.
.
:Постојат три големи страсти – алкохол, коцкање и власт.
.

Од првите две некако можеш да се излекуваш, од третата никако. Власта е и' најтешкиот порок. Поради неа се убива, се гине, поради неа се губи човечкиот Вид. Неодолива е како магичен камен, затоа што поседува моќ...

Човекот на власт ги поттикнува кукавиците, ги бодри оние што ласкаат, ги поддржува крадците и неговата претставата за себе си е поубава од онаа вистининската. Сите луѓе ги сметаат за глупи, бидејќи го кријат вистинското мислење од нив и си даваат право да мислат дека знаат се, а луѓето тоа да го прифатат.

Никој на власт не е паметен, затоа што и паметните набрзо го губат разумот и не се трпеливи затоа што ја мразат промената. Веднаш создаваат вечни закони, вечни принципи, вечна структура и поврзувајќи го нивното владеење со Бога, ја зајакнуваат нивната моќ. И никој не би ги сменил за да не настане омраза, непријатност и закана за другите моќници. Нивното уништување е секогаш на ист начин, објаснувајќи го насилството врз народот, а сите се насилници, ги предаваат своите владетели и на никој тоа не му паѓа на памет. И секој што не разбрал, сите брзаат да дојдат на власт, како ноќни пеперутки кон пламен од свеќа.
.
.

Меша Селимович
[слободен превод: Митко Гогов]

.
.
Меша Селимович е роден 26 Април 1910 година во Тузла. Во родниот град завршува основно и гимназија. 1920 се запишува на студиската група за српскохрватски јазик и југословенска кижевност на филозофскиот факултет при универзитетот во Белград. Дипломира 1934, работи како професор, за време на војната бил затворен, политички комесар, уметнички директор на Босна Филм, директор на Народниот Театар, главен уредник на неколку списанија како и редовен и почестен член на Српската кадемија за Науки и Уметности.
.
.

edit post

1 Reply to ".власт ::: меша селимович"

Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...