Во периодот од 28 Јули до 03 Август имав прилика да бидам ментор на група млади од Струмица кои се претставија на детско/ младинската ликовна колонија која веќе четврти (4) пат се одржува во Јабука, општина Панчево во Република Србија. Мојата група броеше четирима вклучувајќи ме и мене. Оваа ликовна колонија од оваа година прераснува во Интернационална и како прва година со таков калибар имаше претставници од Романија, Унгарија, Србија и Македонија или вкупно 25 млади кои неколку дена имаа исклучителна можност да научат многу за уметноста со помош на сите нас менторите.



Марија Атанасова и Георги Трајков беа активните учесници во колонијата, кои имаа можност да се запознаат со неколку техники на цртање меѓу кои: мртва природа, пејсаж, акварел, апстракција како и со модерните форми на изразување како што се уметничката инсталација и перформанс. Во текот на деновите до дека траеше колонијата имавме прилика да се запознаеме со дел од структурите кои работат во Јабука и општина Панчево и со тоа да отвориме простор и оствариме дополнителна соработка се' со цел да се презентираме и во програмата која тие ја реализираат за 2 Август (Илинден).

Како претставници на Македонија за нас беше големо задоволство да на тој голем македонски празник ги мотивираме македонците кои живеат таму и во програмата зедовме учество со она што претходно сме го правеле и умееме. Марија е извонреден вокал и солист и таа ја отвори Илинденската програма со песната 'Катерино моме', додека Георги на публиката која ја имаше од сите краеви на Србија се претстави двапати, најпрво утрото на седницата организирана од Националниот Совет на Македонците во Србија и потоа на ноќната програма со композиција отсвирена на класична гитара. Георги е професионален музичар кој допрва запловува посериозно во музичките води. Оваа година ќе биде прва година во средното музичко училиште во Скопје. Јас бев 'водител' во презентацијата на претставниците од Македонија, а освен нив двајца имавме можност да се претставиме со читање поезија Јас и уште една поетеса од Македонија (го заборавив името – sorry) :D

Ликовната колонија заврши со групна изложба која се отвори во просториите на Домот на културата во Панчево, секој од учесниците доби Благодарница, а беше испечатен и каталог со нивните најубави дела. Изложбата ќе биде поставена во Домот на културата се до следната година каде повторно ќе се сретнат млади од неколку држави и ќе имаат можност да создаваат дела во ова парче земја кое е навистина инспиративно не само за младите, туку и за нас кои ги водиме децата таму.

Освен официјалната агенда на колонијата имавме прилика да гостуваме во неколку телевизии и да ја промовираме колонијата и градовите од кои доаѓаме, децата имаа можност да гледаат претстава во младински театар, да направиме културолошка обиколка на месноста, да се дружиме покрај река, индиректно да следиме дел од тековните настани кои се организираат таму и тн..

Можноста да бидеме дел од оваа ликовна колонија беше поддржана од Општина Струмица и Градоначалникот кои безрезервно се постоваја во однос на менаџирањето за нашето присуство таму. Се надевам следната година друга група на млади од Струмица да биде дел од оваа колонија која има предиспозиции да расте и да се реализира во уште подобра, поквалитетна и по репрезентативна.



Ова е текст кој излезе таму по завршувањето на колонија, а во продолжение и прилогот кој се емитуваше на радио – телевизијата Панчево.





Bookmark and Share

.

edit post

0 Reply to ":IV детска ликовна колонија [Јабука.2о11]"

  • Related Posts with Thumbnails

    facebOOk_ing IN.the bOOkface

    videos from dokufest, BYF & future shorts

    Loading...