.
.
.
.


.
.
.
!бррр... една статија ме потресе [зима, кок`л ладно]




Навистина е очајно во така мала држава како што и самите потенцираат да се соберат ужји круг на луѓе кои ќе солат памет како врвни аналитичари (за жал само македонски) далеку од балкански, европски и тн. и ќе презентираат искривена слика за реалноста во која ете како гласно говорат дека 'понова македонска книжевна сцена не постои '



не дека делумно не се согласувам со ова, но делумно и не се согласувам. И ке му дојде како докторе се двоумам или не, но сепак ќе го кажам она што го мислам. Да беше дедо ми писател и јас ќе имав 3 книги, да беше баба ми сопственичка на издавачка и јас ќе имав 4 романи, да бев братучет на секретарот во ДПМ и јас од поодамна ќе бев етаблиран на македонската ни сцена! - зошто сцената е ваква каква што е? секако поради проблемите кои малкуминаа ги создаваат, за по тоа самите да ги дефинираат.

Не би се согласил ни дека нема критика, ни дека нема автори. ..напротив, денес можеме со помош на социјалните мрежи да се споиме со илјадници активни автори ширум светот, да добиеме сериозна (за прв пат) критика од некој надвор од државата пошо нели во државата само мрчиме. Но постојат и такви кои сеуште се плашат да споделат, сеуште своите песни.чки си ги чуваат за нивните книги (нели нашле дупка за мантрање и ќе ја мантраат до крај), но, затвореноста ќе нагласам не потекнува од новиот бран, туку од младите, а сепак остарени на мислење и став наши признаени, етаблирани автори. Оди бе!


какви автори, каква игра!

Се организирале настани на кои имало срање автори и малку добри. Не е премногу критички ова, пошо ќе дојдат денови и кога ќе се споменуваме со име и презиме, не може 'етаблираните' да чекаат помада мислење од дедовците од ДПМ и по тоа да велат, не, овде нема критичка маса, овде нема читачи, овде нема некој кој сериозно ќе даде анализа на нечие дело.

Ги има и такви ама невработени се да Ви ги купуваат Вашите дела, немаат повеќе од 500 денари за интернет каде имаат пристап до секаква литература само не до вашите златни дела кои жално, останале без критика.

Би го огласил спротивното, премногу критички настроени млади автори и критичари/ аналитичари секојдневно создаваат дебати на facebook, споделуваат свои дела, некогаш и разговараат за истите. ..и да, има прогрес, не е се така црно, или годинава никој не кречел во ДПМ, па сега е зачадено од чадот од минатиот век.

Отвореноста е првиот чекор кој дел од собраните на таа дебата треба да го направат, толерантноста, разбирањето се другите два. ..и да не излезе тешкото, скршете ги вашите исфрустрирани бариери и пуштете збор два кај критиката, кај луѓето кои се жедни да прочитаат нешто и да дадат мислење.


Е да, меѓу луѓето, во јатото со сите.. никогаш не би сакал да имам книга која би требало да ја критикуваат етаблираните. Просто, многу се фини, како од финска. Слушнете повеќе што збори Вашиот професор Венко, за човечноста, тогаш и кругот ќе биде поголем и во него ќе бидеме сите ;)

'за да се направи книжевна сцена, мора да се надмине генерацискиот јаз, да има здружување, повеќе да се користат социјалните мрежи ' оној што е овде цитиран, социјалните мрежи ги користи само да спамира со линкови и никогаш не одговара на коментари!
.



.
.
.и да, извинете на грешките ова не е дневник.com.mk ниту колумна, се согласувам со Живко Г. дека треба да си ги отвориме очите повеќе доколку сакаме да абсорбираме повеќе светлина, а критиките ќе ги добивате ако и самите ги давате... и да, негативната критика ете како може позитивно да влијае во развојот на еден автор. ;)

________________________________________________________


- ова е реакција на една статија која информира за настан поврзан со: нема сцена без критика и читатели' [ова во никој случај не би било линкано]за која сепак мислам дека било двочасовно губење време во кое решенијата и резултатите биле невидливи како и се друго во државава ~
.
.
.

edit post
.
.
.





Ајде да му го оставриме сонот на Јоце самостојно да се движи
донирајте 100 ден..на ONE - 075/143-850, VIP- 077/143-773
бидете хумани и посетете ја заедничка.та изложба на многу наши уметници во -

ПОНЕДЕЛНИК, 26.12.2011 ПОЧЕТОК: 20:00 ч.
~ кафе галерија 8, Безистен, стара скопска чаршија ~

~ Дојдете и бидете хумани, купете некоја фотографија, повод и причина за еден поинаков поклон за Вашите драги за Нова Година, а надеж за нашиот Јоце ~



* * *

Штотуку прочитав еден текст од Elena Fıdanşka за една изложба која ќе се случува вечерва и во која земам учество пред се' за тоа што е хуманитaрна и со цел да помогне некому кој малку му треба да биде исправен на нозе и повторно меѓу нас.

За изложбата бев поканет да споделам три фотографии кои навистина се надевам дека се добри некому ќе му се допаднат, а со тоа јас макимално ќе си ја изршам задачата.. испраќам добра мисла за организацијата и добрата волја на сите учесници.

.

..се надевам дека нема да згрешам со тоа што текстот на Елена ќе го пополнам со селекцијата која ќе биде вечерва таму во галерија 8, а ја избра Ирена. Посакувам успешна реализација и стискам палци за подобрување на состојбата на Јоце!


[ Искрена предновогодишна исповед ]


Денес сакам да звучам како секој политичар, пејач, актер, водител, експерт, менаџер, хостеса, познавач на состојбите, балерина, Каљопи и сите останати такви слични персони со “кул“ професија која што секогаш добиваат 2-3 страни во новогодишните изданија на весниците. Имам една другарка, Весна, со која што секоја нова година си одредуваме по едно мото што ќе го следиме цела година. Лани имавме на пример “абе шо му ебиш“, а оваа година го имавме “freestyle"... Лани навистина не му ја ебев... па ни оваа година додуша... Ми требаат пари, да не се лажиме. Ми треба секој еден денар. Сакам да одам за викендот Солун и да пијам кафе од “дури“ 5 евра во Starbucks. Сакам да одам Истамбул за нова година. Сакам да си купам Nintendo wii. Сакам 2 објективи и еден Kindle да си порачам. А ако ми стигнат пари (сето ова е за до март) да си земам и iMac. Е немам пари де. Сериозно немам. Имав 5 евра и купив 3 лесковачки сношти. Ете толку.

.

.

Последните пари 3500 денари ги дадов за утре да организирам хуманитарна изложба. Ја пречекав мојата друга другарка, Ирена да се врати од Шведска и истиот ден собравме кој колку има и ги испринтавме сликите. Утре ако се случи чудо, сега ми е мака да барам низ алишта, можи ќе најдам некоја стотка, ако не ќе си ја чекам платата овие дена :). Ама ич не ми е гајле. 2 дена без пари ќе издржам. Разгалена битолчанка ќе издржи 3-4 часа.. ама ете ќе се челичам.


Решив. Решив за Јоце. Детето кое што, искрено не го имав запознаено лично кога се одлучив на организација. Него го запознав пред 2 дена. 2 дена се мислам како да го опишам тоа дете. Горе-долу, запознавам нови луѓе. Ама можам да кажам дека ретко ми се случило да запознаам толку позитивна, интелигентна, храбра личност со осет за хумор како Јоце. Тогаш сфатив дека не си помагам само на самата себе си, демек ќе се чувствувам добро ако дадам нешто. Да, чувството е страшно добро. Туку сфатив дека му помагам на мој пријател со кој едвај чекам еден ден да одиме во некој кафич и да се испијаниме на некој шанк. И не е толку невозможно. На детето му требаат средства за да почне самостојно да се движи. За да застане до нас и заедно да наздравиме од нога.

Тоа е она што го сакам.Еве да биде и во духот на празниците. Тоа го сакам од Дедо Мраз. А бидејќи верувам во Дедо Мраз, се надевам дека ќе ми се исполни мојата најголема желба. Всушност... не верувам во еден.. верувам во стотици дедо мразовци кои личат на вас. Кои имаат малку средства што ќе можат да ги донираат и да си заминат дома со некоја добра фотографија. Не бидете себични. Сериозна сум. Дојдете да се забавувам со Летечките пекинезери. Ветувам дека ќе биде добро. Ве чекам сите.26.12.2011 во 20:00 во Галерија 8

п.с.

Ми велат дека се добри Пекинезерите... не сум ги слушнала :D се надевам дека добриот глас за нив не е само добар маркетинг ;)

.




edit post
.
.





We are not "saving the planet" because earth will survive without us. We are striving to save humanity and those we share this planet with. We need to act now. We need to show future generations just how much we love them.

Severn Suzuki

.

.Случајно налетав денес на ова видео со девојчето кое го замолка светот за 5 мин, но, 18 години подоцна. .. Се има ли променето нешто во нејзиното мислење?! она што благо се наметнува во филмот, а, е доста важно да се спомене уште на почетокот е терминот кој Серерн го користи, "inter-generational justice".


    Се грижиме ли за нашата иднина, за иднината на планетата и тогаш кога ние веќе нема да бидеме живи? Треба да бидеме загрижени или да водиме поголема грижа?!

.

Во 1992 година, на Самитот за планетата Земја во Рио де Жанеиро, Северн Сузуки на само возраст од 12 години ги повика лидерите од светот да размислат за хуманитарната и еколошката ситуација на планетата. За прв пат во историјата, дете стана и ги запраша оние кои се одговорни што превземаат за згрижување/ заштита на нашата планета.

Гласот на тоа дете, полн со искреност и добра смисла, нејзиниот едноставен вокабулар и лесни зборови длабоко допреа до нејзината публика тогаш. Претседател Ал Гор лично нагласи дека "Таа го оддржа најдобриот говор кој го слушнал во Рио".


Нашите акции не ги одразуваат нашите зборови: планетата Земја се уште е во истата состојба и денес, а Северн, сега веќе возрасна во очекување на своето прво дете. Таа уште еднаш се огласи, објаснувајќи дека иако ситуацијата е итна сеуште има време за да се направат промени.

Во овој емоционален документарец полн со надеж, Северн стои како референца за оние кои, од Канада до Јапонија, преку Франција, преземаат конкретни и позитивни акции со кои покажуваат на дело дека го почитуваат биодиверзитетот, органскиот развој и тн.. Но кој ќе одговори на жалбата/ повикот на Северн за промени?

"Северн, гласот на нашите деца" е продолжение на документарец 'внимателно со храната: француска органска револуција. Ова не треба да се случи: нашите деца ќе не обвинат за тоа!'

.




.

Дали Вие, драги читатели имате размислувано подлабоко на оваа тема? Која е поуката која ја извлековте? Дали сТе вклучени во промените, како?

Превземањето конкретни акции е она што во денешнинава најмногу се промовира и почитува. Поминаа декадите на освестување, сега сите знаеме дека теоријата не раѓа плод, туку акцијата!

.

.

:Сите ние во нашите разумни стадиуми на животот свесно одговараме пред сите дека цврсто стоиме позади филозофијата на ова тогаш 12 годишно дете, но, длабоко во нашите дејствија стануваме контрадикторни самите на себе. Не ве обсервирам Вас бидејќи не сум јас поразличен. .. ја сакам оваа промена, во мислите секогаш ја имам оваа позитивна вибрација, но, грешам. ..конзумирачкото општество се има инсталирано многу добро во нормалниот систем на живеење. Како да се промениме самите себе знаеме дека е многу потешко да го промениме системот..?!

Убаво нагласува Северн дека планетата нема да умре, си има изградено свој систем на издржливост, ние сме оние кои сме кратко на патот и ако сакаме да останема подолго задолжително треба да бидеме филтер на планетата, органски импулс на нашето живеење.

Теоријата и книгите се овде, начините како до подобро се поедноставни од оние за уништување (кои сега ги практикуваме). Го сакаме колосекот во кој продолжува еволуцијата или мислиш дека планетата земја т.е. луѓето на неа отидоа малку во костец. Искривена е сликата за заштита на природните ресурси, богатства сета онаа убавина која ни ја дала мајката Земја.

Се споменуваат и дериватите кои не гушат и нуклеарните централи кои не само нас туку и на облаците ги гушат, создаваат рак на дробовите на секоја планина. ..дополнително сечеме за нови столчиња.. конзервирано?! - не благодарам! Би требало да го промениме начинот на живот, но кој ни ги донел бананите кои ни мајмуните не ги сакаат?

- Може од помалите?!

Да, да и краставиците и доматите, компирот, јаболката. ..се ` ..од помалите! На пазарите сакаат да задоволат цела фамилија со една единствена краставица, зарем не може да добиеме таква од која истата таа фамилија би јадела цела недела?

- ма, не е проблем. ..нека ја донесат со шлепер! - нафтата, не заборавајте да ни ја ставите во лебот, слушнавме тестото поголемо станувало така..

.


We are killing ourselves. We are killing our children. The message has not changed and we need to hear it. We need to hear it now. We do not have a right to deny our children a healthy future. We do not have the right to rob the fellow creatures we share this earth with of their lives.

Severn Suzuki


Морбидно, а? А, не е така?

И после речиси 20 години истата порака, се врти како омилена песна на сите станици, но за жал тоа не е омилената песна. Ова е непријатната Вистина која на збор сите ја поддржуваме. Ти звучи познато, секако Ние тоа го знаеме... но, дали тоа знаење ја променува иднината за нашите деца?

НЕ! - за тоа мора да се промениме! За здравата иднина на новите поколенија!


Како за крај ви го оставам најтешкиот дел од задачата, треба билдање за ова да знаете: не оставајте ја светилката таму каде не Ви е потребна, нема потреба водата да тече додека ги миете забите, не спиј под тушот! (ова за мене), шопинг?! (зошто луѓе толку алишта?!), пластична кеса. ..не благодарам!. ..вака листава оди до бескрај, сами дополнете ја и по тоа почнете со извршувањето на задачите со кои ќе си помогнете на самите себе, на вашите деца (сегашни и идни) и на мајката природа, планетава. Action!


“If we can really make the connection between these ecological problems and the reality of what it means – that we’re talking about the future of our kids – I have to believe we’ll change our ways.” Sept. 30 to Oct. 15, viff.org.

Severn Suzuki


.
.

edit post
.
.
.
.
.
дедо Куељо, Пауло Коељо е еден од поинтересните ликови во виртуелниот свет, кој редовно успева со неговите ставови, размислувања, блог постови да ми го одземе вниманието. Ова е едно такво четиво, што се чита во еден здив, како што ужива да каже тој самиот, а причината поради која ќе се најде на мојот блог, во слободен превод, се разбира е темата која денес ја зачна и ја разоткри, со варијации на неколку реални перспективи..

текстот е со име:
триTe симптоми на убивање на нашите соништа



Првиот симптом на процесот на убивањето на нашите соништа е недостатокот на време. Зафатените луѓе кои ги познавам во мојот живот секогаш имаат доволно време да завршат сé што треба. Оние кои не прават ништо се секогаш уморни и не обрнуваат внимание на малкуто работа каје се бара од нив да биде завршена. Тие постојано се жалат дека денот е премногу краток. Вистината е, тие се плашат да се борат со добра волја.

Вториот симптом на убивањето на нашите соништа лежи во нашата сигурност. Бидејќи не сакаме да си го видиме сопствениот живот како голема авантура, почнуваме да размислуваме за себе како мудри, фер и коректни во поставувањето прашање и барањето малку од животот. Ние гледаме надвор од ѕидовите на нашето секојдневно постоење и егзистенција, го слушаме звукот на кршењето копја, ја мирисаме прашината и потта, ги гледаме и препознаваме големите порази и оганот во очите на воините. Но, никогаш не ја гледаме радоста, огромната радост во срцата на оние кои се вклучени во битката. За нив, ниту победата ниту поразот се важни, што е важно е дека ти се борат со добра Волја.

И, конечно, третиот симптом е пуштањето на нашите соништа да заминат и почиваат во мир. Животот станува неделно попладне; не бараме ништо за возврат, престануваме да бараме нешто повеќе од она што умееме сами да дадеме. Во тој стадиум, размислуваме за самите себе дека сме постанале возрасни, зрели; ги оставаме настрана фантазиите кои сме ги имале како млади и се трудиме да постигнеме лични и персонални достигнувања. Изненадени сме кога луѓе во зрелата доба од животот велат дека сеуште го посакуваат ова или она од животот. Но, длабоко во нашите срца, веруваме и знаме дека тоа што се случило е она што останало да се случи откако сме се откажале од битката за остварување на нашите сништа - сме одбиле да се спротиставиме на добрата Волја.

Кога ќе се откажеме од нашите соништа и пронајдеме мир, ние преминуваме низ краток период на релаксираност и спокој во нашиот живот. Но, умрените соништа почнуваат да гнијат во нас и да го инфецираат целокупното наше битие. Стануваме сурови со луѓето кои не опкружуваат, а по тоа почнуваме истата таа суровост да ја насочуваме кон самите себе. Тоа е моментот кога болестите и психозата се појавуваат. Она што се обидуваме да избегнеме во таа борба - разочарувањето и поразот - фрлаат сенка врз нас и нашиот кукавичлук.

И еден ден, мртвите, расипани соништа Ви прават тешко да дишете, и всушност тоа е моментот кога се соочуваме со смртта. Тоа е смрт која не ослободува од нашата сигурност, од нашата работа и од мирот и спокојот на тоа ужасно неделно попладне.

:зборовите на Петрис, водичот на Коељо за време на Аџилакот во Сантјаго де Компостела


__________________________________________________________________


- уште да си појаснам самиот себе, а и на Вас кои го читате ова, а не знаете за каков аџилак станува збор. “Целта на „аџилакот“ е да се среќавам со луѓето. Повторно се откриваме себеси низ очите на другите“ - има кажано на почетокот на неговиот 'аџилак' или патување наменето за промовирање на неговата истоимената книга. Аџилакот во Сантјаго де Компостела во Шпанија, или уште „Аџилак: Современа потрага по древната мудрост“ пред 20 години го инспирираше Куелјо да го напише „Алхемичарот“, роман што беше преведен на 60 јазици.

доколку сакате да го прочитате текстот во оргининал може да го најдете на неговиот блог ~

.



Bookmark and Share

.
.

edit post
.
.
.
.




Вчера, 5ти Декември официјално беше прогласен победникот на Британската канал 4, а конкуренцијата како и секоја година така и оваа не беше лесна.


Годинашнава награда отиде во рацете на Martin Boyce, 44 годишен уметник кој успева извонредно да комбинира современа архитектура и дизајн. Освен што оваа награда му донесе £25,000 го постави и на заслуженото место во историјата на британската и светската современа уметност.

Самата можност да влезеш во конкуренција за оваа награда е од огромно значење за секој уметник кој создава уметност која би требало да комуницира со луѓето и реалноста во која функционираме. Неговата уметност на еден посебен визуелен начин прави одличен спој на внатрешниот и надворешниот свет, оној кој го перцепираме и оној интимниот, кој го доживуваме.
Иако, создава големи на димезија/ размер, специфични инсталации, ефектот кој тие го имаат врз публиката е поразличен, тие умеат да комуницираат на еден специфиче, интимен начин со гледачот, и тоа секој од елементите на посебен начин. Референците кои ги споменуваме погоре се основа на неговото творештво, но во комбинација со тие избледени сурреални слики од соништата и нивната адаптација со наследсвото кое го остава современата уметност, неговите инсталации те доведуваат до чувство на дезориентираност, поместеност дури и премостеност, како во некое друго време, простор, речиси театрално со доза на дијалог помеѓу она што го гледаш и тоа пто го чувствуваш.




Инспириран од лисјата, дрвјата, есента и амбиентот кој го создаваат тие се само почетни двигатели кои го мотивират да со играта на геометријата почнува да ја истражува сопствената оригинална форма на израз учејќи и водејќи се на некој начин од совршената геометриска игра која во 1925 година ја користат Jan и Joël Martel. Извонредно го анимира просторот со неговите форми и дела и создава уникатна магична средина во која посетителите на еден смирен, медитативен начин имаат допир со уметноста на денешнинава. Индустрискиот дизајн му влијае во архитектонските форми и обратно, паралелата која ја создава е извонреден пејсаж во просторот. Меланхолично, поетско отсликување. ..кое наспроти цврстата структура на материјалите кои ги користи ја прават неговата уметност заслужна за оваа награда.




Делото кое остави најголем впечаток кај жирито е наречено "faded dreamscape" и иако најпрво не успеал да се запише на ликовна акадмија, со помош на вечерните часови кои подоцна ги земал и големиот труд кој го вложил успеа неговиот квалитет да исплива на површина.

Ќе нагласи на доделувањето:
"When education is going through the wringer, it is important to acknowledge the value of teachers."

Во потесната конкуренција после објавувањето на листата во мај, за која некогаш потаму во времето пишував и јас овде, пред неполн месец во потесниот круг заедно со него беа: Karla Black, George Shaw и Hilary Lloyd. Интересно е да се спомене овде дека секој од овие номинирани артисти работи посебна техника и посебна дисциплина и формите, делата кои ги оставаат се крајно различни и во суштината, и во начинот на создавањето како и во пораката која ја носат со себе. Од Linkкласична скулптура, хипереалистично сликање, преку видео арт до оваа наградена естетски најопиплива форма на комбинација на инсталација која ве поврзува во амбиентот кој го нуди природата сама по себе пренесена на тој својствен начин кој го владее Martin Boyce.



Неговата уметност е како елегија по чистотата на современата, тој успеал со ова дело да ја внесе есента внатре во тој простор, односот на сите елементи внатре е во прекрасен баланс со енергијата која циркулира околу. Начинот на кој елементите открииваат посебна ментална состојба е она што на посетителот му прави трајно да се поврза со ова дело, можеби главниот фактор жирито да се одлучи да му ја додели токму него наградата, иако се работи за уметник кој по потекло не е британец и трет пат Шкот успева да им ја земе најголемата британска награда на силната фела од уметници кои создаваат во својата матична земја.








Деновиве се води голема дебата за важноста на оваа награда за светот на современата уметност и колку е потребно да се има критичко око и длабоко разбирање и анализирање на современите форми затоа што во текот на годините се повеќе и повеќе галерии се борат и стојат рамо до рамо со музеите и промовираат купишта автори и дела, со што само ја заматуваат големата слика и искреното (пре)познавање на современата како цело.

И оваа година жирито заврши извонредна задача, јас како човек кој директно е вклучен во процесот на создавање уметност само би додал дека Martin Boyce заслужно може да ги инвестира заработените пари од наградата во неговото студио и на престојната изложба која ја подготвува и секако на забава и малку релаксација со неговите родители, жена и деца на кои им е бескрајно благодарен.


..ако сакате да читате уште многу, многу и Ве интересира што понатаму со овие уметници, кој-што работи во иднина, дали ќе има и следната година 'локални странци' кои ке им бидат сериозна конкуренција на домашните, можете да си ја отворите имагинацијата, линковите водат до некои информаци. ..а, за другите проверете: guardian, channel 4, washington post и многу други. ~

останете со здравје драги читатели ~






Bookmark and Share

.

.

edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...