.мојата поезија во 'KAVYAJAGATHI, Индија
Posted on 11:10 AM, under activism poetry, India, kavyajagathi, literature magazine, Mitko Gogov, poetry, telugu, translation
0
Секако дека нешто може да измине во текот на месеците, да остане незабележано или без доволно посветено внимание, но, секогаш ќе постои фразата дека, за се' си има време и се ќе си дојде на право место со текот на времето.
Пред некој ден случајно налетав на оваа фотографија на која е сликана страницата од списаниeто за литература во Индија во кое пред неколку месеци се најде препев на моја песна на јазикот тeлугу кој е еден од официјалните 60 јазици во Индија.
Поканата да бидам застапен во списанието ја добив од ma'am Jagathi J. Dhatri и после само неколку месеци откако се согласив таа ја сподели оваа прекрасна вест со мене. Во тој период бев во Србија, на промоција на поетската антологија Рукописи и немав доволно време да ја архивирам оваа и не така мала информација за мене.
Се надевам дека ќе ја добијам и дигиталната верзија на песната, како би можел да ја споделувам со моите пријатели од Индија кои го познаваат овој јазик, вака би требало да биде презентирана фотографијава. Голема благодарнст до уредничката, на листот посветен за мене е поставена кратка биографија како и песната.
Еве ~
.