.
.
.





Ајде да му го оставриме сонот на Јоце самостојно да се движи
донирајте 100 ден..на ONE - 075/143-850, VIP- 077/143-773
бидете хумани и посетете ја заедничка.та изложба на многу наши уметници во -

ПОНЕДЕЛНИК, 26.12.2011 ПОЧЕТОК: 20:00 ч.
~ кафе галерија 8, Безистен, стара скопска чаршија ~

~ Дојдете и бидете хумани, купете некоја фотографија, повод и причина за еден поинаков поклон за Вашите драги за Нова Година, а надеж за нашиот Јоце ~



* * *

Штотуку прочитав еден текст од Elena Fıdanşka за една изложба која ќе се случува вечерва и во која земам учество пред се' за тоа што е хуманитaрна и со цел да помогне некому кој малку му треба да биде исправен на нозе и повторно меѓу нас.

За изложбата бев поканет да споделам три фотографии кои навистина се надевам дека се добри некому ќе му се допаднат, а со тоа јас макимално ќе си ја изршам задачата.. испраќам добра мисла за организацијата и добрата волја на сите учесници.

.

..се надевам дека нема да згрешам со тоа што текстот на Елена ќе го пополнам со селекцијата која ќе биде вечерва таму во галерија 8, а ја избра Ирена. Посакувам успешна реализација и стискам палци за подобрување на состојбата на Јоце!


[ Искрена предновогодишна исповед ]


Денес сакам да звучам како секој политичар, пејач, актер, водител, експерт, менаџер, хостеса, познавач на состојбите, балерина, Каљопи и сите останати такви слични персони со “кул“ професија која што секогаш добиваат 2-3 страни во новогодишните изданија на весниците. Имам една другарка, Весна, со која што секоја нова година си одредуваме по едно мото што ќе го следиме цела година. Лани имавме на пример “абе шо му ебиш“, а оваа година го имавме “freestyle"... Лани навистина не му ја ебев... па ни оваа година додуша... Ми требаат пари, да не се лажиме. Ми треба секој еден денар. Сакам да одам за викендот Солун и да пијам кафе од “дури“ 5 евра во Starbucks. Сакам да одам Истамбул за нова година. Сакам да си купам Nintendo wii. Сакам 2 објективи и еден Kindle да си порачам. А ако ми стигнат пари (сето ова е за до март) да си земам и iMac. Е немам пари де. Сериозно немам. Имав 5 евра и купив 3 лесковачки сношти. Ете толку.

.

.

Последните пари 3500 денари ги дадов за утре да организирам хуманитарна изложба. Ја пречекав мојата друга другарка, Ирена да се врати од Шведска и истиот ден собравме кој колку има и ги испринтавме сликите. Утре ако се случи чудо, сега ми е мака да барам низ алишта, можи ќе најдам некоја стотка, ако не ќе си ја чекам платата овие дена :). Ама ич не ми е гајле. 2 дена без пари ќе издржам. Разгалена битолчанка ќе издржи 3-4 часа.. ама ете ќе се челичам.


Решив. Решив за Јоце. Детето кое што, искрено не го имав запознаено лично кога се одлучив на организација. Него го запознав пред 2 дена. 2 дена се мислам како да го опишам тоа дете. Горе-долу, запознавам нови луѓе. Ама можам да кажам дека ретко ми се случило да запознаам толку позитивна, интелигентна, храбра личност со осет за хумор како Јоце. Тогаш сфатив дека не си помагам само на самата себе си, демек ќе се чувствувам добро ако дадам нешто. Да, чувството е страшно добро. Туку сфатив дека му помагам на мој пријател со кој едвај чекам еден ден да одиме во некој кафич и да се испијаниме на некој шанк. И не е толку невозможно. На детето му требаат средства за да почне самостојно да се движи. За да застане до нас и заедно да наздравиме од нога.

Тоа е она што го сакам.Еве да биде и во духот на празниците. Тоа го сакам од Дедо Мраз. А бидејќи верувам во Дедо Мраз, се надевам дека ќе ми се исполни мојата најголема желба. Всушност... не верувам во еден.. верувам во стотици дедо мразовци кои личат на вас. Кои имаат малку средства што ќе можат да ги донираат и да си заминат дома со некоја добра фотографија. Не бидете себични. Сериозна сум. Дојдете да се забавувам со Летечките пекинезери. Ветувам дека ќе биде добро. Ве чекам сите.26.12.2011 во 20:00 во Галерија 8

п.с.

Ми велат дека се добри Пекинезерите... не сум ги слушнала :D се надевам дека добриот глас за нив не е само добар маркетинг ;)

.




edit post

0 Reply to ".да оствариме еден сон!"

  • Related Posts with Thumbnails

    facebOOk_ing IN.the bOOkface

    videos from dokufest, BYF & future shorts

    Loading...