.
.

.
.
..знам дека ќе ве збуни насловот и во сосема различна насока сте почнале да размислувате ако го имате отворено линкот со овој пост, но овде за алвата ќе напишам во еден позитивен контекст, како нешто иако од турско останатo. .. како благо, слатко уживање на кое ние македонците му се радуваме (барем јас) .. такво благо за македонската филмска понова историја се и филмовите кои ќе ги споменам во овој пост, а кои како алва ќе ги изедам штом ја имам првата прилика да ги погледнам.

.
.
Сакам да споменам на овој блог за овие неколку филмови кои периодов излегоа од фабриката за кинематографија на нашата мала државичка. Соништата полека се остваруваат како и мојата, суптилно да имам за што да пишувам на овој блог. Станува збор за три интернационални филма во кои на различен начин во светската филмска индустрија се пуштаат сигнали од од папокот на светот, или како повеќето милуваат да речат центарот, балканските држави како цело и различните временски интервали/ промени и животот сам по себе кој секое време со себе го носи, како и за еден филм кој денес успеавме за прв пат да го видиме преку нговиот trailer, а е во македонска продукција.

Најпрво да ги разделам како би можел за секој од нив да напишам по реченица две. Се мислам како би одел со редоследот, сепак мислам дека тоа не е важно, станува збор се надевам за одлични филмови.
.
.
.

:трето полувреме [The Third half]
.

Филм на режисерот Дарко Митревски,

историска драма базирана на вистинска приказна од 1942. неговата пемиера е најавена после излегувањето на првите кокичиња. На пролет очекуваме за прв пат на филмско платно да ја видиме Катарина Ивановска, иако мислам дека и претходо има снимено видео кое има некое чудно аванградно, сензуално сценарио. Може да го видите овде. Покрај Кате позади филмот стои јака екипа на актери меѓу кои Сашко Коцев, Раде Шербеџија, Митко С. Апостоловски, Тони Михајловски, Гораст Цветковски, а, е филм во кој се зборува за фудбалскиот клуб „Македонија“ кој успеал да влезе во финалето во лигата, тренерот Евреин, фашистички настроената Бугарија. .. раскажува за љубовната приказна на еврејката Ребека која го избегнала холокаустот и депортацијата на 7.200 македонски Евреи, меѓу кои и сите нејзини најблиски.
..ова е trailer-от, одлични сцени, костимографија, фотографија. .. се надевам ќе успеам да го гледам со време.
.


.

.
:како да ме нема [As if I am Not There ]

.
.

Странски филм ќе му дојде ова во режија на Хуанита Вилсон, ирско-македонска копродукција. Тој веќе сите го гледаа, но јас уште го немам гледано, па за тоа го ставам на оваа моја листа како филм за кој мислам дека е убав.ако не друго поради глумиците. ;)

Во филмот играат Наташа Петровиќ во главната улога, а меѓу другите кои стојат рамо до рамо со неа и Јелена Јованова, Николина Кујача, Звездана Ангеловска. .. симпатична екипа пред се, а уште една тема која иако банална, заради продукцијата која секој ден е се подобра, се надевам успешно е претставено тоа време, толку далечно од Нас и тема на која со која не би имале ладен однос, односно потресната приказна за војната во Босна и Херцеговина претставена преку ликот на една учителка. Нејзината приказна испомешана со животот во логор, тажниот обид за адаптација, храброста..

“Самира е 29-годишна учителка во едно село во Босна, благородна, паметна и убава. Eден пролетен ден во нејзината кујна влетува непоканет млад војник кој ќе и нареди да си ги спакува куферите со што нејзиниот дотогашен живот целосно се менува. Како што небото зад неа се помрачува од чадот од палењата на куќите, така Самира зачекорува во нов свет каде што мирот е мисловна именка и каде што наместо дом, постојат само логори: транзитен логор, приемен логор, работнички логор, логор на смртта. Овој филм ја портретира борбата на Самира за човечност, нејзината потрага по надежта за преживување сред трагедијата предизвикана од конфликтите на Балканот.

Како да ме нема е филм напишан според истоимената популарна книга на Славенка Дракулиќ, според вистинска приказна која е приказна за крајното насилство над човекот, но над се е приказна за надежта. Со дејствието сместено во Босна во 1998-та година, станува збор за моќен, трогателен и тажен филм за една неверојатна жена која се соочува со ужасите за време на војните на Балканот.”

.

.
.
.
:во земјата на крв и мед [In d land of blood and honey]

.
.


Ова е првиот режисерски потфат на позната глумица Анџелина Џоли, но причината поради која го споменувам е улогата на македонската глумица, младата и амбициозна Јелена Јованова, која освен што се појавува како споредна улога во претходниот филм `како да ме нема`, остварува успешна соработка и создавање на лик во филмот кој уште еднаш по трет пат, во овој пост е со фазон војна, страдање, тешко ни е, ќе (си) умре(в)ме. .. и целата листа на тие тажаленки и очајни емоции кои се производ на едно лошо време кое фала Богу не сакаме да се повтори, а полека полека сакаме да се повлече и од филмската индустрија, станува збор за како што кажав во насловот филмот `во земјата на крв и мед`.

Сепак мислам дека балканската филмска машинерија (исклучувајќи ја оваа) и тие прекрасни умови меѓу актерите и режисерите родени на просторов би можеле да понудат една друга тематика која доловува еден друг поразличен аспект кон тоа како е да се живее на Балканот. Факт е дека секојдневно во/ со Нас носиме стари рани, таква е и приказната во овој филм, на почетокот осудуван за тоа што сака д презентира една нова вистина, една нова приказна некому позната, некому не. Длабока, приказна која во текот на годините доживува различен развој, но во основа како главен мотив се води љубовта. Тематика од поново време, и случка блиска на сите Нас, војната од почетокот на деведесетите од минатиот век во БиХ. Љубов која се обидува да помине низ сте препреки, низ сите падови и да успее да остане онаква каква што и најпрво била. Се надевам Јелна одлично си ја завршила работата!
.


.
..и последниот филм за кој сакам да пишувам денес, е филмот чиј trailer се појави утрово, а е филм кој е склоп, сложувалка од десетици исечоци,парчиња, ежирани од различни млади и перспективни режисери во државата. Она што го видов всушност и ме инспирира како млад човек заслужно да ги споменам сите овиефилмови, настани/ новости за мене за кои сакам да бидам во тек и се надевам наскоро да ги гледам како би можел ако не друго да нафрлам неколку зборови, мислење (мое ично, субјективно) за тоа дали сепак сме на добар пат и време е да застанеме на позитивната страна и погледнеме позитивно на аботите кои следат.
.


:скопје ремикс [skopje remixed]
.
.

Станува збор за проект во продукција на Ново Македонско Видео, а склоп од работата на десет македонски режисери меѓу кои Борјан Зафировски, Даријан Пејовски, Огнен Димитровски, Срѓан Јаниќијевиќ, Ѓорче Ставрески, Саша Станишиќ, Вардан Тозија, Јане Алтипармаков, Синиша Евтимов & Бојан Трифуновски.
.
.

Милан Тоциновски, Софија Куновска, Јовица Михајловски, Дејан Лилиќ, Кирил Коруновски, Нина Деан, Сашко Костов и ред други се само дел од листата на извонредни актери кои се појавуваат во филмот. За разлика од сите претходно наброени филмови, овод кој денес најмногу промовира и развива посебно и поразлично сценарио кое фала Богу не зборува за војните ни од турско, ни од шпаксно, ни прва светска, вторта, треба, петта туку зборува за животот во скопје денес виден преку призмата на овие неколку режисери кои секој посебно го дожувиваат на посебен начин и на различен начин се изразуваат преку филмот како една од алатките за доловување на некоја човечка состојба, премин, случување. .. симбиоза на кратки исечоци од животот и настаните кои ги опкружуваат младите, уште еден рокенрол филм кој се надевам ќе засане рамо до рамо со оној рокерскиот од минатата година.

Преку една поразлична, потемна страна се обидуваат да презентираат пресек од последнава деценија и пол во која народот се полесно се соочува со фактот дека е полесно да се сее омраза, напнатост и непријатност и начинот да дојдеш до убави моменти во животот кои те прават позитивен и среќен се потешко. Се надевам ќе имам прилика да го гледам како би имал можност повеќе да пишувам. Погледнете го и последниот trailer.
.


.
Како за крај би споменал дека ова е една успешна и плодна површина за секој љубител на македонскиот филм, и секој од нас кој директно или индиректно имаат допирни точки со филмската уметност да одвојат малку време, внимание кое ете како го заслужуваат овие проекти. За некои од нив, наградите веќе зборуваат повеќе од тоа што би можеле ние да кажеме, но се надевам после премиерите на некои од нив, ќе имаме можност за посолидна вивисекција.

Убаво е само да се нагласи дека една таква нагорна линија во овој бизнис од поодамна не се почувствувала во државата и освен продукциите на манчевски многу ретко имавме прилика да видеме што тоа другите умеат да направат. Ако не повеќе посакувам барем уште по еден сериозен успешен филмски проект на листата на режисерите на последниов скопски ремикс. .. така би можеле и ние да застанеме цврсто пред балканска филмска сцена и би можеле да зборуваме реално со факти дека во македонија постои една сцена која знае, умее и покажува дека знае да се развива онака како што доликува.

Се надевам уживавте во trailer-ите!
:поздрав ~

.
.

edit post

0 Reply to ":македонските филмови и алвата"

  • Related Posts with Thumbnails

    facebOOk_ing IN.the bOOkface

    videos from dokufest, BYF & future shorts

    Loading...