Никола Маџиров @ lyrikline.org Clossing Ceremony
Posted on 1:25 PM, under Berlin, birthday, ceremony, event, literature, Lyrikline, Macedonia, Nikola Madzirov, poetry, reading
0
На последниот ден од месец Октомври имав прилика да бидам присутен преку live streaming на прославувањето на 10 роденден на lyrikline коe се одржа во Берлин и на која со својата поезија се претстави нашиот поет Никола Маџиров. Како цело настанот беше организиран на највисоко ниво. Беше покриен со twitter профил преку кој комуницираа со твитер заедницата и информираа за редоследот на поетите, исто така имаше отворена chat room (соба за комуникација) каде секој од поетите после читањето имаше прилика да комуницира со луѓето што го следеа настанот преку интернет. имавме можност да поставуваме најразлични прашања на кои добивавме директни одговори од самите автори. Светлината во салонот кај што се одржувањше настанот беше пријатна и изборот на музиката која одеше пред почетокот на настанот и на крајот исто така.
Самиот редослед на авторите компонираше прекрасна мелодија од многу јазици кои стануваа едно со душата на поезијата. Имаше претставување на автори чиј јазик мене ми беше непознат, но во продолжение имав прилика да разговарам со самите автори и да разберам која е содржината на нивната поезија.
На настанот се појави плејада на високо реномирани и познати поети меѓу кои: Nicole Brossard (1943 Québec) – Babangoni wawa Chisale (1981 Malawi) – Elke Erb ( 1938 Deutschland) – Bei Ling (China) – Nikola Madzirov ( 1973 Makedonien) – Thomas Möhlmann (1975 Niederlande) – Remi Raji (1961 Nigeria) – Daniel Samoilovich (1949 Argentinien) – Lutz Seiler (1963 Deutschland).
Никола се претсави со дел од неговите последни напишани дела кои сигурно ќе се појават во неговата најнова збирка поезија. За време на неговото претставување на streaming каналот се појавија многу Македонци кои го поздравија и беа горди дека се дел од еден ваков настан на кој Македонец успеа да не наежи на сите до еден со зборовите и тонот со кој ја интерпретираше неговата поезија. Се подигна духот на сите и коментарите и комплиментите на момент ја засенија другата публика која се обидуваше исто така да даде позитивни коментари на англиски.
Ја поздравувам организацијата на lyrikline.org и се надевам во иднина на многу успешни реализирани настани како овој од нивна страна.
lyrikline.org е платформа на интернет на која е достапна поезија која можете да ја примите преку аудио запис или да ја прочитате на мајчиниот јазик на кој е напишана или пак преку најразличните преводи. Во моментот lyriline.org претставува 600 поети, 5500 поетски дела, 50(!) јазика и 6600 преводи на над 49 јазика.
Една од песните со кои се претстави Никола Маџиров:
ПРЕД ДА СЕ РОДИМЕ
Улиците беа асфалтирани
пред да се родиме и сите
соѕвездија веќе беа формирани.
Лисјата гниеја
до работ на тротоарот.
Среброто црнееше врз
кожата на работниците.
Нечии коски растеа низ
должината на сонот.
Европа се обединуваше
пред да се родиме и косата
на една девојка спокојно
се ширеше врз површината
на морето.
Никола Маџиров е роден 27.05.1973 во Струмица. Објавува поезија, есеи и преводи. За поетската збирка Заклучени во градот (1999) ја добил наградата за дебитантска книга Студентски збор, а за Некаде никаде (1999) наградата Ацо Караманов. Во 2004 година ја објавува збирката собрани песни Во градот, некаде. За поезијата од неговата поетска книга Преместен камен (2007) ја добива европската награда Хуберт Бурда, која се доделува на автори родени во Централна и Источна Европа. Исто така е автор на хаику збирката Асфалт, но небо.Неговата поезија е преведена на осумнаесет јазици и објавувана во избори и антологии во земјава и странство. Координатор е за Македонија на интернационалната поетска мрежа Lyrikline. Според неговата поезија снимени се два краткометражни филмови во Софија и Загреб. Бил учесник на повеќе интернационални поетски фестивали и добитник е на неколку меѓународни признанија и стипендии (KultuKontakt; Internationales Haus der Autoren Graz; LiteraturHause NÖ). Живее и работи како уредник, книжевник и преведувач.
сликите во текстот се дела на Ване Костуранов.
- Portrait of a poet, 2009, 40 x 75 cm, acrylic on canvas
- In between, 2009, 50 x 50 cm, acrylic on canvas