Пред неколку недели имав можност да стекнам ново искуство на проект на кој работев заедно со тројца Американски студенти. Целна група во проектот беа децата и младите од Турското маало во мојот град. Идеата беше да создадам креативен простор на самата улица во кој ќе можам да реализирам дел од активностите кои беа планирани за зближување на сите активни учесници. Улицата како простор беше идеална за создавање на сонце големо колку и самата улица и доволно широко за да ги собере сите млади кои сакаат да цртат, пеат, свират и се дел од социјалните игри. Во програмата на овој хепенинг имаше перформанс, музички настап, изложба на фотографии, проекција на документарен филм и цртање на платно.
Се започна со одбележување на простор во форма на сонце, а на средината се направи уште едно сонце кое беше креативната работилница за цртање на платно. Таму секое од децата кое изрази желба можеше да си ја нацрта својата идеа. Некои од нив почнаа да танцуваат на музиката која ја свиреа децата. Следниот ден го повторивме хепенингот во центарот на градот каде сите луѓе имаа можност да видат што сме сработеле со овие деца. Документарниот филм беше прифатен многу убаво и изложбата на фотографии беше посетена од многу луѓе. Во некој од следните постови ќе го споделам и документарецот кој го снимивме врз основа на овој проект.
Few weeks ago I had opportunity to have new experience working on a project with three American students. Target group were kids and youth from the Turkish neighborhood from my city. The idea was to create space on the street where I can make activities and workshops with which I can bring together all the participants. The street like space was ideal to create Sun big as the street and prevail so everyone who want to participate to be part of the sun. Everyone who wanted to sing, play some instrument, draw or paint or play some social games was welcomed in the Sun. In the program of this happening there were performance, music concert, photography exhibition, projecting a documentary movie and painting on canvas.
Everything start with mapping the place were the Sun was, and in the middle of that space we made another Sun that actually was creative workshop for painting the canvases. There every kid that wanted to draw was having opportunity to express his idea.
Some of them create dance on the music that the kids were playing.
On the next day we repeat the same happening in the center of the city were all the people could see what we were working with these kids. The documentary movie was accepted very well and a lot of people visited the photo exhibition. I will share in some future post the documentary that we made from this project.
most of the photos are made by Jeremy Bloom & processed by Dzamski