Ова се случи пред неколку дена, нa 28 мај. Промоција на збирката поезија и кратки раскази од млади автори од државите на бивша Југославија, "Рукописи"33.
Минатата година за прв пат бев застапен во оваа збирка и бев на промоцијата во Панчево, Србија. Оваа година кога ја добив поканата за отворениот конкурс само селектирав и испратив.
Бев пријатно изненаден и сум им многу благодарен на селекторите што мојата поезија избраа да биде застапена повторно.
Инаку оваа збирка се издава од 1976 година, а од 1989 година ги отвара вратите за сите автори од тогашна Југославија, денешна EX [нон егзисте па]
Од околу 120 автори кои учествувале на конкурсот, 39 се застапени во збирката.
По редослед од која држава најмногу испратиле свои дела се Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија и Црна Гора.
Јасмина Руневска и Иван Шопов се другите двајца автори кои се дел од Рукописи, а се од Македонија.
Освен промоцијата на збирката, како дел од овој event организиран од Младинскиот Дом во Панчево е дневната работилница меѓу авторите, на која учествуваат и познати автори од регионот.
Уредници на збиркава се Јасмина Топич и Ана Ристович, дизајн на корицата Јасмина Топич, илустрациите и рецензијата се на Чарна Попович, подготовката за печатење на Јасна Миличев. Организатор на "Рукописи" е Данка Стојков.
"Рукописи" е една од ретките збирки кои се издаваат секоја година, а е место каде можат да се сретнат повеќе млади автори од неколку држави.
~ повеќе за "Рукописи" 33
Izašli novi ''Rukopisi 33'' ~ književnost.org [informativni portal za književnost]
Novi, Rukopisi 33 ~ SEE Cult [portal za kulturu jugoistočne evrope]