Избор-хаику

Posted on 5:46 PM, under

Max Verhart, Holland (Holandija)


falling apple
the branch sweeps into
a new balance

(#1 Shiki Kukai, September, 2006)

pada jabuka –
grana se vraća
u novu ravnotežu

(Translation: Saša Važić)



паѓа јаболка-

гранката се враќа

во нова рамнотежа.

(превод:Митко Гогов )




Dubravko Korbus, Hrvatska (Croatia)



jesenje nebo
mušice ostale
bez lastavica


autumn sky
the gnats
without swallows

(Translation: Đurđa Vukelić Rožić)



есенско небо

комарците останаа

без ластовици.

(превод:Митко Гогов)





Adelaide B. Shaw, USA (SAD)

fresh eggs
in the winter hen house
warming my hands



sveža jaja
u hladnom kokošinjcu
greju mi ruke

(Translation: Saša Važić)



свежи јајца

во ладен кокошарник

ми ги топлат рацете

(превод:Митко Гогов)





Beate Conrad, USA (SAD)



spring rain
almost unnoticed
the beggar's tears


Prolećna kiša –
jedva primetne
suze prosjaka

(Translation: Saša Važić)



Пролетен дожд-

речиси незабележани

солзите на просјакот

(превод:Митко Гогов)





Petar Tchouhov, Bulgaria (Bugarska)

cold wind
an old woman steps closer
to the church

hladan vetar
starica se primiče
crkvi

(Translation: Saša Važić)

студен ветер

старица се доближува

до црквата

(превод:Митко Гогов)





Dušan M. Adski, Srbija (Serbia)

Dlan mi greje
topla njuška psa -
jutro u planini

my palm warmed
by a dog's snout -
mountain morning

(Translation: Saša Važić)



дланката ми ја топли

топлата муцка на кучето-

планинско утро

(превод:Митко Гогов)





Maria Tirenescu, Romania (Rumunija)



full of flowers
a wild rose near the river –
the moon alone...

puna cvetova
divlja ruža kraj reke –
usamljen mesec

(Translation: Saša Važić)



полно цвеќиња

дива ружа покрај реката-

осамена месечина

(превод:Митко Гогов)


edit post

REVOLuTion art!

Posted on 6:58 AM, under

This is something that I watch!
Its about one of the best ( for me ) street art painters. He do very good staff, who make the people thinking about some points of view. I like the video also that he made it, about optical illusion, and about believing in everything that we see. Respect and for the indoor art. For me not just only great street art painter but and perfect art artist.

Oва е уметникот кој ме замисли, ме инспирира и ми појасни некои ставови. Banksy е автор кој наведува на дадена промена, таргетира определена група од која бара конкретни промени. Се соочува директно со суровата реалност и јавно остава потпис врз своето дело. Неговите дела се големи и буквално и суптилно. Црта од душа, коректно, шегобијно, но еден од ретките кои направил разбранување на јавноста, после корегирањето на одредени простори. Се бори за промена ја јавното мислење, за соочување со болната реалност на манипулација на естаблишментот, за глупоста на малите луѓе итн.



When I was a kid I used to pray every night for a new bicycle.
Then I realised God doesn’t work that way, so I stole
one and prayed for forgiveness.
-Emo Philips














Bookmark and Share


edit post

Барака

Posted on 2:02 AM, under

Има еден документарен филм со истиот наслов. Како тренер за форум театар на еден семинар за хив/сида во Струга, имав можност да направам една игра во која учесниците ја испуштаа истата позитивна енергија, како во овој документарец. Идејата беше да се направи игра со која децата ќе се опуштат и меѓесебно ќе се запознаат. Најпрво требаше да движат брзо и да направат конфузија, после тоа требаше да одат во slow emotion (бавно), па требаше да скокаат, да викат, да одат на една нога. И сето тоа и уште многу други начини, за на моменти да седнуваат, да легнуваат по стомак, па по грб, за да имат време малку да здивнат и повторно да скокнат, да викнат ЕЈ и повторно да продолжат да се движат конфузно. Додека течеше играта, во умот ми помина сликата од докуметарниот филм и се се мислев како да ја внесам оваа сцена во практиката на ова што течеше во моментот. Им реков да седнат, на што не се мислеа многу, ни пак на тоа каде ќе седнат или до кого. Веќе беа подолго време испотени и среќни со насмевки на лицата, и кога им реков да седнат беа уште позадоволни. Ја играв и јас играта со нив. Седнаа, се издишаа, беа во блажена испотена состојба. Околу нас имаше многу енергија, горевме од топлина како да е средина на лето, а беше почеток на ноември. Ја чекаа наредната акција од мене. Реков: кренете ги рацете горе!
Веќе на сите им беа рацете горе. Ја добив сцената од филмот, само уште ми требаше звучна комуникација. Мелодијата е таа што уште толку ги спојува луѓето. Им реков да употребуваат согласки, ама тивко. Ја имав и мелодијата. Беше магично. Им благодарам на сите што учествуваа во оваа групна активност.



Bookmark and Share


edit post

МАНАКИ !?!...what was that?

Posted on 5:50 PM, under

Се мислев дали да напишам овде нешто за ова нешто што се вика Интернационален филмски фестивал Браќа Манаки , и подолго време не сакав да размислувам заради тоа што во суштина незнаев од каде да започнам и во кој контекст да зборувам.
Ама вака некако додека бев во Битола добив информацијадека можам да одам на филмовите и дека ќе добијам pass за сите филмови, на што изреагирав како мало дете кога му даваат БОМБОН. На отварањето неможев да одам затоа што се поклопуваше со некои од активностите на youth exchange-от, во стилот презентација на нашата држава на една од cultural event-ovite. А дојде директорот на организацијата од Битола и само ми направи да ми е криво кога ми кажа дека тој и неговата девојка (по потекло од Хрватска) ќе одат и можат да ме земат со нив со кола. Веќе бев готов да кажам ајде одиме затоа што и пред тоа на размената кажав дека морам да одам на отварање-задолжително.
Но презентацијата мораше да се направи, и не успеав да одам првата вечер. За втората вечер веќе беше по друго, завршив на време со активности, пуд под ноѓе и од Пелистер се спуштив во Битола на филм. Имаше народ кој разговараше таму, но не за филмовите туку за некаква политика. Видов еден пријател после подолго време и место вообичаениот муабет ( оооо кај си, како си, што има ), после неполна минута ми вика да донесам еден список ќе сакаш ли да се потпишеш. Го прашувам за што треба да се потпишам и тогаш ја разбрав политиката на сите овие луќе овде собрани на филмски фестивал.Целта на оваа петиција за која ми збореше мојот пријател беше да се врати фестивалот овде во Битола,а мене и баш не ми беше јасно како, заради тоа што филмот требаше да започне за некои десет минути, последователно на тој факт следува- фестивалот е тука од кај треба да се враќа. Аха, имало проекции и во Скопје на истата програма на фестивалот и скопската публика не била овде туку си го презела и присвоила фестивалот и стравот беше во тоа дека после неколку години вака и фестивалот целосно да се префрли во Скопје.
Реков ОК, дај го списокот ќе се потпишам и јас.
Некако нема смисла сите работи да се централизираат во метрополата Скопје кое може само да сонува да Биде Метропола. (барем избрал лош начин како да го постигне тоа). Помислив на театарскиот фестивал што го имаме во Струмица и на тоа да биде и тој во Скопје, макар што последниве неколку години мириса на корупција и перење пари. Не ми се допаѓаше идејата, иако во Битола процесот беше во тек.
Се потпишав.
Влегов во салата за проекции во домот на културата и имаше публика како за на кино не како за на фестивал. Ај можеби е до тоа што веќе е втор ден како да е претпоследен, па луќето не се преоптеретиле со тоа дека ќе поминат низ еден црвен тепих кој се наоѓаше на влезот. Ама се си имало причина. После некое време откако почна филмот почна да станува студено. Си викам ај само мене ми е дека сум на Пелистер и таму е ладно сега добивам flash, но и другите луѓе почнаа да шушкаат, да се преместуваат, по некое време почнаа и да си одат. Навистина беше студено во салата. На другиот ден си зедов ракија и подебела облека. Но не ми беше тоа поентата. Поентата ми беше како да има фестивал во ладна сала, како да има проекции и луѓето да седат концентрирани и да гледат филм кога постојано ти се ежи кожата и носот ти станува ладен. Факт: ако Битола сака да има фестивал треба да има и услови за реализирање на тој фестивал. Помислувам на тоа како било на отварање и ми доаѓа смешка за сите директори, бизнисмени и други како нив заедно со нивните женички кои после двеминути внатре сигурно сакале да си одат како прво заради нетемпературата во салата, и како второ заради шпанската серија која веќе им почнала дома.
Од таму почнува целото мое разглобување на проблемот наречен Манаки: Битола или Скопје. Никаде. Ако е вака подобро да не се срамиме.
На другиот ден немаше ни толку посетеност, но тоа е нормално сите паѓаат еден по еден. Мислам дека и јас ќе се разболам ако дојдам уште еднаш. Филмовите барем некои беа добри и некои ми беа непознати. По тоа се познава дека има фестивал. Но, кај се гостите на фестивалот, кај се режисерите, кај се глумците, фотографите. Нели за тоа служат фестивалите, по мое пртходно искуство. Можеби се лажам. Оваа е сигурно некој subcultural festival на кој авторите не доаѓаат затоа што се многу повлечени, авангардни и underground. Не е точно имаше и некои старци. Но имаше и студентска, експериментална и документарна програма, така пишуваше.
Третиод ден беше исто, но јас веќе си имав предпроекционен ритуал. Подебело палто, шал и ракија задолжително. Интересно е дека така умираат фестивалите во Македонија. На оние светли сцени од филмот кога се осветлува цела сала се завртуваш назад кон публиката и гледаш луѓе што можеш да ги изброиш на рацете и нозете, можеби и само на рацете. Вака и сатисфакцијата да останеш до крај не е јака, бар не како температурата во салата или посетеноста или gender balance - от. Или и девојќите беа маскирани како машки од премногу алишта врз нив.
Излегов да пијам пиво во кафе барот во Домот и имаше толку многу луѓе што личеа на филмаџии, дури му даваа посебен амбиент на целиот бар. Ама ако се такви би требало да бидат внатре на проекции, а не да ја филмуваат реалноста.
Ова не беше фестивал оваа година. Посакувам следната година битолчани да имаат вистински фестивал, и сите од Скопје што се сметаат за филмаџии да дојдат во Битола и да се чувствуваат како филмски гости. Па може и да си ја затоплат салата битолчани, па после да зборат за задржување на фестивалот кај нив, вака, еве јас го поканувам Манаки фестивалот да дојде во Струмица.
Бујрум!

edit post

автобуска приказна

Posted on 2:43 AM, under


Синоќа сум заспал некако неподготвен. Се разбудив утрово во четири, иако требаше половина час покасно. Телевизорот работеше како во моментото кога слушам вести, гласност висока и светлината како по времето после вестите на А1 телевизија. Заспав гледајќи филм на кој сега во моментот неможам ни да се сетам, а мислам дека нема да има потреба никогаш ни да мислам понапорно за да се сетам. Имаше уште десетина минути до четири кога ги отворив очите за прв пат, и инстиктивно со огромна мрза повторно ги затворив со идеја да продолжам да спијам, иако светлото во собата работеше и телевизорот исто така. Но, повторно ги отворив, и се сетив зошто овојпат мојата интуиција работи и нема да успеам да спијам повеќе. Имаше уште два часа да се подготвам за патувањето кое ми претстоеше, без разлика на тоа дека многу ми се спиеше, а имашe поминато само околу осум часа од претходното патување кога се вратив дома. Лежев уште малку во креветот, но нестрпливоста да станам и да се подготвам ме притисна и станав. Вообичаено подготвување. Извадив неколу користени маици од ранецот, блузите ги вратив и си помислив дали и овојпат да земам дебело зимско палто на почетокот на есента, но решив да не го земам со мене затоа што овојпат одев за Битола, а синоќа се вратив од Софија каде се разбира е малку постудено дури и во есен. Погледнав низ прозорецот да видам дали ќе патувам повторно по дожд и бев малку среќен кога видов дека времето е мирно и нема дожд. Не ми е пријатно кога сум натоварен со прилично голем ранец и уште еден помал, и згора на тоа и да врне. Ја разбудив мајка ми да ми свари кафе и да се испратиме. Го пиев кафето полека и размислував дали да тргнам пеш до автобуската станица или да си викнам такси. Погледнав во часовникот беше околу пет и неколку минути и решев да одам пешки и да се раздвижам малку и да се подготвам за седиштето во автобусот кое во последно време ми стана мојот втор “омилен” кревет. Пред да си го ставам ранецот на грбот се сетив дека треба да си ја земам новата паста од купатилото и да земам неколку стапчиња за чистење на уши. Се вратив во собата, го зедов мобилниот телефон и кога видов колку е часот, сфатив дека мојот нормален часовник доцни со околу петнаесет минути. Ја избрав втората опција како да стигнам до автобуска затоа што за првата веќе немав време. Се јавив на такси, повикав и остануваше да чекам да дојде. Овој ден го започнав доста конструктивно. Таксистот немаше пари да ми смени и застанавме на едно Tобако да си купам цигари и се разбира да ги сменам парите. Во исто време заедно со мене стигнаа и весниците, така решив освен цигари да си земам и весник и место да спијам да го поминам времето во автобусот во дознавање на настаните за денес уште рано наутро. На автобуската станица стигнав на време, си купив билет и имав време да испушам една цигара пред да тргнеме. Времето за една цигара се претвори во време за две така да испушив две цигари. Почна да се разденува кога тргнавме и ми се допаднаа боите на небото кои како да ја разбиваа ноќната темница и полека ја испраќаа месечина како срп, да оди на спиење. Не бевме ни излезени од Струмица кога веќе можеше нормално да се гледа без дополнителна светлина од престарите сијалици овде во автобусот. Го отворив весникот во кој имаше уште еден весник гратис и почнав полека да читам свесен дека ако не друго си најдов нешто да се занимавам и анимирам додека патувам. Решив овојпат да читам по ред, а не како секогаш само култура, иако не мислам дека политиката во нашава држава е толку занимлива за читателите. Сепак “претседателот” на нашава мала држава вчера беше на состанок во Америка, а и премиерот имаше некаков состанок со претставниците на политичките партии кои се во парламентот. Така си читав се додека не стигнав до Неготино каде имаше пауза од десет минути и немаше повеќе страници на весниците кои би можел да ги читам, освен оние за спорт што и не ми се баш занимливи. Се качивме во автобусот после паузата и решив да го отворам лап топот и да почнам да го пишувам ова како солуција место спиење. Германец убил дете од 11 месеци и тоа сопствено, не дека тој го родил, но негово било. Го нашле бебето на подот во станот избодено со нож, таткото сам се пријавил, а за мајката не пишуваше ништо. Се мислам зошто всушност ја малтретирал жена му да носи девет месеци дете во стомакот за после истото време за детето надвор со плус два месеца да му го земе животот. Подобро да не ја мачел ни жена му ни тој да се измачува. Можеби пак детето имало мана и не сакал да го мачи детето цел живот па сакал да му ги скрати маките со кои ќе се сооучувал и тој и неговото дете во текот на животот кој му претстоил на детето. Таква информација немаше. Или пак разбрал дека детето не е негово и дека жена му го изневерувала. Но, така пак не е криво тоа мало суштество за тоа ако треба некој да ја превземе вината тоа како прво се разбира треба да биде жена му,а како второ швалерот се разбира. Груевски во последно време само се маши да му каже нешто на претседателот не ми е јасно зошто не отиде директно во неговиот кабинет и не се реши ова еднаш за секогаш, како во крими детективските филмови. Да ја отвори вратата, да влезе и да му каже друже претседниче еве јас дојдов да ти кажам лично и персонално да си ги собереш парталите и да си одиш еднаш засекогаш од политичката сцена, затоа што ти презентираш лош естаблишмент. Па не е само кокаин и виски естаблишмент. Да го каже тоа и да стане да си оди задоволен ако не за тоа дека тој навистина ќе си оди за тоа што барем ќе си ги излечи комплексите како вмровец кој не ги сака есдеесовците. Политиката на моменти ме иритира до тој степен да не сакам воопшто да размислувам на тема политичари, политички маневри, падобранци. Како моше место политичари оваа држава да раѓа дегенерици чија животна желба им е да носат костими и луѓето да им должат пари. Нели политиката е измислена за да има рамноправност и луѓето да имаат еднакви возможности. Можеби и некој од младите перспективни политичари за десетина години ќе се сети за тоа, а можеби и ќе го примени. Па да нема луѓе кои даваат пари и луѓе кои должат пари, а да се мисли дека просечната плата е 17 500 денари, а луѓето работат за седум илјади и тоа со се парите за јадење на работа (хранарина). На политиката и нема крај како и на мизериите со кои се соочува сегашниот човек. Секогаш кога размислувам за политика ми е толку лошо што станувам експерт како и сите граѓани на Македонија затоа што поради тоа што немаат што да работат зборат само за политика и во текот на овие осумнаесет години имаат направено такви експертизи што можат на секое прашање да најдат одговор, и на секој проблем решение, ама само теоретски. Но, весникот немаше само политика за среќа. И црна хроника.Од утре почнува филмскиот фестивал Манаки во Битола. Супер. И јас сум во Битола. Ќе можам ако не повеќе да одам и да се видам со некои луѓе со кое се запознав во Косово на Докуфест. Фестивал исто така за филмови, но документарни. Ме изненади програмата на фестивалот Има играни, краткометражни, студентски. Се надевам нема да имам многу обврски со проектот поради кој одам за Битола и ќе го посветам моето време за филмската програма. Утре има и интересен перформанс во Скопје на настанот Бели ноќи, би сакал да можам да се поделам и да присуствувам на двете т.е. трите работи во исто време. Криво ми е на моменти дека на сум на програмата на Бели ноќи оваа година, иако можев да бидам со некаков перформанс или што нема да можам да сум на Манаки филмфестот постојано па макар и да работев нешто како и на некои други филмски фестивали. Можеби следната година. Ми исцезнаа повеќе од настаните кои ги прочитав, а баш уште некои од нив сакав да ги искоментирам. Уште сум во автобусот, до Битола има уште еден саат патување. Но мозокот ми се презасити со активности ова утро и сакам да оставам уште малку батерија на машината на која пишувам за да можам да си проверам mail кога ќе стигнам за ако евентуално има потреба да се координирам за младинската работа што треба да ја работам во текот на овие неколку дена. А и автобусот доста тресе така да ја завршувам оваа автобуска приказна во автобусот каде всушност и ја започнав.

edit post

DOKUFEST 2008

Posted on 7:12 PM, under



Пред некој ден дојдов за првпат во северозападниот нов сосед Косово по отворената покана од пријатели од Призрен да присуствувам на седмото издание на фестивалот за документарни филмофи dokufest. Пристигнав на време за отварањето на фестивалот на кое збор зеде и премиерот на Република Косово Хасим Тачи мислам. Ми беше интересно да го видам на некои пет метра од мене затоа што до тогаш го имав гледано само на euronews и на националните телевизии, а за него имав впечаток дека е добар политичар кој успеа од Косово да направи држава и тоа го гледам како резултат сега. Само што заврши официјалниот дел од отварањето на фестивалот почна проекцијаа на првиот филм кој беше идеален за отварање на еден ваков голем фестивал. Филмот баш документарен и баш сериозно направен, а еден од карактерите во филмот Nora Jones, приватно зборува за некој нејзин другар што е главен лик во документарецот и преживува мозочен слом или нешто такво. Заврши филмот и отидовме во еден клуб каде требаше да се одржи забавата за сите гости на фестивалот. Пијана забава.
Другиот ден утринско кафе пред клубот Deep што за мене е одлична идеја затоа што сите учесници се појавуваат тука и се обидуваат да направат мрежа на комуникација, што во принцип и не е толко тешко. Кога се работи за луге што се занимаваат со филм и филска уметност комуникацијата не претставува проблем. (незнам о што е работата дали во сонцето, музиката, кафето, водата или...)
Кафето и не само утринско туку и попладневно завршува со тоа што јас отидов да гледам некои филмови и успеав да видам пет од оние што се на програмата преку ден. Некои од филмовите беа доста добри.
Вечета на програмата имаше многу добар видео перформанс (да појаснам: црно-бел филм без текст т.е. со малку текст и музика која двајца браќа близнаци ја правеа во живо). Филмот беше навистина добар, главниот протагонист извонредно актерско мајсторство, а музиката на моменти правеше луѓето да произведуваат индивидуални халуцинации. Едно момче од публиката некаде на половина филм дојде и ми призна дека имал халуцинации од музиката и од филмот.Незнам дали да му верувам, јас немав.
Забава пред Deep повторно. Повторно пијано, лудо незаборавно.
Трет ден. Утринско кафе И КОКА КОЛА повторно на истото место. Пријатели од Хрватска кои спијат во хотелот каде што спијам и јас ме придружуваат. Забавни луге. Се обидуваме да смислиме некоја активност која би можеле да ја спроведеме. Решение - еко акција по рекаа во Призрен од таму кај што почнува доку кампот се до влезот во Призрен.
Јас не отидов, мислам дека е доволно тоа што учествував во креирањето на целата активност. Бев повторно на проекција на филм кој требаше да биде добар , а мене лични не ми остави некој впечаток. Имаше еден карактер кој се обидуваше да се излечи од болест на зависност или од зависност од КОКАИН. Ем му одеше тешко ем и не е лесно да се излечиш. Плус и да успееш добро да го прикажеш тоа на платно - филмско. Можеби не ми се допадна затоа што не успеав да го загледам филмот од почеток, туку некаде од половина почнав да го гледам. Програмата на фестивалот е доста глема и збиена и секогаш е тешко да одлучиш во кој простор да одиш и кој од филмовите на програмата да ги гледаш. Wall as a Screen беше следното нешто што го посетив на програмата. Идејата на овие проекции беше да се проектираат седум филмови на седум разлишни локации во градот и така да се запознае и градот како и да се направи целина од сите филмови. Ми се допадна брзината и умешноста на тимот за саат и триесет минути да го просетаме половина Призрен и на најчудните и најтемни места да ги изгледаме проекциите. Пред Deep again обид за drum & bass забава ама и не толку успешна иако имаше луѓе повеќе од вообичаено. Полека полека забавата повторно стана луда и незаборавна. И пијана секако.
Макијато и кока кола и на четвртото утро пред Deep. Запознав некој режисер од Албанија кој има интернационален документарен филм, се договоривме да добијам копија од неговиот филм да можам да го гледам и да дискутираме по прашањето на неговиот филм.





edit post

Прошетка

Posted on 7:01 PM, under


Во периодот додека во посета на младинскиот центар Акција и Различност каде што работам како проект координатор беа три Американски студентки кои требаше да работат на десет дневен проект со роми ( кои на крај излегоа дека се турци ), бевме во посета на едната куќа домаќин (host family) на едната од девојќите- Alex. Додека една од девојќите беше сместена кај мене, другата кај една фамилија од мојот град, Алекс требаше да биде сместена кај некоја од ромско - турските фамилии кои всушност и беа целна група за овој проект.
Еден ден после официјалното завршување на работните обврски кои ги имаа девојќите ( работа во групи со деца од турска националност), Алекс ни кажа дека имаме покана да ја посетиме нејзината фамилија и да пиеме кафе. На ова сите одговоривме потврдно и заедно со децата од групата тргнавме кон нивното маало. Прошетката беше забавна затоа што сите оние делови од градот кои досега ми беа познати, дури и премногу сега за прв пат ги гледав како непознати и со одговорите што ги давав на американките повторно ми се отвараа, и на моменти се чувствував исто како странците што беа во нашата група. Освен американките во посета на мојот дом беше и еден мој пријател Бас (Бастијан), кој го запознав додека бев на еден младински фестивал во Република Бугарија, а дојде од Холандија и ме посети како дел од неговата предвидена турнеја низ југоисточна Европа. Сите заедно како една весела група полека стигнувавме кон местото каде што требаше да го испиеме нашето попладневно кафе. По пат не застануваа и не прашавуваа од каде сте, што правите овде, каде одите, сите деца и млади од Турска националност кои живеат во делот од градот каде одевме. Моментите ги искористивме за да ги запознаеме нивните манири, начинот на живеење, како и односот што го воспоставуваат со нас. Кога сакавме да направиме фотографии од нивното место и од нив тие како професионални модели позираа и беа најсреќни на свет дека некој им посветува внимание. Поради тоа што децата со кои работевме во центарот беа навистина познати во нивното маало колку повеќе се наближувавме кон куќата каде што беше Алекс толку повеќе бројот на деца што не придружуваат се зголемуваше. На крајот на нашата прошетка стигнавме до куќата на Алекс каде бабата која беше домаќин не пречека со раширени раце, не покани да влеземе и ни даде на знаење дека е премногу среќна што има шанса да ги запознае сите што во моментот се околу Алекс затоа што ја прифатила како вистинска ќерка каква што нема, а има тројца синови кои живеат во Германија. Куќата гром, најпрво помислив дека или живеат повеќе од дваесет луѓе таму т.е. цела фамилија или пак е станбена зграда. На крај излезе дека во куќата живее само бабата, а ја изградил нејзиниот сопруг во периодот додека живееле уште во Германија. Но откако тој починал и нејзините деца уште живеат во Германија, таа сама живее во таа огромна и целосно средена куќа. Стануваше збор за една навистина добра жена, домаќинка која сите работи поврзани со неа и нејзината фамилија ги држеше под контрола. Сите седнавме во дворот на нејзината куќа и нејзините внуци не послужија со секакви слатки, сок и се разбира турско кафе. Турското кафе и навистина беше такво, мало и многу јако, баш како што го пијат турците додека ние го правиме не толку јако и пиеме по повеќе. После пријатната попладневна прошетка и гостито кај бабата Јаша ако не се лажам (или можеби јаша на турски знаши баба), ја оставивме Алекс во пријатната атмосфера на нејзина фамилија домаќин да завршат со вечерата, а јас со моите гости Бас, Изабел- мојата home sister (девојката што спиеше кај мене) и Ленче колешката која беше одговорна за овој проект отидовме кај мене затоа што беше време за вечера за сите. Така се заврши пријатната прошетка која траеше и траеше ако не повеќе - цел ден.


Ако сакате да видете повеќе фотографии од прошетката од тој ден посетете:
http://picasaweb.google.com/basgras/RomaNeighbourhoodStrumica
http://www.facebook.com/inbox/#/album.php?aid=48201&id=692212789



edit post

Tiny Noise Festival

Posted on 3:41 PM, under


Пред некое време се случи Tiny Noise Festival во театар Центар во Скопје.
Како дел од артистите кои настапија , настапив и јас со мој експериментален Dj сет. Пуштав музика некаде околу час и триесет минути. интересно беше тоа што на почетокот на мојот сет дојде еден од одговорните во театарот Центар и ми кажа дека нешто не е ОК со звукот и се обидов да му кажам дека според мене се е во ред. Но во следниот момент тој веќе го имаше извадено пинот за звукот од мојот лап топ и веќе музиката не се слушаше. Во овој момент незнаев што да правам - дали да седам (стојам) до овој човек и да го слушам дали требало ова вака или онака или да станам и да се вратам на масата на која седев пред да почнам. Ја искористив втората опција и си седнав на масата на која ме придружуваа Ивана, Марјан и Жане.
Пиев пиво и на моменти мислев дека ми е сеедно дали ќе продолжам да пуштам музика или после измислениот технички проблем ќе се вратам и ќе го завршам мојот сет. Дојде Kyd организаторката на овој фестивал и ми рече дека типот и пред тоа на пробите го правел истото и ми рече да не се нервирам туку да оставам некое време "као" да го среди проблемот и да се вратам и да продолжам да пуштам музика. Така и направив после десетина минути се беше во ред се вратив на големата сцена која е предвидена за изведба на театарски претстави, а не за диџејски настапи и го завршив сетот. Освен мене настапија уште неколку артисти меѓу кои Kyd & ////, Justice... Повеќе за line up-от може да се види на www.tinynoise.com , a има и некои фотографии на picasaweb/Not That Kyd.
Како и да е во суштина имаше добар настан и останатите артисти беа добри и се ќе се завршеше добро ако не се појавеше полицијата и не ја заврши журката околу 11:30 часот што значи половина час порано од предвиденото.

edit post

Будно Битисување

Posted on 5:28 PM, under

Како прво, ова место континуирано ќе го користам како архива за работите и нештата кои се поврзани директнo или индиректно со мене.
Ќе се обидам да се следам во се она што мене ме исполнува, и на моменти ми дава насоки по кои треба да се држам.
толку за почеток...
можеби и ќе го избришам ова после некое време
поздрав за сите што ќе ме следат!

edit post
Related Posts with Thumbnails

facebOOk_ing IN.the bOOkface

videos from dokufest, BYF & future shorts

Loading...