.
.
.
.

викендот е одлично време да се проследат информациите кои сме ги пропуштиле во текот на изминативе денови или не сме имале доволно време да ги прочитаме, разгледаме. ..една таква информација помина минатата недела на guardian.uk и единствено што успеав тогаш да направам е да ја bookmark-ирам страницата како би можел деновиве да ја отворам и проверам.

доста важна информација од областа на литературата, официјално објавен потесниот круг на кандидати, номинирани за наградата Booker. меѓу нив се наѓаат автори кои за прв пат се појавуваат на оваа листа, такви што веќе им е втор пат да бидат во потесна конкуренција, како и отворената можност за дебитантите.



во продолжение текстот од guardian.uk:



жирито кое се фокусираше на "читливоста" на делата изработи листа на кандидати за Букерова награда 2011, која од друга страна е награда која е обвинета за ширење популизам. Џулијан Барнс (Julian Barnes) е единствениот фаворит кој помина во потесниот круг. Тој ги придружува Керол Бирч (Carol Birch), втор пат романсиерот Патрик Девит (Patrick deWitt) и Еси Едугуан (Esi Edugyan), како и дебитантите Стефан Келман (Stephen Kelman) и АД Милер (AD Miller) на стеснетата листа за Букер која ги разѕвони сите книжарници наоколу. Тука се собираат и различни аудио снимки, осврти/ рецензии, интервјуа и карактеристики, како би имале можност целосно да се запознаете со сите кандидати.


The Sense of an Ending _ Букерова награда за проза 2011
18 октомври, 2011
www.themanbookerprize.com

Омилениот Букеров за оваа година, Julian Barnes, триумфира со главната Букерова награда.

На 18 Октомври, 2011 година Julian Barnes беше прогласен за добитник на Букеровата награда за проза за книгата The Sense of an Ending, публикувано од Jonathan Cape и освои £50,000.
со седиште во Лондон Barnes беше букеровиот фаворит за наградата уште кога се појави во потесниот круг на кандидати на 6ти Септември. во описот на наградата стои "благороднички бинго", а Barnes три пати до сега бил избран во потесниот круг. 2005 со Arthur and George, 1998 England, England и 1984 Flaubert's Parrot.


Првиот роман на Barnes после шест години, The Sense of an Ending директно се пласира во објавените листи на бестселери. Тоа е приказна за навидум обичен човек, кој кога се потсетува на неговото минато подоцна во животот открива дека спомените кои ги чува се малку или повеќе совршени.. Украсен со неговите заштитни знаци како прецизност, умешност и знаење, ова е дело на еден од најпознатите писатели во светот. Во времето кога беше направена потесната листа на можни добитници. Gaby Wood, член на жирито искоментира: "дека трагедијата заробена во овој световен живот треба да биде раздвижена и мошне чувствителна од карактерите што само тој може да им се спротивстави половично слепо и во фрагменти, и тоа е Ознаката на навистина маестрално дело/ роман.

"Делото на Барнс има елементи на класичен роман од англиската литература. Напишан е на извонреден начин, со суптилна содржина која открива нови длабочини после секое читање", го образложува изборот Стела Римингтон, претседател на жирито.

"The Sense of an Ending" е 11-от роман на Барнс, кој ги истражува сеќавањата, раскажувајќи ја приказната за навидум незначајниот и здодевен живот на администраторот Тони Вебстер. Книгата е прилично кратка, има само 150 страни, но тоа не е најкраткото дело кое добило Букер. Рекордот го држи "Offshore" на Пенелоп Фицџералд.





Bookmark and Share
.
.

edit post
.
.



"езеро од нафта" на Richard Wilson беше првото уметнички дело што ми создаде театарска возбуда. Но, има потивки, посуптилни уметници на патеката/ листата за наградата Тurner оваа есен, како што е кандидатот George Shaw.
Какво уметничко дело може да ви направи да го почувствувате wow факторот? Ова не значи само да сте импресионирани или да го сакате тоа дело на уметноста. Мислам на особената театарска атмосфера на современата уметност, онаа што возбудува, забавува, и го пренасочува гледачот на начин кој ве тера да речете ... "wow".

Британската современа уметничка сезона навлегува во луда фаза/ расположение. Со новата Tate Turbine Hall комисија, Тurner наградата и саемот на уметноста Frieze сите еминентни и неизбежни настани, тоа е време да се направи гаргарење на грлото и да се извежбаат гласните жици да бидат подготвени да кажат ... "wow". Или можеби само да го кажете во вашата глава, а да погледнете и прочитате некоја уметничката теорија како би можеле да зборувате со користење на поимпресивни фрази. Или останете дома и гледајте телевизија или работете во вашата градина. Еј, јас не ја имав оваа одлична идеја за компресирање на современата уметност од една година во една недела. Не обвинувајте ме мене за тоа!

Во секој случај, првото уметничко дело кое го произведе современиот wow фактор за мене дома беше елегантното и темно, рефлексивно и очигледно езеро од нафта без дно на Richard Wilson, 20:50, кое за прв пат го видов во старата галерија на Saatchi во Швајцарија. првата прошетка во ходникот помеѓу инсталацијата поставена од двете страни на ѕидот, нафтата што притискаше на рабовите, задржана од молекуларната сила што се поддава од челичните ѕидови беше извонредна. Стаклената рефлексија создава чувство на лебдење во воздухот и наеднаш чувствувате закана од нафтата и опасност од паѓање: како што го пишувам ова се сеќавам на тоа чудно чувство на клаустофобија и вртоглавица.

.сеуште може да ги видите дефинитивните уметнички дела од современата уметност во преместената галерија на Saatchi уште денес. Во раните 1990-ти, критичарите често пишуваа дека вкусот за wow фактор беше навистина производ на сензабилитетот на промовирање кој го користат во галеријата Saatchi. Тие дури и ја купија киселата ајкула!

Сега знаеме дека е нешто повеќе од тоа. Нешто поврзано со театралноста на уметноста денес ја ослободува и го зголемува задоволството. Таа возбудата од одењето во музеј или добивање гратис возење во луна парк е многу реална и очигледно универзална.

Сепак, оваа есен меѓу делата постојат и некои имитации на потивката уметност. Tate Turbine Hall оддамна го украде тронот од Saatchi галеријата и денес е дефинитивната арена за култура, како спекталите. Уметникот кој оваа година изложува таму е Tacita Dean. Нејзините филмови, цртежи, фотографии и монтажи се спротивставуваат на wow факторот. Тие веднаш ве тераат на мисла. Таа е навистина сериозна, а во најдобриот начин мистериозна и нејзиното дело изложено во Tate ветува дека ќе биде вистински настан, не само како спектакл, туку и како мрачна, суптилна, комплексна уметност.

Слично на тоа, во конкуренцијата за наградата Тurner најфасцинантен кандидат е George Shaw, сликар на длабочината и страста. Shaw е тивок, чудесен уметник. Неговите слики се морничава сцени од разрушените рабови на современиот британски живот. Надреално и тивко, тие ја повикуваат вашата имагинација. Ништо не може да биде подалеку од културата на wow од уметноста на George Shaw. Никој до сега не изгледал како кандидат кој повеќе ја заслужува наградата Тurner од него.


Subtle power ... George Shaw's Scenes from the Passion: Ten Shilling Wood, 2002. Photograph: George Shaw/courtesy Wilkinson Gallery, London


Значи, вистинските уметнички чуда оваа есен ќе го остават 'wow' факторот далеку зад себе.


:Adrian Searle – збунувачки е, но, тоа се Turner наградите!



.меѓу нив ќе ги најдете скулптурире на Angela de la Cruz, сликите на Dexter Dalwood, видеото од групата Otolith и звучната уметност од Susan Philipsz. Ова е досега најразнобојната/ најразличната селекција на автори кои влегуваат во конкуренција за наградата Тurner. Ликовниот критичар од Guardian, Adrian Searle открива дека има премногу дела кои можат да бидат обожавани оваа година и секако прогнозира за поедникот на Turner наградите за 2о11 со George Shaw.

.



1oq _guardian.uk



Bookmark and Share
.
.

edit post
.
.
.
.


Ова е информација која неколку денови заборавам да ја качам на мојот блог. Станува збор за blog action day и денот на храната. Знаеме дека оваа година датите на овие две важни манифестации се поклопија, па и ние блогерите од цел свет имавме можност да блогираме на тема: храна и тоа од сите можни аспекти кои ние ги резигнираме/ перцепираме.

Така и беше, јас напишав текст кој во двојна верзија македонска и англиска го качив на моите два блога, едниот на кој пишувм на англиски и македонската на овој овде. Блогерската акција според организаторите заврши успешно. Тие претходно имаа подготвени и објавени информации на нивната официјална страна за аспектите од кои може да се блогира за храната, како и банери, видеа и најразлични насоки како до поуспешна кампања.

Во текот на истиот ден, можев да видам објавена информација на globalvoices за текстовите со кои се вклучив во оваа кампања. Овој текст всушност е наменет за информацијата објавена таму. Во продолжение ќе пронајдете [линк] до информацијата како и информацијата објавена во целост.

За време на кампањата наидов на повеќе македонски блогови кои пишуваа на оваа тема, но, во овој информативен текст на globalvoices [македонија] беа нагласени само мојот и постот на Јована Тозија.

Macedonian bloggers, who have joined this year's Blog Action Day, include Dzamski, who wrote [mk, en] about the ongoing campaigns to raise awareness about the socio-economic roots of the famine problem; Greener stressed the importance of making healthy choices; while Jovana Tozija warned about the consumerist abuse of the term “organic food” and related misconceptions.



.. македонската слободна верзија би одела вака:
„Македонски блогери кои се приклучија на овогодинешниов ден за Блогерска акција, се Dzamski, кој напиша текст [MK, EN] за тековните кампањи за подигање на свеста за социо-економските корени на проблем со гладот и сиромаштијата, зелените (еколозите) ја истакнаа важноста за здрав избор, додека Јована Тозија предупреди за консумерски злоупотреба на терминот "органска храна" и слични заблуди.“




Му благодарам на Филип Стојановски [развигор] што секогаш успева да генерира квалитетна содржина во македонската интернет сфера, како и да ги таргетира изворите на информации кои му се потребни за неговите анализи.

Bookmark and Share
.

edit post
.
.
.
.

текстот е премногу добар за да не заврши на мојот блок како една од мотивирачките содржини кои служат за подигање на волјата на младите луѓе да се посветат на тоа што ги исполнува. Сите ние кои се бавиме со креативни професии често наидуваме на периоди каде инспиративното ниво и мотивацијата за создавање стануваат релативни и како луѓе не чувствуваме вистински сила да ја пренесеме нашата порака преку нашите дела чунки тие не се создадени (не ги создаваме).

во овој текст ќе ги сретнеме едни од клучните фактори кои не носат до тој немотивирачки стадиум кога не твориме. Овде ги нарекуваат стравови, можеме да ги анализираме како такви единствено ако претходно заклучиме дека сме ја поминале оваа лекција и немаме проблеми да се соочиме со нашите стравови, туку да ги преминеме и продолжиме да живееме понату соочении со дел од елементите во животот кои директно влијаат на нашето расположение и на начинот на живеење и егзистенција/ творење.


# 1 недoверба во самиот себе (Што ако не сум доволно добар?)

Ова е најверојатно стравот број еден за било кој креативен професионалец. Впрочем, ние не создаваме/ произведуваме нешто што е наша потреба, но, во најголем дел од креативното време создаваме луксуз/ убавина. Колку повеќе нашата уметност го збогатува нашиот личен живот и животот на другите, покажува нешто без кое ние (барем како потрошувачи) веројатно не можеме да живееме.

кога си слаб со пари, луксузите како порачување книги, музика, билети за перформанси и уметнички дела се често првото нешто кое дозволуваш да си оди. ние не сме доктори, наставници, па дури ни земјоделци - ние не создаваме или обезбедуваме сервис/ услуга без која луѓето не можат да живеат. како уметници, ние сме свесни за овој факт што очигледно ни го полни како со гориво нашето чувство на недоверба во самите себе. од време на време не можеме да си помогнеме, освен да се чувствуваме, па добро. ..потрошени.

Што ако никој не сака да го купи моето дело?


Лекот за недовербата која ја градиме во самите себе изненадувачки не е успехот. Светот е полн со познати и успешни уметници, писатели, музичари кои иако познати сеуште се полнат со депресија и чувство на сомневање. За жал, за повеќето од нас, тоа е нешто што некогаш нема целосно да си оди од нас. Наместо тоа, ние мора да најдеме начин да живееме со овој сомнеж, но, сепак да знаеме реално да го вреднуваме креативниот процес како и самото дело/ резултат.


# 2 Јас не сум доволно оригинален (некој друг тоа го прави подобро)

И покрај тоа дека може да биде вистина, да, сите големи теми во уметноста и литературата се веќе создадени, илјадници пати претходно, секогаш е можно да се донесе нешто сосема ново во процесот.

Да се ​​соочиме и со тоа дека писатели и уметници се позајмуваат од своите креативни предци уште од кога постои нешто што се нарекува уметност. Дури и Шекспир позајмувал речиси за сета неговата работа од други писатели, но на крајот, постои мало сомневање дека го направил тоа на изразито свој начин.

"Оние кои не сакаат да имитираат нешто, произведуваат ништо." ~ Салвадор Дали


Престанете постојано да се обидувате да го откриете тркалото. Наместо тоа користете го, научите од него, моделиријте го и тогаш создадете своја сопствена верзија од него. Не грижете се да бидете препознаени/ видени како имитатор. сите ние ја научивме нашата уметност од оние кои дојдоа пред нас. Соживеј се со некое дело и создади верзија на тоа што е вистинска/ блиска за вас.


Ralf Ziervogel. OFU, 2006. Ink on paper



# 3 Луѓето не ме сфаќаат сериозно како уметник

"Уметноста е хоби, а не вистинска работа"

"Се плашам дека моите пријатели и семејството ќе бидат разочарани од мене"


Вистината е дека вашата кариера како уметник е толку сериозна колку сами ќе направите околу тоа. Дали ја работите како ваша "работа" или ја работите повремено и тоа како "хоби"? Колку работа навистина вложувате секојдневно? Ако сте си шеф самиот на себе, би си платиле ли за напорите кои ги вложувате во моментов?

Да се справиш со своите пријатели и фамилија (посебно родителите) може да биде особено тешко кога станува збор за тоа да те видат/ прифатат како вистинки уметник - работник. Во крајна линија ќе те прифатат тебе и твојата уметност толку сериозно колку што Вие самите сте се прифатиле. Со други зборови, ако видат дека се впушташ во 10-15 часовна дневна работа на твоите дела и освен тоа се грижиш за промоцијата на твоите дела, тогаш тие ќе те видат и прифатат како 'уметник-работник', а не само како нивното дете кое создава уметост.



# 4 Луѓето ќе ја украдат мојата работа или моите идеи/ дела

Еден од најголемите стравови кои уметниците го имаат е кога ги прашувам за продажба на нивните дела на интернет е тоа што се плашат дека луѓето ќе ги уккрадат нивните работи/ дела или нивните идеи. Иако не постои сомнеж дека ова може да се случи, премногу артисти го користат ова како изговор за да останат надвор од online пазарот сите заедно.

Да, луѓето крадат идеи цело време. Ви го правите истото, и јас го направив и секој уметник под сонцето го направил тоа во некој момент (види # 2). Бараме идеи кои зборуваат за нас, а потоа ги користиме за да ја предизвикаат/ разбудат нашата имагинација. Ние не зборуваме за овие луѓе, сепак, зборуваме за вистинските крадци кои едноставно превземаат работи од интернет и си ги препишуваат како свои.

Иако ова е секако вистински проблем, исто така, мора да сфатиме дека овие уметнички паразити се многу мал број помеѓу online популацијата. 98% од луѓето кои ја гледаат вашата работа online немаат намера за кражба на вашето дело, тие едноставно уживаат додека го гледаaт и можеби, само можеби, тие би можеле да бидат заинтересирани за купување на истото.



# 5 Мојата работа никогаш не е толку добра како што замислував дека ќе биде

Нема уметник кој секогаш е целосно задоволен од своето дело. Некои парчиња/ дела секогаш ќе ти се допаѓаат повеќе од некои други, но, создавањето на совршенството е само привидение што ве чува подалеку од тоа се движите понатаму.

"Уметничкото дело никогаш не е завршено, само напуштено." ~ Леонардо Да Винчи


Во одреден момент, сепак, мораш да допуштиш сите тие состојби да поминат и да продолжиш понатаму. Мора да го прифатиме фактот дека дури и најголемите автори, композитори, музичари и уметници се' уште се незадоволни од своите ремек-дела на некој начин. Совршенството е илузија која ќе те изеде ако допуштиш тоа да се случи. Размислете за секое дело/парче што го создавате како преку отскочна штица е спремно за подолго патување. Никогаш нема да стигнете до следната фаза на развој, како уметник, освен ако не сте подготвени да го оставите тоа дело настрана и почнете да движите кон следното дело.

Само остави да помине,

живеј ја Својата уметност ~





[само да не заборавам да нагласам дека текстот е постиран на skinnyartist.com од drew]

Bookmark and Share

.

edit post
.
.
.
.

Вечерва (20.10.11) во центарот за култура Антон Панов во Струмица ќе се отвори седмиот по ред фестивал на Германски филм. Интересно е тоа дека Струмица се најде на мапата на градови каде ќе бидат проектирани дел од филмовите кои излегуваат во продукција на Германија во последниве години и тоа дека филмаџиите од Струмица ќе имаат прилика да уживаат во квалитетни Европски филмови што по мое мислење е далеку подобро од тоа да бидеме поплавувани со филмовите од Американската филмска индустрија.

Фестивалот го организира Амбасадата на Германија, во соработка со Прокредит банка и во текот на наредните три дена во три града истовремено (Тетово, Кавадарци и Струмица) ќе се случуваат проекциите на филмовите кои се дел од овогодинешната програма. На Фестивалот ќе бидат прикажани четири играни филмови: харизматичната и чувствителна трагикомедија “Винсент сака море“, во режија на Ралф Хитнер, снимен минатата година и добитник на Германската филмска награда за 2011. Биографската драма “Гете“, (за младите години на светски познатиот писател), во режија на Филип Штелцл, комедијата “Алманија, добредојдовте во Германија“ на Јасемин Самдерели и научно-фантастичниот “Деновите што идат“, филмска визија за Европската Унија во 2020 година на режисерот Ларс Крауме како и за најмладата публика цртаниот филм “Авантурите на Песочко во Соновија“ на Јеспер Молер.



Пошироката програма на фестивалот опфаќа разновиден микс на жанрови - комедии, драми, документарци, филмови што ја привлекуваат публиката и кои се наградувани на филмски фестивали. Добро е што овој фестивал преминува во традиција, и идејата на фестивалот е да се шири и имаме можност да ги проследиме филмовите и во другите градови од државата.

Се надевам ќе уживаме во наредните три денови, ова е временскиот распоред на проекциите од кои некои има во 20:30 (вечерва отварање) и од 18:00 и 20:00 часот во текот на наредниве денови.



.. that what follows next се проекции на филмовите во Штип, Прилеп и Битола.


Bookmark and Share

.

edit post
.
.
.
.
.постмодернизмот стана широко признат како движење од епски обем, иновативни техники и широк опсег на психолошко и интелектуално влијание. почетокот на постмодернизмот е неизвесен, но за доброто на континуитет, Finnegans Wake од Џејмс Џојс е избрана за хронолошка почетна точка на оваа листа. книги кои влегоа во овие рамки се избираа по вкупниот/ целосниот квалитет кој го нудат како дело, помалку по влијанието кое го вршеле во континуитет.

пред неколку дена видов некаде селекција на најдобрите 20 дела во постодерната литература. некои од нив не беа посебно привлечни, барем оние од 12, па нагоре. ги селектирав првите 10 ги снимив на компјутер и еве ги во мојата Топ 10 листа на најдобрите дела од постмодернистичкиот период во литературата. ..оној кој претставува update-ирана модерна, т.е. периодот во кој живееме и егзистираме до ден денес. [или не?!]

редоследот во листата ќе оди од 10-тото па надолу се' до книгата која е на првото место.


10. Molloy, Malone Dies, The Unnamable - Samuel Beckett

Троен-урок од учителот/ мастер за апстрактен минимализам, чија техника на гледање објективно на овој субјективен свет го однесен во својот зенит со оваа трилогија на мета-фикциска неуроза, во која живеат карактери и преку ситуациите во кои се наоѓаат ги испреплетуваат меѓусебно се додека на крајот не стане очигледно дека тие карактери заедно се фикција на една единствена личност. Сериозен и извонредна работата на Џојсовата густина.




9. House of Leaves - Mark Z. Danielewski

Лавиринт од ергодска* структура, романот на Danielewski од неодамна стана еден од култните класици и со едноставно отварање на страниците ќе забележите дека нема друга книга како оваа. кодирана типографија, зборовни колоритни асоцијации и прецизно вклучување на митолошки и метафизички референци кои оваа институција од роман ја претвораат rorschach тест на скалата на Minsa.

*ergodic - ergon, meaning "work", and hodos, meaning "path"




8. Breakfast of Champions - Kurt Vonnegut

Иако мислевме дека Slaughterhouse Five можеби е негово најпознато дело, ова е книгата која треба да биде вклучена во пантеонот на оваа солипсичка нарација. Иако често занемарена како себебендисана и не доволно добра , Breakfast of Champions е персонален account/ сметка на фразата "совршена параноја е совршенa свесност." Понтиашкиот продавач Dwayne Hoover станува опседнат со работата на Sci-Fi писателот Kilgore Trout, незапирливото кружејки во акутните ерупции на анксиозност кога верува дека тој е единствениот човек кој се бори против светот на реифицираните хуманоиди. Црна сатира на врвот од својата моќ.




7. Labyrinths - Jorges Luis Borges

Делата на Борхес е невозможно да се опишуваат без длабока анализа, бидејќи тој има моќ во само пет страници да вклучи универзум на бесконечно привлекување. Дури и денес, многу раскази од оваа колекција се отворени за интерпретација.




6. Fear and Loathing in Las Vegas - Hunter S. Thompson

Епско вклучување на новинарската интерпретација и интервјуирање од местото на настанот и супериорни обиди во презентирање на комбинацијата од факти и фикција кои преку извонредни сурреалистички слики ја градат најголемата сатира за дрогата и политиката во оваа епоха.




5. American Psycho - Bret Easton Ellis

Ни една друга книга од овој вид не е толку ужасна, смешна, полемичка или вознемирувачка како што е приказната за yuppie-то* Patrick Bateman од Вол Стрит кој спокојно ги прераскажува деталите од неговиот убиствен живот, сите во апатичеи тон, кој ги комбинира магичниот реализам со минимализам на некој начин на кој ниедна друга книга неможе. Нејзините брзи промени од комедија на хоророт се случуваат во таква опасна брзина што целиот тек на свеста те носи на едно ново ниво на страв.

*yuppi - young urban professional или младич со академско образование, вработен и добро платен по професија и живее и работи во близина на голем град.




4. Catch-22 - Joseph Heller

Најпарадоксалната воена книга некогаш напишана, Хелеровиот роман е широко признат како еден од најголемите романи некогаш напишани, неговата структура ја потенцира иронијата и повторувањето што ја зголемува и иритацијата во помала рака. Зацементирано е мајсторството на Хелер во литературниот свет.




3. Gravity’s Rainbow - Thomas Pynchon

За да можете вистински да ја опишете оваа новела значи да завршите со неуспех: пастиш на параноја, поп-културата, секс и политика што ја превртуваат нарацијата во преден план со суптилна метафорична дисциплина, како животот на неколку луѓе наместени околу центарот на параболичното вложување на ракета "0000". Споредбите на романот и неговата симболика со Ulysses и Moby-Dick не се оправдуваат поради неговата посебност.




2. Naked Lunch - William S. Burroughs

Толку многу е веќе напишано за влијанието на оваа книга што ако одиме понатаму би се чинело излишно. Веројатно романот кој го става постмодернизмот на неговата современа патека, филтрира параноја, дрога и влијанија од еротика до детективска фикција и научна фантастика го прави еден од највлијателните и незаборавни дела во современата литература.

[J.Frater: Ова е еден од моите омилени книгина сите времиња - ако не сте го прочитале - направете го тоа!]




1. Infinite Jest - David Foster Wallace

Неодамна заминатата Wallace ја остави зад себе највозбудливата, најдлабоката, најкомичната, најтажната, најзагрижената и целокупно најпрозорливата максималистичка книга во постмодерниот канон. Паралелите настанати помеѓу академијата Enfield Tennis, Ennet Drug и Alcohol Recovery House користејќи наизменични езотерични и колоквијални зборови (и неговата заштитна марка 'фуснотите') го создаваат најепското и исцрпувачко дело/ роман на модерните времиња.




:сугурно има уште многу автори кои заслужиле да бидат дел од оваа листа, но сепак, селекцијата која ја направиле на listverse заедно со соработката на F. McClure е солидна.

.меѓу оние кои недостигаат на оваа листа, а се достојни да се споменат би требало да бидат и: Finnegans Wake, Fight Club, The Unfortunates, A Clockwork Orange, Lolita, Godel Escher Bach и уште многу други. ..

..но, за некои други листи во некоја друга прилика, ако сакате можете да ја видите листата на најдобри автори кои оставиле влијание во мојот живот.


:текстот може да го пронајдете исто така објавен и на оКно.мк

Bookmark and Share

.

edit post
Бори се со гладот, храни ја иднината


Од 2оо7 па наваму, ова се случува секоја година. Луѓето од цел свет кои пишуваат на своите блогови, секоја година се промовираат различни теми и со тоа се обидуваат да направат позитивни промени во свеста како и во подобрувањето на социјалните стандарди, меѓусебното разбирање и можноста за природен и чист начин на живеење. Оваа година за Blog Action Day блогерите за тема ја одбраа храната, и денес е денот кога обединети блогерите користејќи го hash tag—от #BAD11 ги анализираат сите можни аспекти на храната. Од тоа кој што денес има во своето мени, до иднината на произвотсвото на здрава храна, користењето на органски препарати за заштита на ресурсите кои ги имаме. причината поради која оваа година темата на блогерите е храната е затоа што датата се поклопува со светскиот ден на храната, па соработката беше очигледна со оглед на тоа дека со оваа тема има многу да се каже и уште толку многу конкретно да се промени.

Кога ја имаме храната како тема, би можеле за неа да пишуваме од неколку аспекти како би навлегле подетално во структурата на она што сметаме дека е важно. Ако го земеме социјалниот аспект и храната, тогаш навистина би требало да се загрижиме за сите тие територијално населени места на планетата каде луѓето умираат баш поради недостатокот на доволно храна за сите. Посуштински не би сакал да навлегувам во овој сегмент, анализирајќи ги резултатите кои таквиот проблем ги создава, напротив, би сакал да ја направам паралелата со некои од модерните цивилизации каде дневно се фрлат тоништа произведена храна, која иако како дел од капиталното општество, претходно помината низ целиот тој економски синџир завршила како отпад. На момент ми доаша мисла или приказна за мајка тереза која еднаш пред симнување од авион, ги замолила стјуардесите да и ја дадат сета храна која останала од патниците за да може таа да ја даде на оние на кои им треба во моментот, на гладните. ..

од друга страна кога би размислувале за храната, би можеле да помислиме на тоа колку често се храниме, каква храна конзумираме, колку редовно се храниме, дали имаме временска табела на исхрана и тн. Овде е многу важно да се потенцира тоа дека, колку и да е динамичен животот кој го живееме и колку неодговорно и да се држиме во другите аспекти на егзистирање, хранењето и користењето природна храна се важен елемент во здравиот живот и одговорноста кон самите себе и нашето здравје.
[иако не го практикувам редовно, сепак би го нагласил]
правењето медицински прегледи е многу важно кога зборуваме за исХРАНА и моментот на балансирање на телото и продуктите кои се конзумираат

би сакал да го споменам како фактор кој лично го запазувам користењето на храна која е со природно потекло и секако со доволно витамини и протеини кои се потребни на телото за да успее да ги заврши дневните активности кои му се наметнуваат.

Сигурно денес вегетеријанците се максимално задоволни. Она што сите го поддржуваме е начинот на исхрана кој тие го практикуваат. Знам дека е тешко да се има таков начин на исхрана (пробав и самиот), но, ако не редовно барем некогаш е убаво да се прочистува организмот од најразличните калории кои ги прима со секојдневната исхрана, баш со таа вегетеријанска кујна која не е премногу тешка за организмот, а сепак ги задоволува потребите на телото.

Оној трагичен аспект кој оваа година комуната на блогери го наметнува е тој дека порастот на цените на производите и промените во економијата прават во овие две години 10-11 сиромаштијата и гладот да се зголемат. Според Светската Банка [World Bank] дополнителни 70 милиони луѓе се соочуваат со конкретниот проблем.
Жално е меѓу 'гладните' да се најдат самите произведувачи на храна, но, факт е дека тие треба да прават набавки на другите продукти кои е ги произведуваат, а парите кои ги заработуваат со нивните производи не се доволни за егзистенција.



- Што јадевте Вие денес? - На улиците денес повторно имаше деца кои просеа за леб? - ..Африка некогаш може да биде многу поблиску до очите отколку што мислиме..

- во лабараториите се готват новите компири, треба да мирисаат како кромид, а да изгледаат како лубеница. Заборавив да кажам, да, ќе растат на дрво!



( Bono, George Clooney, Jessica Alba, Idris Elba and more unite behind ONE's new campaign to help focus the world's attention again on the famine and food crisis in the Horn of Africa. Find out more at http://www.one.org )

Оваа година на кампањата се приклучува и една друга кампања “The F Word” која се бори конкретно за заштита на децата и луѓето кои умираат во Африка од глад. ..30 000 деца за три месеци. Blog Action Day 2011 година се користи за да се зголеми глобалната свест за ова важно прашање.


Доколку исто сакате да учествувате во овој ден не заборавајте да го споделите овој infographic: Нашиот убаво дизајниран infographic, "Борба против глад" кој ги илустрира земјите кои водат со нивните спасувачките напори во Рогот на Африка и оние кои заостануваат. Канада, Германија и Велика Британија ги исполниле своите обврски и партиципирале со нивната помош, додека Франција и Италија се уште имаат работа. Да бидете сигурни дека јавноста знае тоа!



Отворена е и петиција доколку сакате да ја пополните: drought is an act of nature. Famine is man-made. Let's put an end to famine.

Блогери од околу 8о држави учествуваат во оваа акција. Ако сакаш да учествуваш во Blog Action Day & World Food Day 2011 можеш да го направиш тоа следејќи не во facebook или на twitter користејќи го hash tag-от #BAD11.
Ако сте блогер, тогаш може да се регистрирате на www.blogactionday.org и да ја постирате вашата содржина во Недела, на 16 Октомври 2о11.



Bookmark and Share

.

edit post
[..некаде потаму во времето]


.ова е една промоција која ја реализирав пред неколку месеци. поради немањето доволно време да пишувам за сите блогови до сега овој текст не беше ставен овде. значи, со Бобан пријателството го започнавме за време на една друга промоција на која учествував, 'географија на маленкоста' на Ацо Гогов пред година и повеќе во центарот за културата во Струмица.

идејата за промоцијата на Монотонија беше да се направи алтернативен настан во Струмица преку кој граѓаните ќе можат да се запознаат со книгата, нејзиниот автор како и содржината на самата книга. со Бобан разговаравме долго за локацијата и самата промоција, бидејќи промоцијата требаше да се случи пред да одам за Франција, а се случи откако се вратив. [one year after]

за промоцијата решивме дека најдобро ќе биде доколку освен класичниот начин на презентирање на книгата, со критички осврт и мал разговор, ја надополниме со видео арт проекција, како и џез концерт кој треба да започне веднаш после официјалниот дел од промоцијата. така и беше, промоцијата помина одлично, публиката (во не толку голем број) задоволна од тоа што го виде и слушна како и медиумите кои се здобија со една информација повеќе. се надевам соработката со Бобан Богатиновски ќе продолжи и во иднина и струмичката публика ќе има повторно можност да се запознае со неговото творештво.



текстот во продолжение беше постиран после настанот на порталот на strumica.net, a го напиша прекрасната Тања Грошева. и' благодарам за тоа!

* * *

- Имаш ли идеја што можеме да правиме ние двајцата, а притоа добро да се чувствуваме? Михаил само се насмевна. Претпоставував дека помисли на неколку згодни девојки и добра забава.
- Мислиш на привремено задоволство. Постои привремено и постојано задоволство.
- Она привременото, привременото - се насмеав.
- Почна ли да се буди татковскиот нагон во тебе - прашав?
- Јас ќе имам деца во рајот.
- Како мислиш во рајот?
- Рајот ќе биде на земјата, не на небото.
- Ова мене ми звучи на утопија. Има работи од кои можеме да се откажеме и работи од кои не смееме да се откажеме - констатирав.
Што всушност очекував од Јеховините сведоци. Внимание, љубов?! Можеби едноставно уживав во нивното друштво. Да, тоа е вистинскиот одговор. Уживав во нивното друштво, посебно ако беа вешти во уметноста на конверзацијата.

Неизбежно е... ако зборуваме за едно маркантно дело што синоќа доживеа претставување и промоција пред струмичкиот аудиториум на читатели, да не го почувствуваме неговиот мирис и вкус барем од далеку, барем малку за да можеме да се доближиме подобро до духот и содржината кое го носи истото. Овие претходни редови или дијалог не се од мене туку така извадени, туку баш поради причината која ја веќе спомнав, подобро да се доближиме до книгата “Монотонија“ произлезена од интригантното перо на авторот Бобан Богатиновки.

Книгата “Монотонија“ со својот одраз во огледало претставува роман-исповед, роман кој го потврдува Бахтиновиот став дека во самопресметката - исповед е потребен друг судија, кој мора да заземе став кон ученикот, но и ученикот е оној што суди. Соочувањето со другиот како начин за пат до себе си е фатално за ликовите во книгата, како што пишува и во самиот поговор кон делото.



Книгата е издание на “Култура“, а нејзиното вистинско претставување синоќа пред струмичките љубители на убавиот збор беше овозможено секако од нејзиниот промотор, познатиот уметник Митко Гогов, каде на најсуптилен начин ја прикажа самата убавина на оваа книга гледајќи ја нејзе како книга за локалната култура, комуникацијата, за лажното препознавање, за идентитетот. Како паралели помеѓу малиот град, умот како целина, манастирот и неговите конаци како прибежиште од еден мал свет, во друг уште помал. Како желба да се пронајдат одговори кои ја кристализираат медитацијата на умот и раѓаат спокој во душата.

Всушност во еден дел од неговото целокупно исцрпно излагање читателот се фати како риба на мамка од јадица за да се појави желба оваа книга да биде следното негово книжевно уживање, и неизбежно е да го цитирам овој дел на промоторот Гогов:
“...И на Господ му е досадно“... така авторот се обедувa да ја оправда дефиницијата за колективната монотоност на нашето општество и тоа не индиректно, туку директно во конкретни разговори со луѓе од mainstream таборите на повеќето верски институции од државата.

Со оваа промоција која резултираше со голема заинтересираност, остана интригата дали најсилниот мотив на авторот Бобан Богатиновски е силниот христијански порив да преку монотонијата на баналните размисли за се', во се' и над се' да воведе драматургија која преку главниот лик гротесно ќе ја обликува судбината на луѓето кои херметички размислуваат?! Одговорот се наоѓа со вртењето од првата па се до последната страница на ова дело, а и дури и кога би го завршиле, дали би дознале?!

Очекувањата се ова дело да стане помеѓу најдобрите бестселери во државата. Веќе се наоѓа во потесниот круг или поконкретно кажано со помината прва селекција за “Роман на годината“ за избор на најдобар роман напишан на македонски јазик при конкурсот на “Утрински весник“. Како што ни се претстави и самиот автор “ова дело со стекнувањето на неговата зрелост го чека долга и голема иднина“, со досега соочената прифатеност и критика гордо би признале дека е во право.

Кој е всушност Бобан Богатиновски?!


Автор кој е роден 1971 г. во Куманово, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, што и самата негова природа зборува многу соочувајќи се со фактите дека автор е на многубројни издадени книги досега, поезија меѓу кои: “Луцидни халуцинации“, “Прекрасен ден за умирање“, “Светлината е посилна“, “Барајќи карпа за молитва“ како и на романите “Соба за разговор“, “Коцкар“ и последната – најновата, романот “Монотонија“. Воедно член е на Друштвото на писателите на Македонија. Објавувал во сите позначајни литературни списанија. Застапен е исто така во хронолошките прегледи на помладата македонска поезија и дел од неговата поезија е препеана и објавена на бугарски, романски, словенечки и англиски јазик.

Струмица е град кој има големо срце и уште поголема душа, и секогаш е добар домаќин и топло ги пречекува овие збиднувања. Што исто така беше случај и со претставување на ова дело – колку повеќе има претставување на вакви големи имиња и дела толку градот, а и живата материја во неа се храни со духовност. Честа на ова преставување ќе го искажат домаќините со уште еден краток пасус од самата книга, а тоа би било ова: “Ако посакувањето се случува во мислите, тука нема дело, нема грев, ниту докази за сторениот грев. Помислите имаат индивидуална димензија, се случуваат во нашата глава и се' уште на никој не му имаат наштетено“...


Bookmark and Share

.


edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...