “ХолидејИн”. Доволно е да знаете англиски, влезот е слободен.

За него претходно знаев дека постои како RMS, вештачка интелегенција [професија & хоби]..,хакер!
Првото македонско четиво за него го прочитав пред неколку дена кај gemidjy - guadalquivirization. Од таму би издвоил:
Големината на трите иницијали на Richard Matthew Stallman – RMS, е нешто што би требало да влезе во образовните процеси во секое општество. Неговата идеја подоцна како и секоја друга идеја почна метастазично да се шири до секој млад програмер, до оние кои во тие моменти се осетија засенети зад идеите за затворање на софтверот и претворање на секоја линија код во бизнис идеја и концепт кој на сопственикот би му носел само пари. Во годините кои следеа му се придружија многумина кои ја увиделе важноста на идејата која RMS ја шири, воспоставување на здрав систем за крајни корисници, програмери, па дури до бизнис модел базиран на слободен софтвер дефиниран со четирите слободи,
  1. слобода за користење,
  2. слобода за проучување и модификација на изворниот код,
  3. слобода за редистрибуирање на копии (кои и понатаму ќе останат слободен софтвер) и
  4. слобода за дистрибуирање на модификуваните верзии на софтверот.
Денеска имаме милиони проекти кои се слободен софтвер, а меѓу нив најпознат е оперативниот систем кој подоцна дојде со спојување на идејата на RMS (GNU) и идејата за пишување на кернел – Линус Торвалдс (Linux) – оперативниот систем GNU/Linux.
Од Слободен софтвер Македонија како и IT.com.mk додаваат:
Пред налетот на се поригорозниот режим на авторски права, кој почнал да ја нагризува заедницата на програмери на која тој и припаѓал, го формулира концептот на Copyleft (игра на зборови – Copyright свртен наопаку).
Принципот на Copyleft е кодифициран во GNU општата јавна лиценца (GNU GPL), која иако се базира на законот за авторски права, целосно ги отфрла неговите рестриктивни мерки. GNU GPL Ви гарантира дека еден софтвер е слободен за било какво користење, слободен да го проучувате и менувате според Вашите потреби, слободен за споделување со Вашите пријатели/соседи и слободен да дистрибуирате променети верзии. Овој концепт брзо го прифаќа широка заедница на луѓе која му се приклучува во проектот GNU чија цел е потполно слободен оперативен систем.
Принципот на Copyleft, своевиден hack на системот за авторски права, се смета за најголемо достигнување на Сталман, поголемо од сите негови програмерски успеси. Денес тој принцип се повеќе се употребува и надвор од програмерските кругови за музички, филмски, пишани и други креативни дела.


Како инфо за предавањето на тема "Copyright vs. Community" на event-от на facebook слободен софтвер напишале:
Авторските права се зачнати во ерата на печатарската машина, и биле дизајнирани да одговараат на системот на централизирано копирање наметнато од самата технологија на печатење. Но режимот на авторски права воопшто не одговара со компјутерските мрежи, и само драконски казни можат да го спроведат.

Глобалните корпорации кои профитираат од авторските права лобираат за драконски казни, и за зголемување на нивната моќ и потиснување на јавниот пристап до технологијата. Но ако сериозно сакаме да ја почитуваме единствената легитимна цел на авторските права, а тоа е да се промовира напредокот, тогаш за доброто на јавноста мораме да направиме промени во спротивната насока.


Во македонската Википедија за RMS е напишано:
Ричард Метју RMS (роден на 16 март, 1953 година), познат и по својата кратеница “RMS”, е основач на движењето за слободен софтвер, ГНУ (GNU) проектот и Фондацијата за слободен софтвер. RMS е познат програмер и “хакер” и меѓу неговите најважни заслуги се вбројуваат GNU Emacs, GNU C Compiler и GNU Debugger. Тој е автор на ГНУ Општа Јавна Лиценца (GNU General Public License – позната под кратеница GNU GPL или GNU) која е најчесто употребувана лиценца за слободен Софтвер. RMS се смета за еден од оснивателите на концептот на копилефт (copyleft).

Штета што не сум во Македонија да одам да го слушам предавањето, се надевам тие што имаат можност ќе одат. Кога би средиле работа .. streaming, twitter (сигурно) и сл. од организаторите би бил најзадоволен. Мераци е со кафе предавање да гледаш/ слушаш од дома.





Bookmark and Share


edit post

0 Reply to "RMS - Richard Matthew Stallman"

  • Related Posts with Thumbnails

    facebOOk_ing IN.the bOOkface

    videos from dokufest, BYF & future shorts

    Loading...