Пред некој ден дојдов за првпат во северозападниот нов сосед Косово по отворената покана од пријатели од Призрен да присуствувам на седмото издание на фестивалот за документарни филмофи dokufest. Пристигнав на време за отварањето на фестивалот на кое збор зеде и премиерот на Република Косово Хасим Тачи мислам. Ми беше интересно да го видам на некои пет метра од мене затоа што до тогаш го имав гледано само на euronews и на националните телевизии, а за него имав впечаток дека е добар политичар кој успеа од Косово да направи држава и тоа го гледам како резултат сега. Само што заврши официјалниот дел од отварањето на фестивалот почна проекцијаа на првиот филм кој беше идеален за отварање на еден ваков голем фестивал. Филмот баш документарен и баш сериозно направен, а еден од карактерите во филмот Nora Jones, приватно зборува за некој нејзин другар што е главен лик во документарецот и преживува мозочен слом или нешто такво. Заврши филмот и отидовме во еден клуб каде требаше да се одржи забавата за сите гости на фестивалот. Пијана забава.
Другиот ден утринско кафе пред клубот Deep што за мене е одлична идеја затоа што сите учесници се појавуваат тука и се обидуваат да направат мрежа на комуникација, што во принцип и не е толко тешко. Кога се работи за луге што се занимаваат со филм и филска уметност комуникацијата не претставува проблем. (незнам о што е работата дали во сонцето, музиката, кафето, водата или...)
Кафето и не само утринско туку и попладневно завршува со тоа што јас отидов да гледам некои филмови и успеав да видам пет од оние што се на програмата преку ден. Некои од филмовите беа доста добри.
Вечета на програмата имаше многу добар видео перформанс (да појаснам: црно-бел филм без текст т.е. со малку текст и музика која двајца браќа близнаци ја правеа во живо). Филмот беше навистина добар, главниот протагонист извонредно актерско мајсторство, а музиката на моменти правеше луѓето да произведуваат индивидуални халуцинации. Едно момче од публиката некаде на половина филм дојде и ми призна дека имал халуцинации од музиката и од филмот.Незнам дали да му верувам, јас немав.
Забава пред Deep повторно. Повторно пијано, лудо незаборавно.
Трет ден. Утринско кафе И КОКА КОЛА повторно на истото место. Пријатели од Хрватска кои спијат во хотелот каде што спијам и јас ме придружуваат. Забавни луге. Се обидуваме да смислиме некоја активност која би можеле да ја спроведеме. Решение - еко акција по рекаа во Призрен од таму кај што почнува доку кампот се до влезот во Призрен.
Јас не отидов, мислам дека е доволно тоа што учествував во креирањето на целата активност. Бев повторно на проекција на филм кој требаше да биде добар , а мене лични не ми остави некој впечаток. Имаше еден карактер кој се обидуваше да се излечи од болест на зависност или од зависност од КОКАИН. Ем му одеше тешко ем и не е лесно да се излечиш. Плус и да успееш добро да го прикажеш тоа на платно - филмско. Можеби не ми се допадна затоа што не успеав да го загледам филмот од почеток, туку некаде од половина почнав да го гледам. Програмата на фестивалот е доста глема и збиена и секогаш е тешко да одлучиш во кој простор да одиш и кој од филмовите на програмата да ги гледаш. Wall as a Screen беше следното нешто што го посетив на програмата. Идејата на овие проекции беше да се проектираат седум филмови на седум разлишни локации во градот и така да се запознае и градот како и да се направи целина од сите филмови. Ми се допадна брзината и умешноста на тимот за саат и триесет минути да го просетаме половина Призрен и на најчудните и најтемни места да ги изгледаме проекциите. Пред Deep again обид за drum & bass забава ама и не толку успешна иако имаше луѓе повеќе од вообичаено. Полека полека забавата повторно стана луда и незаборавна. И пијана секако.Другиот ден утринско кафе пред клубот Deep што за мене е одлична идеја затоа што сите учесници се појавуваат тука и се обидуваат да направат мрежа на комуникација, што во принцип и не е толко тешко. Кога се работи за луге што се занимаваат со филм и филска уметност комуникацијата не претставува проблем. (незнам о што е работата дали во сонцето, музиката, кафето, водата или...)
Кафето и не само утринско туку и попладневно завршува со тоа што јас отидов да гледам некои филмови и успеав да видам пет од оние што се на програмата преку ден. Некои од филмовите беа доста добри.
Вечета на програмата имаше многу добар видео перформанс (да појаснам: црно-бел филм без текст т.е. со малку текст и музика која двајца браќа близнаци ја правеа во живо). Филмот беше навистина добар, главниот протагонист извонредно актерско мајсторство, а музиката на моменти правеше луѓето да произведуваат индивидуални халуцинации. Едно момче од публиката некаде на половина филм дојде и ми призна дека имал халуцинации од музиката и од филмот.Незнам дали да му верувам, јас немав.
Забава пред Deep повторно. Повторно пијано, лудо незаборавно.
Трет ден. Утринско кафе И КОКА КОЛА повторно на истото место. Пријатели од Хрватска кои спијат во хотелот каде што спијам и јас ме придружуваат. Забавни луге. Се обидуваме да смислиме некоја активност која би можеле да ја спроведеме. Решение - еко акција по рекаа во Призрен од таму кај што почнува доку кампот се до влезот во Призрен.
Макијато и кока кола и на четвртото утро пред Deep. Запознав некој режисер од Албанија кој има интернационален документарен филм, се договоривме да добијам копија од неговиот филм да можам да го гледам и да дискутираме по прашањето на неговиот филм.