Политикантисимо

Posted on 11:20 AM, under

Државава чинам ни роди премногу паметни луѓе. Повеќе отколку што може искрено да реализира во применување на нивните стратешки планови, ма во било која област. И чарето не го знаеме, ни ние, ни државата, а богами ни сите тие условно кажано деца родени да ја направат посакуваната од нашите родители промена. Вртиме во круг, иако толку "паметни", веќе 20 години од социјализам до капитализам, или од капитализам до социјализам и јас незнам точно, не велам дека сум од групата на паметнаковци.
Во државата се изградија толку многу аналитичари што крајно време е да ги слушнеме нивните анализи и` да им кажеме да се гонат во некои од напуштените села од каде што дошле, затоа што таму мислам дека нивните анализи најдобро ќе влијаат неконструктивно. Да почнат нивните анализи да ги презентираат на зеленчукот и на животните, мислам дека и тие ќе се отрујат и изумрат. Па нели и така сме нација во изумирање ако не се лажам, или уште ќе раѓаме морони- аналитичари кои уште мали ќе бидат окуражени да серат идеологии и филозофии место да земат да работат нешто, па макар и мозлење крави. Млекарите веќе не сакаат да го работат тоа, така има услови за нови вработувања. Е сега не е фотеља, ама бар е здрав живот. Целта ми беше да споменам за мене многу важен аспект од развојот на интелектуалната војна (натпревар) на денешниве високопроцентни паметни рационални објективни аналитичари. Има вистина во тоа дека сите тие држат објективни тези, како на примерНа Македонците не им е добро заради затворените граници, затоа што од друга страна штом ти е границата затворена и умот се чувствува заробен, колку и да се изразува паметно и размислува расудно. По некое време сите тие аналитичари се губат во соствените тези и анализи, затоа што многу години се во прашање. Не се тие криви! Пред десет години правеле анализа со истурање на целата ароганција, иронија и знаење на едните, сега на другите, во меѓувреме испомешале баби и жаби, и сега сакаат да ги читаме и да им велиме да, така е!
Не е така, оваа транзиција им го расипала духот во изразувањето, надежта прво во едните, после во другите им го уништила неутралниот став, а мислењата им се веќе толку неважни што доколку се на фарма може и стадото да им избега, не ако тоа го зборат, туку и доколку на тоа помислат.



Bookmark and Share


edit post

0 Reply to "Политикантисимо"

  • Related Posts with Thumbnails

    facebOOk_ing IN.the bOOkface

    videos from dokufest, BYF & future shorts

    Loading...