мирен ден, #PeaceOneDay!
Posted on 6:21 PM, under awarness, campaign, Global, information, peaceday, PeaceOneDay, Pecae, raise, world
0
In time, everyone should watch The Day After Peace
Nick Fraser, Commissioning Editor, Factuals, BBC
Добар ден. Се надевам дека сте добро, мирно.. да мирно, темава за која ќе нафрлам неколку збора за да продолжи да ми биде и мене така мирно. Пишував и порано за оваа тема, за овој ден, повеќе сум зборувал. Досадно би било да почнам да ги редам правилата до кои треба да да се придржуваме за да живееме во хармонија со луѓето, животните, природата..
Денес кога е глобален ден на мирот насекаде можат да се најдат линкови на луѓе кои зборат преку сопствените искуства за тоа како е да се живее со разбирање и мир. Како да се негуваат човековите односи, да се грижиш за пријателите, соседите, најблиските. Како да се научиш да толерираш, да прифаќаш најразлични култури и сл. (да не го претворам во букварче текстов)
Засега 'International day of Peace' е на 23 место на Google search, и со тоа покажува дека и не е така мала информација за луѓево ширум светот овој ден.
Организацијата/ асоцијацијата или здружението на граѓани, whatever, како сакате, PeaceOneDay организираат најразлични активности за денешниов ден. Собираат донации, блогираат, информираат. Сакаме сите да ја подигнеме свеста на луѓето колку е значаен мирот во целост, за сите, без отстапки. До вечерва рејтингот на google сигурно ќе се подобри ако видиме дека до само пред неколку час беше на 38 место.
Од оваа организација, поточно од основачот, режисерот @JeremyGilley доаѓаат милиони идеи како овој ден би можел да се развие во иднина. Од ден да премине во недела, во месец, година, во живот во кој ќе се потрудиме како сВесни луѓе да го зачуваме мирот онаму каде го има и да ја промениме ситуацијата со воените зони, народи, нации, традиции.
Во соработка со Puma тој ги инспирира луѓето да организираат играње фудбал, наједноставен настан во чест на овој ден. Луѓе од цел свет трчаат денес, се радуваат, ги анимираат своите најмили.
Да биде така мирно, да би можеле сите да играат фудбал, вели Jeremy во еден од многуте магазини каде даде изјава за овој ден.
Го поддржав како што досега ги поддржав Денот на мајката Земја и Часот на мајката Земја. Овие глобални настани, го инспирираат духот на луѓето кои се креативни и кои ја делат својата енергија. Се надевам иднината на овие настани ќе донесе поубави резултати од она што ние денес го нарекуваме живот.
Реков дека го поддржав овој настан, како што треба, како што е редот. Заиграв и јас фудбал со некои од учениците во училиштето во кое работам. Не многу, но доволно да се испотат, да се насмеат и да одат во автомобилите на нивните родители среќни. Мислам дека е доволно ова, од физички аспект мислам, што е многу, многу е. Мислам фудбалот!
Убаво е кога би било така мирно насекаде, позитивна мисла праќам на местата во ова зрно од планета каде малите деца не спијат, нивните мајќи плачат, а татковците, нив еден по еден ги нема..
да биде секој ден, Peace day!
PeaceOneDay на twitter
PeaceOneDay на facebook