Внатрешниот мир како избор
Posted on 10:46 PM, under вибрација, внимание, духовност, живот, мир, мотивација, реализација, спокој
Posted on 10:46 PM, under вибрација, внимание, духовност, живот, мир, мотивација, реализација, спокој

Posted on 11:53 PM, under cinema, cinematography, documentary, documentary movie, film, future, motion, photography, picture, video, Wim Wenders, роом 666

Случајно налетав вечерва на овој култен филм или како што сака авторот да го нарече видео. Овој документарен филм прв пат го гледав во времето на видео рекордерите, на VHS касета. .. или уште бев во основно или некаде почетокот на средно. Чувството да го имаш овој филм во раце тогаш беше уникатно. Знаевме дека станува збор за филм во кој се појавуваат неколку важни режисери за тоа време, но и од денешна временска дистанца некои од нив сеуште важат како елитни филмски работници кои придонеле многу за филмската индустрија. А зборуваат за иднината која токму тогаш ние ја имавме во нашите раце, а за нив во тогашно време сеуше беше иднината која тие очекуваа да се развие. Да, видео касетите имаа експанзија во раните 90ти, а нивната употреба беше примарна неколку декади во филмската и телевизиската индустрија.
Режисерот Вим Вендерс со ова видео се одидува да и ги долови на публиката авторите кои невидливо стојат позади камерите, нивните размисли и начинот на кој создаваат приказни. Ги прашува за тоа што тие мислат за филмот, за неговата иднина, за естетиката која сите тие како автори ја носат. Начинот и техниката на снимање, изборот на сторијата, пристапот во снимањето, техниката што ја користат и која секојдневно се развива. Потребата за нивна адаптација во сите тие идни начини и форми во кои би можел да се движи развојот. Индустриско кино наспроти артистичкиот, уметнички видео израз..
Posted on 1:50 PM, under автобиографија, железничка, настан, Скопје, станица, читање

Posted on 9:35 PM, under activism poetry, birthday, contemporary, James Joyce, literature, love, novel, postmodern, respect, поезија, почит, роденден, Џејмс Џојс
.
:Денес замина на другиот свет една голема поетеса, Wislawa Szymborska, нобеловец, писател, поет, есеист. .. за неа веќе споделив на другите социјални платформи. Овде сакам да споменам за некој кој на денешен ден пред многу години (или поточно 130) се родил. Познатиот култен, ирски писател.. лидер на современата литература, (пос)модернистот Џејмс Џојс.
.
Џемс Џојс (2 февруари 1882 - 13 јануари 1941) бил ирски писател и често е сметан за еден од најпознатите личности во светската како и во англиската литература. Најпознат е по неговото дело „Улис“ и по контраверзното дело „Будењето на Финеганови“. Исто така Џејмс Џојс е доста познат и по колекцијата на раскази „Даблинци“, приказни што го претставуваат животот во Даблин. Се смета за родоначелник и втемелувач на модерниот прозен и експериментален пристап, познат под името „состојба на свеста“. Портрет на младиот уметник е автобиографски роман, во кој за првпат ја употребил техниката „струја на свеста“, а целосна примена на оваа техника наоѓаме во неговото централно дело Уликс. Во Будењето на Финеганови го прикажува текот на свеста во сон. Со своите дела Џемс Џојс извршил големо влијание врз светската книжевност. [од mk.wikipedia]
Иако на светот е познат по прозното творештво, би сакал да нагласам дека освен контроверзните книги за кои сеуште има расправии поврзани со авторските права, тој бил и одличен поет. Не за џабе потсвеста си заиграла со него, па кога го стигнала формата на изразување едноставно не била важна. Поседувал извонреден раскажувачки талент кој сеуште плени млади автори, почетници како и искусни пишувачи. Неговата структура е дефиниција за квалитетно пишување, начинот на кој ги соголува приказните е метафизика на постоењето. Да дишеш со неговиот ум, да живееш внатре во неговите книги е уникатно чувство кое малкумина го поседуваат.
Нема да пишувам долги реферати, мислења. .. можеби некогаш ќе обработам некоја од неговите книги, од оние кои сум ги прочитал и го промениле мојот колосек, концепт и начин на размислување. Сега засега тоа е тоа – среќен РОДЕНден г-дине Џојс, Џејмс Џојс!
.
ова е една сликичка, цртеж на јапонска хартија, портрет на великанот направен од некој од луѓето кои ги следам на tumblr. информацијата одеше некако вака :::ink on Japan _by #bblacha освен што ги избришав димензиите за кои сум сигурен дека беа мали. .. хартија, лиФче. освен сликичето ќе споделам еден од моите поомилени воодопади, песна од господинот кој знае, умее како со зборовите. will u come to read with me? - извини дека е на англиски, ама тоа е! see ya ~
.
All day I hear the noise of waters
Making moan,
Sad as the sea-bird is when, going
Forth alone,
He hears the winds cry to the water's
Monotone.
The grey winds, the cold winds are blowing
Where I go.
I hear the noise of many waters
Far below.
All day, all night, I hear them flowing
To and fro.
Posted on 1:31 AM, under boy, Hare Krishna, Krishna, milk, old school, Paulo Coelho, story, дете, Кришна, Пауло Коељо, приказна, шума
..и не дека има нешто општо статусот со ова што следува и е поврзано со познатиот светски писател, комерцијален за многу, за многу повеќе еден од најчитаните . .. за мене како еден почитуван виртуелен пријател кој е скромен да врати на некои конструктивни прашања кои повлекуваат дебата и длабока размисла. *.. и ми се допаѓаат овие негови фори, ова е нешто за една минута, ова е нешто за пола минута. .. две минути читање и тн. Што е поентата?! – овој пат ќе преведам една приказна која од колено на колено се прераскажува, но сепак е дел и од старите списи на источните култури, Ведите. .. приказната:
"Ние немаме пари, синко. Запрашај го твојот Брат Кришна да ти даде подарок."
Меша Селимович е роден 26 Април 1910 година во Тузла. Во родниот град завршува основно и гимназија. 1920 се запишува на студиската група за српскохрватски јазик и југословенска кижевност на филозофскиот факултет при универзитетот во Белград. Дипломира 1934, работи како професор, за време на војната бил затворен, политички комесар, уметнички директор на Босна Филм, директор на Народниот Театар, главен уредник на неколку списанија како и редовен и почестен член на Српската кадемија за Науки и Уметности.Posted on 8:12 PM, under 2011, art, director, insdustry, movie, premiere, production, progress, projection, review, избор, Македонија, продукција, проекција, филм

.
Филм на режисерот Дарко Митревски,
Странски филм ќе му дојде ова во режија на Хуанита Вилсон, ирско-македонска копродукција. Тој веќе сите го гледаа, но јас уште го немам гледано, па за тоа го ставам на оваа моја листа како филм за кој мислам дека е убав.ако не друго поради глумиците. ;)
Ова е првиот режисерски потфат на позната глумица Анџелина Џоли, но причината поради која го споменувам е улогата на македонската глумица, младата и амбициозна Јелена Јованова, која освен што се појавува како споредна улога во претходниот филм `како да ме нема`, остварува успешна соработка и создавање на лик во филмот кој уште еднаш по трет пат, во овој пост е со фазон војна, страдање, тешко ни е, ќе (си) умре(в)ме. .. и целата листа на тие тажаленки и очајни емоции кои се производ на едно лошо време кое фала Богу не сакаме да се повтори, а полека полека сакаме да се повлече и од филмската индустрија, станува збор за како што кажав во насловот филмот `во земјата на крв и мед`.
.
www.TOGETHER NETWORK.eu
Copyright 2008, colorful portal. Bloggerized by Falcon Hive.com. A Internet marketing design, made free by California health insurance. Distributed by Deluxe Templates