.оваа недела имавме уште еден предизвик. полека, но сигурно ова почна да се развива во сериозен проект за кој стискам палци. инаку убаво би било да наведам дека преводот од минатата недела е веќе качен на poems.without.borders во неколку варијации/ јазика вклучувајчи го и тој на македонски. станува збор за оној од шекспировиот 'венецијански трговец' , иако мислам дека треба да биде венециски..

тимот кој стои позади оваа страница на интернет е составен од неколку реномирани поети, преведувачи и издавачи меѓу кои Ben Krause, Mutiu Olawuyi, Rama Krishna Perugu, Edurne Semeolvidaron и јас Mitko Gogov.
оваа идеја да продолжиме со процесот на преведување е примамлива за мене како автор најмногу поради тоа што за прв пат се впуштам во процес на преведување и не секогаш толку лесно се снаоѓам. не сум преведувач во суштина и за тоа ова го прифакам како предизвик. оваа недела требаше да преведеме песна/ сонетен венец од Кандаскиот поет од 19 век Archibald Lampman.

бидејќи во сонетниот венец треба да се запазат неколку правила при преведувањето, за мојот превод се консултирав со преведувачка и поетеса од Македонија Жаклина Филипова - Свеќаровска која има долгогодишно искуство во преведувањето. она што јас и го испратив како првична форма нејзе и беше одлична подлога за корегирање. :)
во конверзацијата со неа разбрав дека сепак и не станува збор за лош превод од моја страна, но за мене беше уште поголемо задоволството бидејќи мојот прв обид да направам превод на поетската форма - сонетен венец беше помогнато токму од нејзе. ти благодарам Жаклина ~

:во продолжение проследете го преводот на песната од Archibald Lampman:

Ја немаме слушнато музиката на сферите,
песната од ѕвезда до ѕвезда, но постојат звуци
подлабоки од човечката радост и солзите човечки,
што Природата ги користи во нејзините кругови;

текот на потоците, плачот на ветровите кои го свиваат
дабот, громогласноста на морската плима, моќта
на громот што ја дроби далечината, или дождот
што ненадајно паѓа сред летната ноќ.

Тоа се гласовите на скриената душа на Земјата,
ги изговораaт тајните за местото од каде што доаѓа.
Во оној што умее да ја чуе жалоста над сите граници,

Или необјаснивата радост без причина,
се будат мислите вдомени во неговото срце, како бисер
од пред раѓањето и создавањето на светот.

Во групата на facebook не беше објавен наслов на оваа поема, јас сум во дилема дали всушност истата има име, но како и да е мислам дека штом е првично споделена без име станува збор за поема без наслов, а доколку ви е некако празна како таква крстете ја безимена. :D


Archibald Lampman (17 November 1861 – 10 February 1899) е најголемиот Кандаски натурален поет. тој е исклучително славен со својата натурална поезија (поезија за природата) на што се должи и неговиот углед како во неговата држава така и надвор од неа. ..никогаш немало поголеми љубители на природата од него. избран е за член на Кралското друштво [Royal Society] во Канада во 1895 год. член бил исто и на така наречената "Confederation" group заедно со поетите Charles G.D. Roberts, Bliss Carman и Duncan Campbell Scott. неговите ракописи во голема мера може да се најдат во Queen's Универзитетот во Kingston, Ontario. една од поголемите селекции кои се направени од неговата поезија е онаа на Margaret Coulby Whitridge која вклучува кратка биографска белешка и 1900 песни. иако е очигледно дека работи под инфлуенца на поезијата која во тоа време доаѓа од Англија тој засекогаш ќе остане запаметен како мастер/ мајстор за сонетните венци исто како и еден од најдобрите запишувачи на природата, за кого пејсажите како состојба на душата имаат големо духовно значење кои на извонреден начин ги рефлектира врз човечките емоции. ..природата дава утеха на своите следбеници е неговата порака за генерациите. повеќе за неговиот живот и за неговата работа можете да најдете овде.





Bookmark and Share

.


edit post

0 Reply to ":Group Translation Project #2"

  • Related Posts with Thumbnails

    facebOOk_ing IN.the bOOkface

    videos from dokufest, BYF & future shorts

    Loading...