.
За изложбата дознав откако ја видов поканата на која имаше прекрасна илустрација од млада вештерка со магичен, малку студен амбиент во позадина. Во истиот момент посакав да ја посетам изложбата и да видам повеќе дела/ илустрации од овој илустратор. Почитувам илустрации и доста често ги споделувам на социјалните медиуми како twitter и facebook со моите пријатели.

Всушност, пишувам за Benjamin Lacombe роден во Париз 1982, една година постар од мене. Уште како студент во ENSAD, Париз илустрира неколку книги со неговите илустрации и станува познат во кругот на луѓе заинтересирани за илустративна уметност. Издава/ публицира за Walker Books (USA) исто така e номиниран и за престижната награда на Time Magazine. Со неговиот стил на цртање тек прва доаѓа неговото време, ако земеме во предвид дека во моментот соработува со најуспешните издавачи во светот како: Albin Michel, Barefoot Books (USA), Edelvives (Spain), Hemingway Korea (Korea)итн.
Делата/ илустрациите на Бенџамин можеме да најдеме изложени во најпознатите светски центри како Њујорк, Париз, Рим, Токио..

Мистичен, езотеричен, но исто така и суптилен, наивен, но со силен авторски порив. Смиреност во портретите, длабочина во нивните очи, како сите овие портрети да ја кријат тајната на светот. Сурреалност во нивните погледи.


Амбиентот кој го работи е како под театарски рафлектори, драма во повеќето композиции,внатрешен дијалог помеѓу субјектите, другите елементи што ги користи само ја надополнуваат приказната во рамките време, простор.

Безвремена илустрација за приказни од историјата, за најобичните и оние малку поважни, бајки, готика, приказни испреплетени меѓу себе, оние кои ги знаеме и некои нови, откриваат животи на поети, композитори, танчарки, дечиња, нивните приказни од земјите на чудата итн.

Овој стил на илустрирање се' повеќе и повеќе е провокативен и интересен за публиката, а Benjamin Lacombe е еден од оние кои најубаво ги открива визурите на овој мрачен, но очигледно близок свет до нашиот.

Изложбата која јас ја посетив во изложбениот простор l'Espace Invitro во гратската библиотека во Thionville, носеше наслов како една од неговите книги: Portraits de sorces. На изложбата беа изложени повеќе од 30тина илустации исто како и примероци од книгите со негови илустрации и приказни, флаери, постери и најразлични рекламни материјали со негови принтови.

Одличен уметник/ илустратор кој е сеуште млад и уникатен во неговиот стил на работа, со силна порака во неговите илустрации. Среќен сум што ја посетив изложбата!

повеќе за овој ислустратот ќе најдете на неговата страна исто како и на неговиот блог. доколку сакате да ја следите неговата работа на facebook ова е неговиот fan page.
..она што видов на неговата страница е дека се занимава и со анимиран филм, ова е кратко анимирано видео за неговата приказна.

"Once Upon a Time.."



Teaser of "Once Upon a Time.." Pop Up Book published November 5th 2010 in France by Seuil Jeunesse. Also published the 5th november in Spain by Edelvives and in Italy.

Resumé:

Eight classical tales evoked by a double page with ingenious mechanism, in a magnificent book which associates technical exploit and artistic talent. Find the characters of the most famous tales: Alice, Pinocchio, Sleeping Beauty , Blue Beard, Peter Pan, The Little Red Riding Hood, Mrs butterfly , Poucette staged by Benjamin Lacombe and in volume by José Pons. At the end of the book, Jean Perrot's point of view, an expert of the tales and the youth image, will come to light the work.


Folow the White Rabbit....

слиkите кои ги користам во редослед uP/dOwn:

- Self Portrait / Autoportrait - 2009, Mixed Medias on paper / Techniques mixtes sur papier

- Extracted from the Book "Grimoire de Sorcières" ed Seuil Jeunesse - 2008, Gouaches and oils on paper

- Le Manteau d'animaux - 2010, Gouaches and oils paint on paper, Extracted from " Blanche Neige"

- Extracted from the Book "La petite Sorcière" ed Seuil Jeunesse - 2008, Gouaches and oils on paper

- Extracted from the Book "La Mélodie des Tuyaux" ed Seuil Jeunesse - 2009, Gouaches and oils on paper

(short English version of this article HERE)

текстот беше објавен во ок[н]о на 22 Ноември




Bookmark and Share


edit post

0 Reply to "гДин Benjamin Lacombe д илустратор"

  • Related Posts with Thumbnails

    facebOOk_ing IN.the bOOkface

    videos from dokufest, BYF & future shorts

    Loading...