Ама вака некако додека бев во Битола добив информацијадека можам да одам на филмовите и дека ќе добијам pass за сите филмови, на што изреагирав како мало дете кога му даваат БОМБОН. На отварањето неможев да одам затоа што се поклопуваше со некои од активностите на youth exchange-от, во стилот презентација на нашата држава на една од cultural event-ovite. А дојде директорот на организацијата од Битола и само ми направи да ми е криво кога ми кажа дека тој и неговата девојка (по потекло од Хрватска) ќе одат и можат да ме земат со нив со кола. Веќе бев готов да кажам ајде одиме затоа што и пред тоа на размената кажав дека морам да одам на отварање-задолжително.
Но презентацијата мораше да се направи, и не успеав да одам првата вечер. За втората вечер веќе беше по друго, завршив на време со активности, пуд под ноѓе и од Пелистер се спуштив во Битола на филм. Имаше народ кој разговараше таму, но не за филмовите туку за некаква политика. Видов еден пријател после подолго време и место вообичаениот муабет ( оооо кај си, како си, што има ), после неполна минута ми вика да донесам еден список ќе сакаш ли да се потпишеш. Го прашувам за што треба да се потпишам и тогаш ја разбрав политиката на сите овие луќе овде собрани на филмски фестивал.Целта на оваа петиција за која ми збореше мојот пријател беше да се врати фестивалот овде во Битола,а мене и баш не ми беше јасно како, заради тоа што филмот требаше да започне за некои десет минути, последователно на тој факт следува- фестивалот е тука од кај треба да се враќа. Аха, имало проекции и во Скопје на истата програма на фестивалот и скопската публика не била овде туку си го презела и присвоила фестивалот и стравот беше во тоа дека после неколку години вака и фестивалот целосно да се префрли во Скопје.
Реков ОК, дај го списокот ќе се потпишам и јас.
Некако нема смисла сите работи да се централизираат во метрополата Скопје кое може само да сонува да Биде Метропола. (барем избрал лош начин како да го постигне тоа). Помислив на театарскиот фестивал што го имаме во Струмица и на тоа да биде и тој во Скопје, макар што последниве неколку години мириса на корупција и перење пари. Не ми се допаѓаше идејата, иако во Битола процесот беше во тек.
Се потпишав.
Влегов во салата за проекции во домот на културата и имаше публика како за на кино не како за на фестивал. Ај можеби е до тоа што веќе е втор ден како да е претпоследен, па луќето не се преоптеретиле со тоа дека ќе поминат низ еден црвен тепих кој се наоѓаше на влезот. Ама се си имало причина. После некое време откако почна филмот почна да станува студено. Си викам ај само мене ми е дека сум на Пелистер и таму е ладно сега добивам flash, но и другите луѓе почнаа да шушкаат, да се преместуваат, по некое време почнаа и да си одат. Навистина беше студено во салата. На другиот ден си зедов ракија и подебела облека. Но не ми беше тоа поентата. Поентата ми беше како да има фестивал во ладна сала, како да има проекции и луѓето да седат концентрирани и да гледат филм кога постојано ти се ежи кожата и носот ти станува ладен. Факт: ако Битола сака да има фестивал треба да има и услови за реализирање на тој фестивал. Помислувам на тоа како било на отварање и ми доаѓа смешка за сите директори, бизнисмени и други како нив заедно со нивните женички кои после двеминути внатре сигурно сакале да си одат како прво заради нетемпературата во салата, и како второ заради шпанската серија која веќе им почнала дома.
Од таму почнува целото мое разглобување на проблемот наречен Манаки: Битола или Скопје. Никаде. Ако е вака подобро да не се срамиме.
На другиот ден немаше ни толку посетеност, но тоа е нормално сите паѓаат еден по еден. Мислам дека и јас ќе се разболам ако дојдам уште еднаш. Филмовите барем некои беа добри и некои ми беа непознати. По тоа се познава дека има фестивал. Но, кај се гостите на фестивалот, кај се режисерите, кај се глумците, фотографите. Нели за тоа служат фестивалите, по мое пртходно искуство. Можеби се лажам. Оваа е сигурно некој subcultural festival на кој авторите не доаѓаат затоа што се многу повлечени, авангардни и underground. Не е точно имаше и некои старци. Но имаше и студентска, експериментална и документарна програма, така пишуваше.
Третиод ден беше исто, но јас веќе си имав предпроекционен ритуал. Подебело палто, шал и ракија задолжително. Интересно е дека така умираат фестивалите во Македонија. На оние светли сцени од филмот кога се осветлува цела сала се завртуваш назад кон публиката и гледаш луѓе што можеш да ги изброиш на рацете и нозете, можеби и само на рацете. Вака и сатисфакцијата да останеш до крај не е јака, бар не како температурата во салата или посетеноста или gender balance - от. Или и девојќите беа маскирани како машки од премногу алишта врз нив.
Излегов да пијам пиво во кафе барот во Домот и имаше толку многу луѓе што личеа на филмаџии, дури му даваа посебен амбиент на целиот бар. Ама ако се такви би требало да бидат внатре на проекции, а не да ја филмуваат реалноста.
Ова не беше фестивал оваа година. Посакувам следната година битолчани да имаат вистински фестивал, и сите од Скопје што се сметаат за филмаџии да дојдат во Битола и да се чувствуваат како филмски гости. Па може и да си ја затоплат салата битолчани, па после да зборат за задржување на фестивалот кај нив, вака, еве јас го поканувам Манаки фестивалот да дојде во Струмица.
Бујрум!