Деновиве е се потешко да се најде пријател со кого едноставно може да се споделуваат работите онакви какви што се. Такви, како што вие заедно ќе конструирате дека се. Не секогаш големата слика зависи од нашето активно вклучување!

Некогаш е потребно да се поштедиме од приликата да критикуваме, да бидеме разумни и да не брзаме да го споделиме нашето мислење. Посебно ако имаме намера да помогнеме некому, ова е најлошиот пристап за реализација на нашата идеја.


Не секогаш луѓето се подготвени да ги слушнат нашите ставови, да пробат да извлечат поука од истите, луѓето кои се во наша близина ја немаат секогаш потребата од нашите коментари. Да, можеби ова ќе ви биде чуден став, посебно ако сте од оние кои се начени редовно да комуницираат, и вербалната комуникација е единствента алатка на зближување со која умеат да владеат. Не секогаш треба да бидеме во центрот на вниманието, да бидеме оној кој го носи шоуто заедно со себе, некогаш е потребно да бидете оној кој го носи електричниот кабел кој ќе ја донесе стрјата за шоуто. А мудрите секако би додале дека не секогаш е потребно да има шоу.
Во моменти кога се чувствува таква вибрација во воздухот или деновите кога сакате да се релаксирате, практикувањето на овој модел е одличен. Да биде настрана од главните случувања, не директно туку индиректно, вашето присуство некогаш е доволно во просторот.
Да покажеме разбирање и поддршка со едноставно слушање на соништата кои другите ги имаат. Да ги слушнеме без да проговориме било што!


Овие мали, вечни, внатрешни борби што владеат меѓу луѓето можеби нема да престанат. Треба да се помириме со фатот дека секогаш сме ние тие кои можат да ги променат буквално нештата, и можеби на момент ќе помислите дека ова е четиво кое ќе ве повлече од акција, но напротив ова е текст кој ќе ве стави во сигурна акција, промислена, неизбрзана, вистинска. Од секогаш ни биле послужени во диско опциите за подобар живот, но моделот на опстанок не натерал да се промениме во нешто материјално, егзистенционално, во битие кое се бори да го добие заслуженото место. А тоа се потешко се случува. Затоа е потребен овој момент на умереност и издржаност кој ќе ви помогне да настапите правилно, тогаш кога има навистина потреба од ваш став или мислење.


Можеби ова едноставно филмско правило  Don’t Fight With Anyone” ќе биде премногу едноставно за вас, но, тоа е суштината на мирниот живот. Доколку не влегуваме во конфликт со никого, ние ќе бидеме далеку од проблемите, нашиот живот би се развил во една нова насока исполнета со разбирање, надополнување и љубов.

На крај би можеле да помислиме: Имаме ли потреба од трошење на навистина важно, скапоцено време и енергија на произведување негативни мисли и негативни емоции и чувства?



edit post

0 Reply to "Внатрешниот мир како избор"

  • Related Posts with Thumbnails

    facebOOk_ing IN.the bOOkface

    videos from dokufest, BYF & future shorts

    Loading...