Психоделично искуство
Posted on 7:35 AM, under 8 Circles, conciousness, drogs, ego, expirience, intelegence, knowledge, light, LSD, mind, psychedelic, Reality, Timothy Leary
Ги пронајдов овие текстови заборавени на еден блог на старата македонска платформа и сакам најпрво за мене да ги имам кај мене во архива, нo исто така и да ги споделам со сите кои се заинтересирани за темава. Оваа тема во модерно време станува се поактуелна, дали поради тежината која самата по себе ја носи, филозофијата која ја истражува или поради тоа што луѓето се повеќе и повеќе бараат Вистински одговори на суптилни прашања поврзани со нашето ментално, физичко и духовно егзистирање не знам. За повеќето автори кои се спомнати овде имам слушнато од порано и дел од нивните авторски дела ги имам прочитано во оригинали ( на англиски), па си дадов за слобода преведените текстови во целост да ги префрлам овде. Ова се луѓе - научници кои даваат нов пристап кон разбирањето на умот, свесноста, егото и пристапот до нив. Уживав додека ги читав на македонски се надевам дека и Вас ќе ви се допадне ова видување на работите во Нас и околу Нас.
Психоделично искуство 1.0
За вистински психонаути (tnx2paneuritmia за текстот)
од книгата ~ The Psychedelic Experience ~
A manual based on the Tibetan Book of the Dead By Timothy Leary, Ph.D., Ralph Metzner, Ph.D., & Richard Alpert aka Ram Dass , Ph.D."
Авторите на книгата биле вклучени во проект кој опфаќал експериментирање со ЛСД и други психоделици при Харвард универзитетот во раните шеесетти години од минатиот век. Поради зголемениот публицитет на овој настан на национално ниво и се поголем број на студенти кои сакале да учествуваат, универзитетот го прекинал покровителството. Тројцата научници ја продолжиле својата работа на лична иницијатива.
Преку овој текст не се промовира религија или доктрина. Целата книга е еден огромен труд работен со години. Извадоците од неа се кратки и конзистентни, во делови што најмногу би предизвикале интерес, ја пренесуваат поентата, а се задржува целината. Во овој дел е опфатен воведот во овој експеримент, додека во наредните постови, инструкции за првиот дел од психоделичното искуство (првото бардо), опис и инструкции за вториот и третиот период (има многу интересни податоци коишто сигурно голем дел ќе ги препознаат во своите искуства).
Вовед
Психоделичното искуство е патување кон новите сфери на свеста. Целта и содржината на искуството се безгранични а неговите карактеристики се трансцендентирање на вербалните концепти, просторно-временските димензии, егото и идентитетот. Такви искуства на проширена свесност може да се случат на повеке начини како: sensory deprivation, вежбање јога, дисциплинирана медитација, религиозна екстаза или спонтано. Во поново време тие станаа достапни до секого преку внос на психоделична дрога како: LSD, псилоцибин(magic mushrooms), мескалин, DMT итн.
Секако, самата дрога не произведува трансцендентални искуства. Таа се однесува како хемиски клуч којшто го отвара умот, го ослободува нервниот систем од обичните(секојдневни) шаблони и структури. Природата на искуството зависи најмногу од: подготвеноста на индивидуата(структурата на личноста и неговото/нејзиното расположение во моментот), времето, атмосферата во просторијата, социјалните чувстава на еден кон друг (ако има повеќе луѓе),културните убедувања на тоа што е реално. Поради оваа причина се потребни "водичи" (книги со упатства). Нивна цел е да се овозможи личноста да ја разбере новата реалност на проширена свесност, да служи како мапа за внатрешните територии коишто модерната наука ги направила достапни. Различни истражувачи цртаат различни мапи (различни упатства). Тие се базираат на различни модели - научни, артистички, терапевтски. Тибетанскиот модел на којшто се базира ова упатство е дизајнирано да ја подучи личноста директно да ја контролира свесноста на тој начин што ќе достигне ниво на разбирање наречено: ослободување, илуминација или просветлување. Ако ова упатство се прочита неколку пати пред сесијата, и ако доверлива личност е присутна да го потсети психонаутот (remind and refresh the memory of the voyager) за време на искуството, свеста ќе биде ослободена од игрите коишто ја сочинуваат "личноста" и од позитивните/негативните халуцинации коишто често ги придружуваат состојбите на проширена свесност. Тибетанската книга на мртвите на домородниот јазик(тибетански) се нарекува "бардо тодол" што пак означува "Ослободување преку слушање на пост-смртната рамнина" (на анг. "Liberation by Hearing on the After-Death Plane"). Книгата нагласува повторно и повторно дека слободната свест треба да ги слуша и памти учењата за да биде ослободена. Тибетанската книга на мртвите ги опишува искуствата што би требало да се очекуваат во моментот на смртта, за време на средната фаза којашто трае 49 дена и за време на повторното раѓање во нова телесна рамка. Ова е само езотеричен концепт којшто тибетанските будисти го користат да ги покријат своите мистични учења. Јазикот и симболиката на ритуалите на смртта во бонизмот (традиционална предбудистичка религија) се интегрирале во будистичките концепти. Езотеричната поента, како што е интерпретирано во овој водич е дека се опишани смртта и повторното раѓање не во телесна смисла. Лама Говинда ова го потенцира јасно во неговиот вовед кога кажува: "Ова е книга за живеењето како и за умирањето". Поентата во книгата е скриена под многу нивоа на симболика. Не е наменета за широка употреба. Направена е да биде разбрана само за оние коишто се иницирани лично од гуру во будистичките мистични доктрини и во пре-смртно-смртно-препораѓачко искуство. Овие доктрини биле скриени и чувани многу векови поради страв од наивна или невнимателна примена којашто може да предизвика штета.
Преводот на ваков текст има два чекори: приказ на оригиналниот текст на англиски; и второ: практична интерпретација на текстот за негова употреба. При публикувањето на оваа практична интерпретација за употреба во психоделична сесија ние во некоја смисла ја нарушуваме традицијата на тајност и пркосиме на учењето на ламите.
Како и да е, овој чекор е оправдан во смисла што "водичот-упатството" нема да биде разбран/о од некој што немал искуство на експандирачка свесност и поради фактот што ламите во последно време го овозможуваат учењето на запад за пошироки маси. Следејки го тибетанскиот модел ние разликуваме три фази на психоделичното искуство. Првиот период (Chikhai Bardo) е оној на комплетна трансценденција-над зборовите, над време-просторот, над себе. Нема визии, без чувство за себе, без мисли. Постои само чиста свесност и екстатична слобода од целата инволвираност во играта (и биолошка). [Под "игри" се подразбираат секвенците на однесување одредени од улогите/идентитетите, правилата, ритуалите, стратегиите, вредностите, јазикот, карактеристични просторно-временски локации и карактеристични шеми на движење. Секое однесување коешто не ги содржи овие карактеристики е не-игра: ова опфаќа физиолошки рефлексии, спонтана игра и трансцендентална свесност.] Вториот период вклучува его, надворешна реалност (Chonyid Bardo) - со изразена чиста јасност или во форма на халуцинации (karmic apparitions). Последниот период (Sidpa Bardo) вклучува враќање во рутинираната игра-"реалноста" и егото. За повеќето луѓе втората етапа (естетска или халуцинирачка) трае најмногу. За инициран првиот стадиум на илуминација трае најмногу. За неподготвени, за луѓе цврсто врзани за "игрите" (the heavy game players), за тие што неспокојно се прилепуваат за егото и за тие што ја зимаат дрогата за друга цел борбата за враќање во реалноста почнува многу рано и трае до крајот на нивната сесија. Горниот концепт е статичен додека психоделичното искуство е флуидно и променливо(ever-changing). Обично свесноста на субјектот осцилира рапидно меѓу овие три состојби (од една во друга). Единствена цел на овој "водич" е да му овозможи на лицето да ја врати трансценденталноста на првото бардо а со тоа да ги избегне стапиците на халуцинирачката и его доминирачката игра.
Основни вистини и верувања. Мораш да бидеш спремен да ја прифатиш можноста дека постои безграничен опсег на свест за којшто немаме зборови; свесноста може да се прошири над границите на твоето его, над тебе, над твојот идентитет, над се што си научил, над твоите претстави за простор и време, над различностите што обично ги разделуваат луѓето меѓусебно и светот околу нив. Запомни дека низ човечката историја милиони го направиле ова патување. Неколку (коишто ги нарекуваме: мистици, светци или буди) го направиле ова искуство трајно и го комуницирале со луѓето што ги придружувале.Исто така мораш да запомниш дека искуството е безбедно (во најлош случај ќе останеш истиот како и пред да влезеш во искуството), и дека сите опасности од коишто си се плашел се непотребен продукт на твојот ум. Дали ќе искусиш рај или пекол запомни дека тоа е креација на умот. Избегнувај да се фаќаш/држиш за едното или да бегаш од другото. Избегнувај да ја прикачуваш его-играта на искуството.
Треба да ја зачуваш вербата и да веруваш во потенцијалот на твојот мозок и милијарди години стариот животен процес. Без егото неможе ништо лошо да му се случи на твојот мозок.
Сети се на пријателот или доверливата личност чие име ќе може да послужи како водич и заштита.
Верувај на својата божественост, верувај на твојот мозок, верувај на твоите пријатели.
Кога се сомневаш исклучи го умот, олабави се, (float downstream).
Откако ќе го прочита овој водич, подготвената личност треба да може уште на самиот почеток на искуството да влезе директно во состојба на екстаза надвор од играта и длабоко откровение. Но ако не си доволно подготвен или си вовлечен во игра(the game distraction around you) ќе сватиш дека паѓаш назад. Ако се случи тоа тогаш инструкциите треба да ти помогнат повторно да ја досегнеш и задржиш илуминацијата/ослободувањето. Ослободувањето во овој контекст нужно не имплицира на трајно ослободување или нирвана (особено во случај на просечна личност), но првенствено ослободување од животниот тек на егото, такашто се достигнува најголема можна свесност а следствено и среќно препораѓање. Додека за доста искусна и високо оспособена личност, истиот езотеричен процес на "трансфер" може да биде, во согласност со ламите, толку успешен што ќе оневозможи било каква пречка во течението на свеста (the flow of the stream of consciousness), од моментот на напуштање на егото до моментот на свесното преродување (после 8 часа). Судејки по преводот направен од Лама Kazi Dawa-Samdup на стара тибетанска списа што содржи практични упатства за не-его состојби, способноста да се задржи екстазата низ целото искуство ја имаат лица тренирани за ментална концентрација во толкав степен на префинетост што можат да ги контролираат сите ментални функции и да се заштитат од непотребни надворешни фактори коишто можат да им го свртат вниманието.
Психоделично искуство 1.1
Инструкции за време на психоделичната сесија
ПРВО БАРДО
* (name of voyager) Дојде време за достигнување на нови нивоа на реалност. Твоето его и игрите полека исчезнуваат. Ќе се соочиш лице во лице со Јасната Светлина. Ќе ја искусиш нејзината реалност. Во его-ослободената состојба, каде сите работи се како празнина и чисто небо, и голиот неизвалкан интелект како транспарентен вакуум; Во тој момент спознај се и остани во таа состојба.
* (name of voyager) Тоа што се вика его-смрт се доближува. Запомни: Ова е моментот на умирање и препораѓање. Искористи ја предноста на оваа привремена смрт да достигнеш перфектна состојба-просветлување.Концентрирај се на едноста на сите живи битија. Држи се до Јасната Светлина. Искористи ја да се стекнеш со разбирање и љубов.
* (name of voyager) Ако неможеш да го задржиш блаженството на илуминацијата и ако паѓаш назад во контакт со надворешниот свет, запомни: Халуцинациите коишто веројатно ти се случуваат, визиите и увидите, ќе те подучат многу за тебе и светот. Велот на рутинската перцепција на работите ќе биде тргнат од твоите очи. Сети се на едноста на сите живи битија. Сети се на блаженството на Јасната Светлина. Нека те води низ визиите на ова искуство. Нека те води низ новиот живот што треба да дојде. Ако се почувствуваш збунет сети се на твоите пријатели и моќта на личноста на којашто најмногу се восхитуваш.
* (name of voyager) Обиди се да го достигнеш и задржиш искуството на Јасна Светлина. Запомни: Светлината е животна енергија. Бескраен пламен на животот. Флуктуирачки метеж од бои може да ја опфати твојата визија. Ова е постојаната трансформација на енергија. Животен процес. Не се плаши. Препушти се. Придружи се. Тоа е дел од тебе. Ти си дел од тоа.
Запомни: Над немирната флуктуирачка животна енергија постои ултимативна реалност-Празнината. Твојата свест, без форма и боја е празнина. Крајната реалност. Целото добро. Целиот мир. Светлината. Делот од тебе. Над светлината на животот постои мирната тишина на празнината. Тивкото блаженство над сите трансформации. (The Buddha smile). Празнината не значи ништо(како општа именка). Празнината е почетокот и крајот. Необструирана, светлечка, возбудлива. Дијамантска свест. Твојата сопствена свест, без некоја форма, без мисла без визија, без боја, празнина. Светлечки, блажен и тивок интелект-состојба на перфектна просветленост. Тоа е непроменлива светлина којашто тибетанците ја нарекуваат Buddha Amitabha, свеста на безобличниот почеток.
ВТОРО БАРДО
Запомни: Во оваа сесија ти искусуваш три барда, три состојби на губење на егото. Прво доаѓа Јасната Светлина на Реалноста. Потоа доаѓаат фантастичните варирачки халуцинации. Покасно го достигнуваш стадиумот на преминување/стекнување(процес) во/на его.
Можеби искусуваш его-трансценденција, оддалечување од старото "јас", но ти не си единствениот. Ќе се случи кај сите некогаш. Ти си среќен што го имаш ова подарено преродувачко искуство. Немој да се прилепуваш со врзаноста и слабоста за своето старо "јас". Неможеш да добиеш ништо со борба во овој халуцинирачки свет. Не се врзувај. Не биди слаб. Каков страв или терор да ти се случи, не ги заборавај овие зборови. Сфати го нивното значење во срцето. Оди напред. Тука лежи виталната тајна на препознавањето.
Кога ќе се одделат телото и умот искусуваш блесок на чистата вистина - суптилна, светла, заслепувачка, на изглед како огледало коешто се движи над пролетен пејзаж. Еден континуиран стрим на вибрации. Немој да се плашиш. Тоа е рефлексија на твојата вистинска природа. Препознај ја.
Од средината на тој блесок доаѓа природниот звук на реалноста, одгласувајки се како илјада громови симултано. Тоа е природниот звук на твојот животен процес. Не плаши се. Доволно е да знаеш дека овие појави се всушност твоите мисловни форми. Ако не ги препознаеш, ако ја заборавиш твојата подготовка, тогаш светлата, звуците и зраците ќе те преплашат, луѓето околу тебе ќе те збунат. Запомни го клучот на учењето.
Овие "предели" не доаѓаат некаде од надвор. Тие доаѓаат од внатре и светат во тебе. Исто така откровенијата не доаѓаат од некое друго место. Тие постојат во вечноста, во факултетите на твојот интелект. Клучот за просветлувањето и ведрината во овој период на десетици илјади визии е едноставно ова: Опушти се. Стопи се во нив. Блажено прифати ги чудата на твојата креативност. Немој да се закачиш ниту пак да се плашиш од нив. Не биди привлечен ниту немој да ги одбиваш. Над се, не прави ништо во врска со твоите визии. Тие се само во тебе.
Психоделично искуство 1.2
ИНСТРУКЦИИ
Визија 1 - ИЗВОРОТ
Блескавата енергија на Семето од каде што потекнуваат сите живи форми те обелува (те удира) со светлина толку брилијантна што едвај можеш да ја погледнеш. Не се плаши. Ова е енергија од изворот што зрачи милијарди години манифестирајки се во различни форми. Прифати ја. Немој да ја интелектуализираш. Не ја сваќај наивно. Стопи се во неа. Нека плови низ тебе. Изгуби се во тоа. Растопи се во прстенот на виножитото.
Физички симптоми
Физичките симптоми што ги имаш не се ефект од дрогата. Тие индицираат на тоа дека се бориш против чувствата коишто се предвесници на искуството. Неможеш да ги контролираш овие универзални бранови на енергијата.Остави ги чувствата да се стопат околу тебе. Стани дел од нив. Потони во нив и низ нив. Допушти си да пулсираш со вибрациите коишто те опкружуваат. Опушти се. Не се бори. Симптомите ќе исчезнат веднаш штом ќе се изгубат сите траги од его-борбата. Прифати ги како порака на телото. Уживај.
Визија 2 - Внатрешен тек на архетипски процеси
Животниот тек се врти низ тебе. Бескрајна парада на чисти форми и звуци, заслепувачки, променливи. Не обидувај се да го контролираш. Плови со него. Искуси ги античките космички митови на креацијата и манифестацијата. Не се обидувај да разбереш. Има многу време за тоа покасно. Стопи се со тоа. Нека тече низ тебе. Нема потреба да се реагира или да се мисли. Ти си учен на големи лекции на еволуцијата, креацијата, репродукцијата. Ако се обидеш да го сопреш, може да паднеш во пеколни светови и неподнослива мизерија искреирана од твојот ум. Избегнувај интерпретации. Избегнувај мислење, зборување и делување. Одржувај верба во животниот тек. Верувај на пријателите на ова патување. Стопи се во бојата на виножитото, во срцето на реката на креираните форми. Стекни се со просветлување во пределот наречен Pre-Eminently Happy.
Визија 3 - Огнениот тек на внатрешното обединување
Пловиш надвор во флуидната унија на животот. Екстазата на органскиот оган свети во секоја клетка. Тврдата, сува, трошлива лушпа на твоето его се измива. Се измива во бескрајното море на креацијата. Плови со него. Почувствувај го пулсот на сончевото срце. Нека те исчисти црвениот Буда Амитаба (Buddha Amitabha). Не се плаши од екстазата. Не се противи на текот. Запомни, целата возбудлива сила доаѓа од внатре. Ослободи го твојот товар. Препознај ја мудроста од твојата сопствена крв. Верувај и на брановидната сила којашто те носи во обединување со сите живи форми. Нека твоето срце се распрска од љубов кон животот. Немој да се држиш за екстатичната моќ. Таа доаѓа од тебе. Нека тече. Не се обидувај да ги чуваш старите телесни стравови. Нека твоето тело се соедини со топлиот ток. Нека твоите корени потонат во топлото животно тело. Соедини се со срцето на Буда Амитаба. Плови низ виножитото.
Визија 4 - Брановидна вибрациска структура на надворешните форми
Од оваа позиција стануваш свесен за брановидната структура на светот околу тебе. Се околу тебе се раствора во една вибрација од енергија. Ако погледаш од близу ќе се наштимаш на електричниот танц на енергијата. Нема веке нешта и лица туку само директен тек на честички. Свеста сега ке го напушти твоето тело и ке заплови во стримот на брановидниот ритам. Нема потреба за зборување или акција. Нека твојот мозок стане рецептор на блесокот. Сите интерпретации се продукт на твојот ум. Растерај ги. Не се плаши. Ликувај во природната моќ на твојот мозок, мудроста на твојот електрицитет. Остани во состојба на тишина. Како што тридимензионалниот свет се растура можеби ќе почувствуваш паника. Можеби ке почувствуваш приврзаност кон светот на објекти напуштајќи го. Во тој момент не се плаши од транспарентната, блескавата, заслепувачка брановидна енергија. Дозволи му на твојот интелект да се одмори. Не се плаши од зраците на животот, основната структура на материјата. Основната форма на брановидната комуникација. Набљудивај тивко и прими ја пораката. Сега ќе го искусиш директно откровението на примарните форми.
Визија 5 - Вибрирачки бранови на надворешното обединување
Ја искусуваш едноста на сите живи форми. Ако луѓето ти изгледаат како од гума, без живот, како пластични кукли, не плаши се. Ова е само обид на егото да го зачува својот одделен идентитет. Допушти си да ја почувствуваш Едно-ста на се'. Растопи се во светот околу тебе. Не се плаши. Уживај во танцот на куклите. Тие се креирани од твојот ум. Дозволи си да се опуштиш и почувствувај ја екстатичната енергија/вибрација којашто пулсира низ тебе. Уживај во чувството на едност со целиот живот. Светлечкиот одблесок е рефлексија на твојата свест. Тоа е еден аспект на твојата божествена природа. Немој да се приврзувш за твоето старо "јас". Не се обеспокојувај од новите и чудни чувства коишто ги имаш. Ако се приврзеш за своето старо "јас" ке отидеш во нова рунда на играта за егзистенција. Имај понизна доверба и остани без страв. Ќе се растопиш во срцето на благословениот Ratnasambhava, во прстенот на виножитото, и ќе достигнеш ослободување.
Визија 6
Сега си сведок на магичниот танц на формите. Екстатични калеидоскопски шеми експлодираат околу тебе. Сите можни форми се појавуваат пред твоите очи. Циркус пред очите. Постојана игра на елементи - земја, вода, воздух, оган, во варирачки форми и манифестации, те заслепуваат со нивната комплексност и разноликост. Опушти се и уживај во интензивниот тек. Не се приврзувај за некаква визија или откровение. Пушти се да протече низ тебе. Ако настапат непријатни искуства, пушти ги да протечат. Не се бори со нив. Се доаѓа од внатре. Ова е голема лекција за креативноста и моќта на мозокот, ослободен од научените/врежаните структури. Нека низата од слики и асоцијации те однесе таму каде што ќе те однесе. Медитирај мирно на знењето дека сите овие визии се еманација на твојата свест. На овој начин ќе се здобиеш со знаење (self-knowledge) и ќе се ослободиш.
Визија 7 - МАГИЧНИОТ ТЕАТАР
Се наоѓаш во магичниот театар на херои и демони. Митски суперчовечки фигури. Демони, божици, небески воини, џинови, ангели, бодисатви, џуџиња, ѓаволи, светци, пеколни духови, гоблини, тролови, витези и императори. Богот на танцот. Мудриот стар човек. Божественото дете. Полубогот. Преобразувачот. Чудотворецот. Целиот божествен театар на фигури репрезентирајки ги највисоките дофати на човечкото знаење. Не се плаши од нив. Тие се во тебе. Твојот креативен интелект е главниот магионичар на сите нив. Препознај ги фигурите како аспект на самиот тебе. Целата фантастична комедија се одигрува во тебе. Не "прилепувај" се за формите. Запомни ги учењата и ќе го достигнеш ослободувањето.
Визии полни со гнев
Не си во состојба да ја одржиш перфектната Јасна Светлина на првото бардо или мирните визии на второто бардо. Сега влегуваш во кошмарите на второто. Препознај ги. Тоа се твои мисли во форма на слика или звук. Тоа се продукти на твојот ум. Наговестуваат дека си блиску до ослободувањето. Не им се плаши. Никаква штета неможе да се случи од овие халуцинации. Тоа се твои мисли од застрашувачки аспект. Тоа се стари пријатели. Прифати ги. Придружи им се. Соедини се со нив. Изгуби се во нив. Тоа се твои. Што и да гледаш, без разлика колку и да е застрашувачко или чудно запомни дека доаѓа од тебе. Држи се до ова знаење. Ако го разбираш тоа ќе достигнеш ослободување. Ако не ги препознаеш, тортура и казна ќе следува. Но тоа се само одблесоци на твојот интелект. Не се материјални. Празнина неможе да повреди празнина. Ниедна од мирните или гневните визии, демони што пијат крв, чудовишта, машини или ѓаволи, не постојат во реалноста, туку само во твојата глава. Ова ќе го растури твојот страв.
и нешто друго поврзано со свеста...
Кружен модел на свеста
Интересен модел преку кој се објаснува човековиот нервен систем составил психологот Тимоти Лири. Се работи за 8-кружниот модел на свесноста кај кој секој од 8-те круга се наоѓа на повисоко еволутивно ниво од претходниот. Секој од овие центри (мозочиња), според Лири, се активира или стимулира (ако е веќе активен) со одредена техника или супстанца (дрога).
Лири составил модел базиран на латерализација (поделба) на мозочната функција. Првите четири нивоа, за кои тој смета дека се наоѓаат во левиот дел од церебрумот, се однесуваат на преживувањето на организмите на земјата, додека останатите четири, сместени во десниот дел, би се достигнале во некоја идна еволуција на човекот и засега се неактивни кај големо мнозинство од популацијата.
Овие центри или нивоа на свеста може да се поделат во две групи. Првите четири се нарекуваат земски и се веќе активни, додека останатите четири се вонземски и се неактивни кај огромен дел од луѓето. Фасцинантен за мене е податокот што супстанците кои ги стимулираат првите четири центри предизвикуваат тешка зависност кај луѓето, што не е случај со четирите вонземски нивоа на свесност каде што супстанците кои Лири ги става во тесна врска со нивното активирање не предизвикуваат никаква психо-физичка зависност. Или со други зборови, зависност предизвикуваат супстанците кои што делуваат стимулирачки врз центрите кои што се веќе активирани кај луѓето и според мене сосема е непотребна нивната понатамошна употреба. Гледано од еволуциски и прогресивен аспект, се прашувам зошто да се употребува нешто од кое веќе немаме никаква полза?!
Осумте нивоа (центри или мозочиња) низ кои кружи свеста објаснети од Лири се:
The Bio-Survival Circuit се однесува на најраните облици на преживување како и на првото двоење и препознавање на објектите како опасни или сигурни. Ова ниво на свесност за првпат се појавува во најраната еволуциона фаза на големиот мозок и е прво од осумте кое се активира во умот на новороденчето. Според Лири ова ниво се стимулира со opioid дроги. Ова ниво ја претставува еднодимензионалната перцепција: напред и назад (напред, кон храна и се што е препознаено како сигурно и назад, подалеку од опасност). Исто така е наречено и Oral Bio-Survival Circuit од Роберт Антон Вилсон, кое не упатува на оралниот стадиум од човековиот развиток спомнат во Фројдовата психологија.
The Emotional Circuit се однесува на сировата емоција и двоењето во човековото однесување на доминантно и потчинето. Најнапред се појавило кај рбетните животни, а кај луѓето станува активно во моментот на проодување. Ова ниво на свесност Лири го поврзува со алкохол. Ја претставува втората димензија, горе и долу ( горе, дуејќи се и покажувајќи доминација и долу, пикајќи се меѓу нозе и завземајќи потчинета положба). Роберт Антон Винстон ја нарекува и Anal Emotional Territorial Circuit, кое не упатува на аналниот стадиум од човековиот развиток (Фројд).
The Symbolic Circuit се однесува на логика и симболизам. Се формира кога хоминидот започнал да се разликува од останатите примати. Ја претставува третата димензија, лево и десно, која се однесува на развитокот на вешти движења, ракување со предмети, смислување на нови изуми, вршење на пресметки итн. Се нарекува исто така и The Dexterity – Symbolism Circuit. Ова ниво Лири го поврзува со кофеин и кокаин.
The Domestic Circuit го означува социјалното функционирање и пренесување на културата низ времето. За првпат ова ниво се појавува со самиот развиток на племенските заедници. Лири не поврзува никаква дрога со ова ниво на свесност, но многумина претпоставуваат дека е возможно активирање на овој центар со помош на окситоцин и MDMA. Како и да е, ендорфинот и останатите супстанци кои ги произведува телото за време на социјална интеракција, секако дека може да се поврзе со овој стадиум. Недостатокот на познавање на причините за појавување на овие супстанци во телото, како и немањето метод со кој би се стимулирала нивната продукција, веројатно е причината поради која ова ниво на свесност не го поврзува со некоја дрога. Ова ниво се справува со морални и социо-сексуални племенски правила оставени од претходните генерации и е вовед во четвртата димензија – времето. Наречена од Лири и Вилсон, Socio – Sexual Circuit.
The Neurosomatic Circuit се наоѓа во десната страна од мозокот. Тоа е повисоко ниво на свест и е неактивно кај повеќето луѓе. Активирањето на ова нервно коло отвора мултидимензионален простор наместо веќе познатите четири димензии (простор/време). Ќе ни открие нови патеки во истражувањето и осознавањето на вселената. За првпат се појавува во нашево време и е во блиска врска со хедонизам и еротизам. Лири го поврзува активирањето на ова нервно коло со канабис и практикување на тантричка јога, или едноставно со искусување на сензацијата предизвикана од слободен пад.
The Neuroelectric Circuit се однесува на достигнување свесност за самиот себе, апсолутно независна од претходните шаблони длабоко втиснати со активирањето на претходните пет нивоа. Се нарекува и метапрограмирање, абстрактна свесност, како и свесност за програмираниот ум. Ајнштајновата релативистичка интелигенција на свеста препознава, на пример, дека Еуклидовата, Њутновата и Аристотеловата мапа на реалноста се само три од неколкуте билиони возможни програми и модели на искуство. Според Лири, ова нервно коло овозможува телепатска комуникација и е невозможно да се објасни на оние со мозочна активност само на левата страна и тешко е објасниво на оние со активни пет круга на свесност. За првпат се појавува околу 500 година од нашава ера и е во блиска врска со Патот на Свилата. Лири го поврзува ова ниво на свесност со пејоти кактус, ЛСД и псилоцибин (магични печурки).
The Neurogenetic Circuit овозможува пристап до генетската меморија содржана во ДНК. Ова ниво на свеста е поврзано со меморијата од минатите животи, the Akashic Records, колективната несвесност, бесмртноста. За првпат се појавува меѓу Хинду и Суфи сектите во раната фаза од првиот милениум. Се стимулира со ЛСД како и со практикување на раџа јога. Се нарекува исто така и Morphogenetic Circuit.
The Psycho-atomic Circuit овозможува пристап до интергалактичката свест и му овозможува на човекот да делува надвор од концептот за простор и време како и од принудната релативност. Го поставува мозокот во надворешен квантно-комуникационен систем, во минатото споменат од физичари како Bohm, Walker, Sarfatti, Bell и др. Овој центар е возможно да се отклучи со Ketamine, DMT, како и со многу јаки дози на ЛСД. Наречен е исто и The Neuro-Atomic Circuit, The Metaphysiological Circuit или The Non-Local Quantum Circuit.
му благодарам на